Google е бог!

  • Креатор на темата Креатор на темата Justice for All
  • Време на започнување Време на започнување
Ја до сеа само Гугл си користам
Не е лошо:)
 
Ајдеее, луда работа.

Луѓето ептен немаат друга работа.

Ај браво за сајтот, што да им речам...
 
Проcти им Google, незнаат што зборат.
 
Google религија :)

Пред неколку дена прочитав дека настанала нова религија...
Ова го прочитав на www.sekojden.com.mk

па еве што пишува:

Обожавателите на Google веруваат дека пребарувачот е бог и оформија нова религија - Googlism
20081225132052.jpg

„Гуглистите“ објавија 10 докази т.е 10 заповеди за постоењето на нивниот Google бог.
Едни од најзначајните заповеди до кои верниците мора да се придржуваат се: „Не го користи името на Google за друг интернет пребарувач“ и „Немој да правиш грешки кога се обраќаш на богот т.е пребарувачот“.
Гуглистите се откажаа од останатите религии и побараа од јавноста да не бидат обележани како секта.
- Не веруваме во натприродните богови, бидејќи нивното постоење не е докажано, соопшти црквата која ја оформија гуглистите.
Останатите заповеди на новата религија кои ги објавија гуглистите се: „Google е најважен за постоење на интернетот, а во него има 9,5 милиони веб сајтови“,
„Google е присутен насекаде и секогаш ни одговара на молитвите, ако пробате нешто да најдете тој за 0,24 секунди ќе ви го даде одговорот“.
Потоа следат: „Нашиот бог е бесмртен и бесконечен“,
„Google може сè да запамети и никогаш нема да те накодоши“, како и
„Докажано е дека нашиот бог постои за разлика од останатите богови од другите религии“, пишува на службената страна на црквата.
Како и секоја религија така и „Googlism“ има свој празник. Верниците го слават 14 септември како ден кога е воспоставена религијата.


Кога го прочитав ова не можев да се воздржам а да не се насмејам...и се уште не ми се верува...

Какви се вашите мислења за ова (што според мене е чиста глупост)?

Кој човек беше па да смисли нова религија за интернет пребарувач?


http://www.sekojden.com.mk
 
Конечно религија со бог во кој реално е разумно да се верува.

Кај можам да се зачленам? :back:
 
Ова е само одличен маркетиншки трик на Гугл.
Коментирајте го,тоа и е фората :/
 
Па да ти кажам право поише веруем у гугл него у богови :) Еве сеа на гугл ќе си побарам некое мрсно трешче :back:
 
Се лечи ова со едноставна терапија... прекин на струјата.
 
А на богот Гугл, кога ќе му подигнат лик? :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom