Малку офтопик, но ме интересира што би се десило доколку во моторот има повеќе уље од потребното?
Макар и да се 300, 400 милилитри повеќе.. Ќе почне да го исфрла од негде? Ќе зезне нешо у моторот или? :kesa:
Кратко образложение... радилицата и клиповите наместо да шлапкаат во масло и да се цедат, пливаат. Вртливиот момент создава центрифугална сила и притисокот на маслото во горниот дел на моторот опаѓа. Ризикуваш моторот ќе остане без подмачкување во делот на главата и клипните прстени (кариките) поради намалениот притисок на масло. Од друга страна имаш одвишок на масло во долниот дел на кој делува центрифугална сила. Се на се, очекувај дека има шанса сите симеринзи и диктони на долниот дел да почнат да течат, а има и една цевка која издувните гасови од картерот ги насочува во усисната грана (дишник), и има голема веројатност дека низ неа моторот ќе исфрли дел од одвишокот на масло.
Е сега ако фрли макар и 300 грама (што со сигурност ги фрла по 3-5 минути работа), доаѓаш до моментот дека моторот наместо да компресира воздух, компресира течност која има поголема густина од воздухот. Да не должам многу, поради течноста во делот измеѓу клипот и главата (онаму каде што согорува горивото), клипот не е во можност да ја достигне нултата точка на палење, а клипницата сака да го тукра нагоре, и доаѓаш до делот на искривување на клипницата. Е после иди заебаниот дел, кога едниот цилиндар нема да доаѓа до точката на палење, па имаш ем намалена компресија, ем изместено палење.
Дали се оправа? Јасно, ако промениш клипници. А со нив, ќе промениш и лагери на радилица, диктони, карики, ќе ја израмниш деклата.... да неречам ремонт. Појасно?
едит: заборајв да напоменам, ова погоре не важи за Гољф, пошто тие се извонредни машини и за нив сите закони на физиката неважат. Гарантирано, испробано.