Горан Бреговиќ

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
од имитирање на Џими Пејџ код ајдучке чешме во 1970тите, до денешно ниво ... имењакот мој многу почна да шпарта.

Му вели Штулиќчќ на Брега: (откако Џони здогледал некое конче што висело под масата на балконот кај што седеле) : Дај Горане, ајде, обеси се!

Овај, не го послушал. Згрешил!
 
Признание од Лондон

Брега најдобар во свет!

2A829F65721F64488B70759DD9F823FD.jpg
Српските весници пишуваат дека легендарниот водач на Бијело дугме, и актуелниот шеф на Оркестарот за свадби и погреби – Горан Бреговиќ се закити со признание – Најдобар world музичар, според изборот на лондонскиот магазин Songlines.

Номинацијата за оваа категорија Бреговиќ наводно ја добил од читателите, а по оценка од жирито се најде на првото место. Наградата ќе ја преземе на 18-ти јули, на џез-фестивалот во Ница. Победниците во категориите ќе бидат претставени на радио BBC, а ќе се најдат и на заедничка компилација.

Неговиот се уште актуелен албум Алкохол – Шљивовица и Шампањац освои добри оценки од светската критика.

Магазинот Songlines пред три години го промовираше албумот Тарпош на Биљана Крстиќ и Бистрик, а нивните пофалби за албумите дос ега добиле и Шабан Бајрамовиќ, Љиљана Петровиќ, како и актуелните имиња од светската сцена: Maну Чао, Наташа Атлас, Мариза...
 
Брега има талент дефинитивно! Додека беше дел од Бијело Дугме, неговата музиката имаше и трета димензија; сега е сведен на чиста комерцијала.
Во моментов најголем талент му е да „продаде“ музика. Песната за евровизија е најблаго кажано катаклизма на неговото творештво: текст- повеќе од хорор, звук- веќе видено... Што е најтрагично уште му поминува истиот филм! Дури мислам дека има шанси и добро да помине на Евровизија.
Како и да е, не сакам кога некој со години продава една иста приказна и мелос а во позадина нема ништо освен комерција.
Според мене е истрошен музичар кој квалитетот го оставил години наназад...
 
Шабан над шабаните. Плагијатор над плагијаторите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom