Голф 6

  • Креатор на темата Креатор на темата krembil0tina
  • Време на започнување Време на започнување
Абе можеби тебе ти изгледа смешно, ама 307-ката (да не ја споменувам 308-ката) е далеку подобра од VW дизајнот за 5 и 6 моделите. За моторите не се секирај. И тој 1.4 И од голф со 70 кс не е нешто којзнае што.

За Бравото... Бар има дизајн и стил. Која е разликата измеѓу 4, 5 и 6? Минимални измени на предниот дел. Незабележително. Некој што не е по коливе може да не ги разликува. А и италјанецот не е толку лош колку што го прават, мене искрено многу ми се бендиса. (линеата е фамилијарна верзија)

За Астрата... Сум возел, и вожњата ме бендиса. Стварно е тврда, да, ама има и добар конфорт. А и моторите бензинците еко тек се доста добри. Да не споредуваме OPC верзијата која е поевтина од GTI на голф (ипак респект за VW)

За фокус... Оти викаш дека се трошаџии? Си пробал? Или има некој близок твој...
 
Смешно ми беше што ја спомна Линеата...:pos2::pos2:

Си се фатил за дизајнот ко слепиот за стапот.

Пежо вадат модели со стварно добар и современ дизајн, но каде е квалитетот на моторите. Единствено се има покажано 1.6 ХДИ, но ни тој не се споредува со 1.9тди на Фолксваген, а јас имам слушано многу поплаки за 1.4 односно многу кварови.

Бравото има стил, има дизајн, по тоа и се познати италијанците, но да го споредиш 1.4 на бравото и на голфот по 5,6 години,не повеќе, повели ќе правиме муабет.

Голфот како што кажав не е правен со цел да се вртат по тебе кога ќе поминеш по улица. Ако тоа ти прави мерак тогаш Голфот не е за тебе во никаков случај. Конзервативен дизајн е она по што оваа кола е посебна и се разликува од
џганот.:helou:

Опел е исто супер марка, вади топ модели, мотори, не се жалеле луѓе на Астрата, тука игра улога меракот што го имаш, желбата и финансиите. Астрата е каде каде поефтина од Голф а добиваш скоро исто, но за некој филингот не е ист во Голф и Астра.

За Фокус сум слушал, и читал по форуми дека 1.4 бензинецот троши понекогаш и 12 во град. Ај да е еднаш па да кажеш гласини се, но сум слушнал повеќе пати.:kesa:

Голфот бил и секогаш ќе остане крал на својата "Голф класа ".
 
Голфот не е ништо повеќе од преценета (и тоа премногу) кола.
Крембилотина, извини вака, ама тресеш зелени...многу!
Очигледно не си видел, ни си возел коли...
 
Извинето...:smir:

Само ако може да ми посочиш што од тоа што го кажав не е вистина.
Вистина е дека не сум возел многу, но сум читал многу и сум слушал...многу, имам очи да видам што сеуште се вози, што старо не се вози. Имам свој вкус во кој ни ти ни никој друг не може да ми се меша и да ми каже било што.

Сум прочитал негде дека имш Цитроен. Не се лути ама Ц4 е автомобил од компакт класата со најкастрофален квалитет. Тетин ми се кае што го купи, ја продава колата, другар има, секоја недела искача нешто ново и оди на сервис каде што го одраа.Немој да ми кажеш само за ова дека не е вистина.

Како постар го почитувам твоето мислење и се надевам ќе ми одговориш тоа што те прашав.
 
Си утнал малку... Струмикс има Ксара.

Без разлика на твојот вкус, ете зошто не се буниме за 3-тата генерација? Имаше квалитет, имаше изглед, беше различен од претходникот. Со 4-тата генерација направија фејслифт на 3-ката и тука застанаа. Тоа им е голем проблем. Исто со 5-тата, а и најавената 6-ка.

А за италјаните и бравото.... Сеуште се наоѓааат фијат 1300 како од фабрика извадени. Има и голфови 3-ки и 4-ки кои се изгниени до срж. Не е толку до квалитетот колку до одржувањето. И Ферари ке скапи од солта по нашите патишта. Така да за тоа кој колку си ја одржува колата толку ке ја вози.

Моторите на голф... Печките на нафта (ТДИ) се ок, и се горе долу во иста класа со ХДИ верзијата на Пежо. Види ја верзијата 2.2 ХДИ што се вградува во 407. Најдобриот дизелаш, со најмала емисија на ЦО2 воопшто. Незнам дали е достапна за 308??? За бензин, фси се подобри од пежо.
 
VW_Golf_6_4door_h.jpg

2010-golf6.jpg

VWgolf-MK6-2c.jpg

да ти кажам право не е лош
здравје кога ке има голф 22ка ке го купам овој
 
На почетокот од темата ги има официјалните слики.

Струмикс се налути малку зашто реков дека француските марки се катастрофа, бар денес, а он има Цитроен.

Тие печки, што ги викате, имаат огромен рок на траење и тоа е тоа.

Јас чекам Струмикс да наведе што од тоа што го напишав е без врска освен можеби што претерав малку со Фиат, но отприлика така стојат работите.

Голфот бил преценет, тоа го кажуваат најчесто оние кои не можат да си го дозволат, но не сите, ете гледаме доста се вози и Хонда Цивик која е поскапа дури и од Голфот.

Да не се караме без врска, темата е за Голф 6, кој што дознава ново нека постира тука ќе забегаме ептен ОТ.


Едит: Заборавив да напоменам дека ова е всушност еден вид на фејслифт, Фолксваген планираат нов Голф за 3 години. Барем така ми кажаа во Порше Скопје.
 
Еднаш се имам само возено у голф и тоа никад више некако многу лито е ветер коа не дувна од страна мислам дека ќе полетавме.Сеа не знам ама некако не ме привлекуваат голфовите плус се преценети старно.:tapp:
 
Дизел машините на Голф врска немаат, барем татко ми во фирма има 2 шкоди фелиции пик ап 1,9 СДИ(2000год.) и троши уље по упатството 1литар на 1000км мислам не сум баш сигурен али треба да натура и се е нормално тоа. Додека иаме фамилијарна Лагуна 2.2 ДТИ 1996 год и не троши ни капка уље одкога е купена. А да не спомнувам дека и моторот на шкодата кој е ист со тој на голфот е премногу бучен. И да додадам пред 1 година во Ауто Клуб(хрватското) имаше Хард Тест на голф 5 2.0ТДИ на 200 000км и на 90 000 му го заменија моторот затоа што испушташе уље од блокот а и имаше некој проблеми со мењачот. Толку од супериорниот квалитет на Голфовите. Не викам дека се неквалитетни али и нив им се случуваат истите ствари како и на другите коли. Само кога ќе се случи на голфот тогаш е случајност или реткост додека ако се случи на пежо или некоја друга тогаш тоа е постојан неквалитет дека се лоши... Сите коли ќе ти траат толку колку што ќе ги одржуваш и пазиш.
 
Дека е крал на автомобилите, не е ама ...
Голф е кралот на класата. И ден денес за компакт класа се вика Голф класа.
... а за тие што не го земаат и беспари да им се дава - резултат или на комплекси или само пусто јадење трици за недостижното.:kesa::tapp:
Недостижно? Абе ајде...не дека се курчам нешто, можам сега да се опнам и еден поскромен Пасат...ама ајде...постојат многу коли во светов кои не се викаат Голф, т.е. Волксваген, ама имаат многу повеќе традиција, софистицираност, и најбитно од се - душа.
Очекував вакво нешто.

Фиат Линеа:pos2::pos2:

Пежо 307 - знам три случи, да се купи 307 на ново и во првиот месец да се враќа во салон поради проблеми со моторот и тоа не ситни проблеми. Денешен француски квалитет.:tapp: Единствена предност е француската амортизација која е супер за нашиве патишта.

Форд Фокус - премногу тром мотор (зборувам за 1.4 за него се фати за цената), згора на се троши ненормално многу во градски услови.

Фиат Браво - неспоредлив квалитет на Фиат и Фолксваген, барем денес, гледам некои се занимаваат со историја и слично. Зборуваме за денес.

Опел Астра - супер кола, супер цена, маана - дури потврда вожња и од Голфот.

Мазда 3 и Тојота Аурис му се можеби единствените конкуренти од сите што ги наведе, но Аурисот е поскап ако се гледа опремата што сега ја има Голф 5. Со таа опрема Аурис кошта колку еден Голф 1.4 тси со истата опрема.

Сите овие автомобили се направени да му парираат на Голфот. Уште никој не го достигнал во ништо.

Што ако е 1.4 моторот 80 кс кога истоит мотор ќе трае 3 пати повеќе од моторот на Киа Сид со 109 кс.Тоа е префорсиран мотор на кој му се гледа крајот.

Вкусот е релативна работа, Голфот не е направен за некој да се чалами низ град, повеќе е направен за фамилијарни потреби и има поконзервативен дизајн само поради тоа.

Јас би го спомнал тука Лансерот како единствен вистински конкурент на Голфот ако може да го вброиме во оваа класа, мада пак би земал Голф:pipi:

Линеата е Гранде Пунто со насаден задник, значи не е во класата. Тука оди Браво. Бравото е во секој поглед многу поинтересен автомобил од развиканиот Голф. Квалитетот едно многу сега веќе далечно време беше на германска страна. Сега веќе работите се сменија. Се свестија жабарите дека рачките не се за една употреба.:)
Французите, гледам ги спомнуваш ПСА...
До вчера сите модели со 1.4 мотор беа оној TU3JP кој ги влече корените од 1982...од тогашни 55 КС до денешни 89КС. Прашај по мајстори за тоа моторче што ќе ти кажат.
1.6 т.е TU5JP...исто.
Нафтените печки од претходната генерација 1.9D се ВЕЧНИ машини. Види колку многу Берлинга, ZX-и, 206, 405 и многу други ги шетаат таквите неотворени.
1.4 на Форд е слаба машина за тоа возило (Фокус) а 12 литри во град на сон само се трошат или со ненормално газење по гаста на 5000 обртаи нон-стоп. Пробано...И, секако попрво би го земал Фокусот него Голфот.
Астра...може да се земе предвид.
Корејците во принцип не ги сакам.
А меѓу кој било јапонец и Голф секако дека би го зел Јапонецот, посебно ако е Хонда, Субару, или Митсубиши.
Извинето...:smir:

Само ако може да ми посочиш што од тоа што го кажав не е вистина.
Вистина е дека не сум возел многу, но сум читал многу и сум слушал...многу, имам очи да видам што сеуште се вози, што старо не се вози. Имам свој вкус во кој ни ти ни никој друг не може да ми се меша и да ми каже било што.

Сум прочитал негде дека имш Цитроен. Не се лути ама Ц4 е автомобил од компакт класата со најкастрофален квалитет. Тетин ми се кае што го купи, ја продава колата, другар има, секоја недела искача нешто ново и оди на сервис каде што го одраа.Немој да ми кажеш само за ова дека не е вистина.

Како постар го почитувам твоето мислење и се надевам ќе ми одговориш тоа што те прашав.

Имам Ксара веќе скоро 6 години, па Фала Богу, нема ништо по неа чепнато, освен редовното одржување и менување на потрошен материјал (вклучувајки и гуми).
За другото...види погоре.


И, една вистина:
Некој прашуваше зошто ставаат на Голфовите 1 и 2 карбуратор од 101/128...
Не е заради цената...
затоа што оригиналниот Голфов едноставно станува невозможен за штелување после некое време на користење...
Додека Weber-ов карбуратор (или барем негова лиценца) се штелува и после 1.000.000 километри. :)

бај д веј, ретко на друга марка се среќава вакво нешто:
 
Недостижно? Абе ајде...не дека се курчам нешто, можам сега да се опнам и еден поскромен Пасат...ама ајде...постојат многу коли во светов кои не се викаат Голф, т.е. Волксваген, ама имаат многу повеќе традиција, софистицираност, и најбитно од се - душa

Е ова не ми е јасно.

Кои од овие карактеристики не ги поседува Голфот?

Традиција, софистицираност, душа, и во однос со другите марки која ги има повеќе?
 
Овие информации ти се од Порше Скопје или некој ти пренел нешто. Малку ми се чудни цениве поради тоа што во Германија почетна цена е 16.500 за 1.4 со 80кс и да ја достигнеш опремата од претходниот модел што е кај нас 15.400 би било некаде 18.000 евра колку што забележав на официјалниот германски сајт на Фолксваген.

Ако се овие цени точни, тогаш 1.4 тси со оваа опрема за 18.200( минус едно илјадарче од ценкање) е солидна цена во однос на тоа што го добиваш.

Цените на автомобилите во германија се поголеми од тие кај нас поради додатни даноци. Ова важи и за автомобилите произведени во германија односно за германски автомобили.

Е ова не ми е јасно.

Кои од овие карактеристики не ги поседува Голфот?

Традиција, софистицираност, душа, и во однос со другите марки која ги има повеќе?

Струмикс не рече дека голфот нема традиција и софистицираност, но рече дека има други модели од други производители кои имаат поголема традиција и поголема софистицираност.
А Голфот е 100% разумен автомобил потполно функционален и го задоволува сите потреби на корисникот за кој е наменет и е кола без никаков карактер, затоа е и без душа.
 
Дизајност е скоро ист како од 5ката, т.е. направиле некој минимален редизајн. Иначе многу добра кола.
 
Еве денес пред 7ца видов голф 6ка со дипломатски регистрации и не сум баш нешо воодушевен со 2 врати ТСИ беше еве ви и слики
 

Attachments

  • 24-12-08_1237.jpg
    24-12-08_1237.jpg
    63,1 KB · Прегледи: 13
  • 24-12-08_1238.jpg
    24-12-08_1238.jpg
    46,9 KB · Прегледи: 12

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom