GOLF 4 TDI

  • Креатор на темата gice
  • Време на започнување
Член од
20 април 2009
Мислења
33
Поени од реакции
0
Me interesira iskustvata na lica koj se ili bile sopstvenici na ovoj model.Posebno bi gi cenel mislejnata na taksisti zato sto smetam deka podobar test od toj rezim na vozejne amin.
 

nikaТa

Mr.Lover Lover
Член од
16 април 2010
Мислења
524
Поени од реакции
60
Можам да ти кажам дека таткоми работи со коли и голфот 4 се продава многу убаво, зш се вози добро не ти јади нофченикот и нека е дизел амин :)
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Има проблеми со ребрестиот кајш.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Гољф е... и како секој Голф е преценет. Зборувам од економска гледна точка. Исто како секое возило и тие имаат мани, имаат дефеци и менување на потрошни матерјали и делови како кај секое друго возило. Но, кога ќе откаже Форд, Опел, Рено тогаш доаѓаме до моментот земи си Голф, има да те вози без ништо да смениш... Крастајци ќе те вози, ништо поразлично не е освен името и 1500-2000 евра повеќе во споредба со останатите автомобили кои не го носат логото на VW.
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Кола-тезгере, што сакаш прави и нема гајле ;) Мала потрошувачка, ефтини делови, нема смрт. Нема да згрешиш ако купиш.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Кола-тезгере, што сакаш прави и нема гајле ;) Мала потрошувачка, ефтини делови, нема смрт. Нема да згрешиш ако купиш.
сакам да ја возам без масло... викаш дека нема да цркни по 10 мин?
 
B

BooBojan

Гостин
Јас имам Голф 4 ама бензин сега немам време да пишам за колата утре најверојатно ке пишам добри/лоши страни.
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
сакам да ја возам без масло... викаш дека нема да цркни по 10 мин?


Ех сега ајде да вози и без гориво :)
Но има и таков случај со еден мој пријател...
Возе тој и кога да провери фатил `рѓа мерачот :pos: Бааѓи време ја возел без масло, може да се рече. Си рекол дај да дотурам масло, купил едно литро, го истурил цело, ништо на мерачот...и така се до кај 5 литри мислам :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Секој ден ме вози Golf 4 TDI на факултет со 130КС (има верзии и од 90 и 110КС). Има екстра забрзување на автопат се држи стабилно и на 170км/х. Колата е со 170,000км поминато, менувани се зглобовите, а моторот е ненормално издржлив и троши 4,5 - 5 литри на автопат 6 во град според борд комјутерот. Внатре е некако премногу тесна поради масивната борд табла.Се надевам ти помогнав малку :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687


Ех сега ајде да вози и без гориво :)
Но има и таков случај со еден мој пријател...
Возе тој и кога да провери фатил `рѓа мерачот :pos: Бааѓи време ја возел без масло, може да се рече. Си рекол дај да дотурам масло, купил едно литро, го истурил цело, ништо на мерачот...и така се до кај 5 литри мислам :)
[Sarkasm ON]Oва во Голф... само тие така можат. Друга кола нема теорија ова да се деси.[Sarkasm OFF]
Прашање број 1. Каде отиде маслото?
Прашање број 2. Како рѓосала шипката?
Прашање број 3. Свесен си шо се дешава во мотор ако нема масло?
Прашање број 4. Свесен си шо се дешава во мотор ако го преполниш со масло?

Кај мене во ескордот, чудно, кога да кренам шипката, стално на максимум е... Сакаш да се обложиме во 600 евра дека иако е полн до максимум уште 5 литри масло ќе собери без проблем?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Гољф е... и како секој Голф е преценет. Зборувам од економска гледна точка. Исто како секое возило и тие имаат мани, имаат дефеци и менување на потрошни матерјали и делови како кај секое друго возило. Но, кога ќе откаже Форд, Опел, Рено тогаш доаѓаме до моментот земи си Голф, има да те вози без ништо да смениш... Крастајци ќе те вози, ништо поразлично не е освен името и 1500-2000 евра повеќе во споредба со останатите автомобили кои не го носат логото на VW.
Амин!!!!
 
Член од
18 август 2007
Мислења
135
Поени од реакции
8
Прашање број 4. Свесен си шо се дешава во мотор ако го преполниш со масло?
Малку офтопик, но ме интересира што би се десило доколку во моторот има повеќе уље од потребното?
Макар и да се 300, 400 милилитри повеќе.. Ќе почне да го исфрла од негде? Ќе зезне нешо у моторот или? :kesa:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Малку офтопик, но ме интересира што би се десило доколку во моторот има повеќе уље од потребното?
Макар и да се 300, 400 милилитри повеќе.. Ќе почне да го исфрла од негде? Ќе зезне нешо у моторот или? :kesa:
Кратко образложение... радилицата и клиповите наместо да шлапкаат во масло и да се цедат, пливаат. Вртливиот момент создава центрифугална сила и притисокот на маслото во горниот дел на моторот опаѓа. Ризикуваш моторот ќе остане без подмачкување во делот на главата и клипните прстени (кариките) поради намалениот притисок на масло. Од друга страна имаш одвишок на масло во долниот дел на кој делува центрифугална сила. Се на се, очекувај дека има шанса сите симеринзи и диктони на долниот дел да почнат да течат, а има и една цевка која издувните гасови од картерот ги насочува во усисната грана (дишник), и има голема веројатност дека низ неа моторот ќе исфрли дел од одвишокот на масло.

Е сега ако фрли макар и 300 грама (што со сигурност ги фрла по 3-5 минути работа), доаѓаш до моментот дека моторот наместо да компресира воздух, компресира течност која има поголема густина од воздухот. Да не должам многу, поради течноста во делот измеѓу клипот и главата (онаму каде што согорува горивото), клипот не е во можност да ја достигне нултата точка на палење, а клипницата сака да го тукра нагоре, и доаѓаш до делот на искривување на клипницата. Е после иди заебаниот дел, кога едниот цилиндар нема да доаѓа до точката на палење, па имаш ем намалена компресија, ем изместено палење.

Дали се оправа? Јасно, ако промениш клипници. А со нив, ќе промениш и лагери на радилица, диктони, карики, ќе ја израмниш деклата.... да неречам ремонт. Појасно?


едит: заборајв да напоменам, ова погоре не важи за Гољф, пошто тие се извонредни машини и за нив сите закони на физиката неважат. Гарантирано, испробано.
 
B

BooBojan

Гостин
Како што ти ветив вчера сега сакам да ти напишам нешто.
Ако си во план да земаш Golf 4 TDI гледај да биде максимум стар 2002 година ништо подоле и гледај да има најмногу 200-000 ваков тешко дека ке најдеш испод 200-000к.м. затоа што кога купуваш возило сакаш да го купиш и веднаш да седнеш во него и да го возиш а кај дизел греачите на толку време мора да се сменат+Улје и каиши никогаш не можеш да бидеш сигурен нели.А Голф 4 TDI тешко дека ваков ке најдеш да ти испадни на наши табли 6.500 евра затоа што се плака а прашање е дали и ке можеш ваков да најдеш.А ако најдеш гледај да не е ударан и ке тиа кажам дека е добра зделка не троши кој знае колку многу можам да кажам малку трошат.
Кај мене во селото 4ТДИ имаше еден таксист го продаде со 600000к.м. ништо немаше сменето голфот одеше но многу тропаше и бучно работеше мислам во Битола или Прилеп го продаде па сега ти рачунај не е само да земиш возило гледај да земеш што е можно подобар и најбитно НЕ ШТЕДИ ПАРИ.
 
Член од
20 април 2009
Мислења
33
Поени од реакции
0
potpolno se slozuvam so tebe.So istata filozofija odev koga i barav (nekoj 6 meseci). Golfot vece go kupiv i me kosta nesto pomalku od 7000 e ali e vo top forma so site nisani so bi se reklo. motorot e so jacina od 66kw. te 90ks
 

Kajgana Shop

На врв Bottom