Големите "патриоти" од ОМД го наградуваат Киро Глигоров.

  • Креатор на темата Креатор на темата vancevtodor
  • Време на започнување Време на започнување
Дали знаеш што збориш?
Тој беше единствениот кој што ги спречи ЈНА да направат војна и во Македонија...
од такви како тебе ми се лоши :(:(
Да,да,баш Глигоров ги спречи JНА. :cenzura:
Симитис и Милошевич наjaвиха средба во Грциja за да разделат РМ,без да го поканат,без ништо...
 
Роднина си му?
Или си од СДСМ?
Или поима немаш што се дешавало тука у задњи два-триес години?

не
не
имам поима
...али , премногу сум среќен за победава на нашите , што ме мрзи да се расправам сега :)
тоа прееска го пишав зошто неќев некои "копињаци" слепо да веруваат во тоа што го збориш, како ти што сега веруваш слепо во работи други луќе што ги зборат.
Што се однесува за политичарите ,никој не е цвеќе за мирисање , и секој кога е на позиција мора да "игра" со "картите" што му се дадени и да прави компромиси ... некои тоа го прават добро , а некои лошо ... а да, а некои не знаат да играат со картите :)
--- надополнето: Sep 5, 2011 8:00 PM ---
Да,да,баш Глигоров ги спречи JНА. :cenzura:
точно така ... како што некои грешки што ги направил сега му ги препишувате заради тоа што бил на функција , така и тоа е негова заслуга , тоа што ЈНА не направи војна во МК .. али јбг , некои луќе едноставно нема да сватат ... пффф , тоа е :)
 
За што добил одликување не се знае.

Се знае.

Заради улогата на цвеќарката Љубица Ачевска во таа организација, која знае да подмачка некоја пара и/или да го искористи сопственото присуство таму за "свои" потреби.
 
Се знае.

Заради улогата на цвеќарката Љубица Ачевска во таа организација, која знае да подмачка некоја пара и/или да го искористи сопственото присуство таму за "свои" потреби.
Да, да. Не ја имав неа на ум.
 
точно така ... како што некои грешки што ги направил сега му ги препишувате заради тоа што бил на функција , така и тоа е негова заслуга , тоа што ЈНА не направи војна во МК .. али јбг , некои луќе едноставно нема да сватат ... пффф , тоа е :)
Русиja(поточно Елцин) беше таа прва светска сила и една(дали не и прва држава) от државите во совета за безбедност ком ООН, коja призна РМ и стави краj на желбите за интервенции на JНА,а и на грчката армиja.
 
Абе деца комуњарски, динарите што влегоа направија ршум тука врз стандардот на луѓето.
Тоа беше безвредно парче хартија.
Девизните резерви ни ги земаа пред нос.
Оружјето го однесоа од ЈНА а и ние плаќавме за него.
Не ми го дрвете, мудрост било.
Па со месеци ни го переа мозокот дека независноста на Македонија е сулудост, дека со пиперки не се праи држава и тоа истите серачи што се и денеска од сорос и невадлиниве демек.
Ембаргото кон Србија, Македонија со цистерни го крсеше, се користеше Македонија за извоз на српски производи.
Сето тоа западните убаво го забележаа, така да Киро и Компанија не беа ништо друго освен испостава на Милошевич.
Над стотина Македонци има погинато на боиштата на бивша Ју.
Сељачаната вмровци кои не беа ни државотворни ни ништо како овие од кпм, со автобуси си го собираа народот по бивша ју.

На Киро треба да му се суди.
 
Никој не е цвеќе за мирисање , особено политичарите :)
Но како и да е види пров со што не утепал , а што спречил
1-Почнал да преговара за името
2- Спречил ВОЈНА

Не знам за тебе , но јас би го одбрал помалото од двете "злоа" :):)
Овде не направил избор, eдното со другото не се баш поврзани. Остај тоа, би можел ли да ми објасниш како тој ја спречил војната?
ПС сват, сваќа, сватови е едно, сфати и сфаќања се друго.
 
Дечиња 15 годишни...не сте доквакани доволно да плукате против Кирчо!

До сега ќе бевме парчосани од војни и поделби, па ќе ве видев дали ќе пишувавте на форумов.
 
Neznam kolku i da go mrazime ili da gi osuduvame negovite odluki(bilo toa da se dobri ili losi) sepak treba sekogas da se dava poseben respekt kon nego poradi toa sto e prv Pretsedatel na Makedonija
на фиром*
 
Дечиња 15 годишни...не сте доквакани доволно да плукате против Кирчо!

До сега ќе бевме парчосани од војни и поделби, па ќе ве видев дали ќе пишувавте на форумов.
ќе пишувавме, ама кој на грчки, кој на српски..
 
Киро Глигоров има еден краток период од својот живот во кој застанал на вистинската МАКЕДОНСКА страна и се залагал за МАКЕДОНСКИ интереси, а тоа е времето на првото заседание на АСНОМ.
И тоа е добро забележано од послушните партиски апаратчици тогаш:

Makedonija_obedineta_ASNOMci.jpg


Арно ама тој во овој период не беше никаква значајна фигура (а којзнае и ако не се ородеа со Михајло Апостолски дали некогаш ќе станеше) и откако се разнебитија и буквално доведоа до смрт луѓето како Ченто, Киро беше прераспределен во Белград, каде си ја подвитка опашката и не само што никогаш повеќе не споменал обединување на Македонија, туку и ретко доаѓаше тука (освен можеби да тера швалерски афери, како што му залепија пред повеќе години некои новинари), па кога беше предложен за прв претседател на независна и суверена Македонија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа доказ дека е тој воопшто македонски државјанин.

И тоа беше со право, затоа што Киро во скоро целиот период на СФРЈ беше познат како "Глигорчич", нагалено викан така од другарот Тито, на кого верно му служеше.

tito_gligorov.jpg


По жолчни дискусии и држ-недај коментари и реплики Киро Глигоров сепак беше избран за наш прв претседател, ама не на избори како што имаме денес од целиот народ, туку со гласовите на тогашното собрание на Р.Македонија.
Па дури и "гордо" се сликаше во неговиот кабинет со знамето македонско.

Kiro_so_Kutles.jpg


Е сега какви тоа "заслуги" има овој човек за нашава историја во последниве 20 години, нека суди секој што е при свест.

Еве реакција на Тодор Петров и СМК по повод признаниево од ОМД.

"СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
НАГРАДАТА НА ОМД ЗА ГЛИГОРОВ НЕ Е СЕМАКЕДОНСКО ПРИЗНАНИЕ!

06 септември 2011 година, Скопје, Македонија - Наградата за животно дело на поранешниот претседател Киро Глигоров од организацијата Обединета македонска дијаспора (ОМД) е неприфатлива за најголемиот број Македонци и македонски заедници во светот, бидејќи не ја одразува нивната волја, освен на поединци кои не го поседуваат епитетот „највлијателна невладина организација на македонските иселеници“ за каква што некои во Македонија ја претставуваат.

За Светскиот Македонски Конгрес (СМК) неразбирлива е мотивацијата на организацијата ОМД за награда на Глигоров кој во својот мандат, наводно ја одвратил државата од „погрешни потези кои можеле иднината на Македонија да ја одведат во несакан правец“ (?!) бидејќи тоа воопшто не е вистина. Почит кон функцијата што ја вршел, но грешките на Глигоров не ги покриваат ни 1000 години од независноста на државата Македонија.

За волја на вистината, Киро Глигоров:
(1) во времето на распаѓањето на поранешна СФРЈ со босанскиот претседател Изетбеговиќ предлагаше платформа за асиметрична југословенска федерација;
(2) со Стојан Андов ја жртвува владата на Никола Кљусев за да го спаси југословенството на Денко Малески од одговорност во Собранието;
(3) без образложение за мисијата поради која го именува, го смени Васил Тупурковски од специјален пратеник на претседателот на Републиката во Соединетите Американски Држави;
(4) со Стојан Андов го анулира гласањето во Собранието за членот 1 од Уставот на Македонија како „држава на македонскиот народ и држава на рамноправни граѓани“;
(5) без собраниска одлука декларира промена на државното име во: „Република Македонија во загради Скопје“;
(6) во 1992 година ги подели Македонците во светот формирајќи втор Светски Македонски Конгрес со Џон Битов од Канада како алиби за манипулација со емиграцијата заради промената на државното име и знаме;
(7) цели шест месеци по одлуката на Собранието во јули 1992 година не ја поднесе апликацијата на Македонија за прием во Обединетите Нации се до обелоденувањето од пресот на портпаролот на генералниот секретар на ООН во јануари 1993 година дека Македонија се уште не поднела апликација за прием во Обединетите Нации;
(8) со Бранко Црвенковски ја внесе Македонија во Обединетите Нации под понижувачкото времено обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“;
(9) со Стево Црвенковски ја прифати Македонско-грчката согласност од 13 септември 1995 година со којашто се суспендира една третина од Уставот на државата Македонија;
(10) ја суспендира грижата за положбата на државата Македонија за припадниците на македонскиот народ во соседните земји на Републиката и за иселениците од Македонија;
(11) прифати промена на државното знаме на Македонија;
(12) беше претседател на држава без парламентарна опозиција и со партизирано судство од 1994 до 1998 година;
(13) направи груб атак врз уставниот поредок, во обид за суспензија на парламентарната демократија, осудувајќи го поразот на СДСМ како крај за демократијата во Македонија, барајќи од народот „да не го остава сам“; и
(14) им беше покритие на Бранко Црвенковски за криминалната приватизација на општествената сопственост со која се криминализира целото општество, и на Соња Николовска за пирамидалната штедилница ТАТ во Битола.

СМК не полага монопол или ексклузивно право и патернализам врз македонските работи и врз Македонците во светот, ја почитува слободата на здружување и говор, но ги отфрла обидите за создавање паралелна меѓународна организација која освен поддршката од американската амбасада во Скопје не бележи значителен интерес меѓу Македонците во светот поради грешките кои од незнаење или под инструкции ги мултиплицира. СМК направи неколку обиди за средби со раководството на оваа организација заради координација, соработка и размена на искуства и информации, но безуспешно: од необјаснети причини, од другата страна не доби одговор, најверојатно поради убеденост на нејзините ментори дека организацијата ОМД ќе биде супститут на СМК. Останува нејасно, кого од Македонците во светот организацијата ОМД обединува, кога со Светскиот Македонски Конгрес воопшто не комуницира.

СМК смета дека наместо награда за животно дело, поранешниот претседател Киро Глигоров додека се’ уште е жив, на нацијата и’ должи јавно извинување заради согласноста за прием на Македонија во Обединетите Нации под понижувачкото времено обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“, кое според неговите зборови во говорот пред нацијата требаше да остане само три месеци, а од 8 април 1993 година до денес остана дури цели 18 години и пет месеци со катастрофални правни последици по идентитетот на државата и нацијата, македонскиот народ и граѓаните на Македонија."

Баш би сакал да видам што имаат од ОМД да кажат по "темава", зашто гледам дека има тука профил со тоа име, па нека се изјаснат.

За Животно Дело: Борба За Зачувување на Југославуја и ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО. Големите "патриотишта" од ОМД го наградуваат Киро Глигоров.

Обединетата Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон, САД, на својата Глобална Конференција, која се одржа од 23-25 јуни ова година во Вашингтон, му ја додели на Првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, Наградата за Животно Достигнување, како благодарност за неговото државотворно дело посветено на Република Македонија.

Хаха ...

Tемава како ми се чини ја отворил некој што увце го заболе за Македонија и нејзиното име...

.
 
Над стотина Македонци има погинато на боиштата на бивша Ју.
Сељачаната вмровци кои не беа ни државотворни ни ништо како овие од кпм, со автобуси си го собираа народот по бивша ју.

На Киро треба да му се суди.

Од тие стотина погинати,има илјадници кои останале живи,некои биле и волонтери(многумина знам лично што биле и во Вуковар и на Косово),и што е најчудно не покажуваат каење заради уделот во таа војна и ден денес,што значи САКАЛЕ да учествуваат,најверојатно затоа што беа задоени со југословенската пропаганда,а да не зборам за просрпски Македончиња кои беа активни тој период...
Но да се вратиме на Киро,ке го кажам клучниот момент,извршен му е антентат во кључни времиња,остана жив...а судејќи спорем Македонскиот менталитет,да загинеше тогаш сега сите ке велевме дека бил добар,најзаслужен итн(пример со Трајковски).
Е сега зошто ако бил толку "послушен",зошто му извршиле антентат ??
Позитивни потези му се тоа што референдумот го направија со трик прашање и фала богу излезе успешен,договорот со ЈНА за повлекување со кој ја уништи секоја можност да избие војна во Македонија(сигурно ке ја губевме затоа што народот беше со слаб морал и со јака пројугословенска проганда),негативни сите ги знаеме и упорно му се форсираат само тие,за кои се согласувам дека треба да му се суди(продал нешто што не се продава),но за позитивните ке сум му вечно благодарен...
 
Дај бре Филипе, ЈНА не бркаше низ Скопје да не однесе на боиштата. Кљусев имаше храброст да ги сокрие досеиата на регрутите. Знаеш што правеше Киро во тоа време? Правеа декларација со Изетбегович, познатата Глигоров-Изетбегович, да можат да останат во мини Југославија со еден од лудаците од СХС. Киро работеше за Милошевич во тие клучни моменти, пропагандата во Македонија, медиумите кои ги држеа во своите раце КПМ и нивните структури од кои потекнува и Киро, на големо водеа специјална војна со СВОЈОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД дека независноста е сулудост и дека Македонија ќе пропадне за 3 месеци. Советите и препораките од Бадентер, дека Македонија ги исполнува условите да биде држава не се искористија и Македонија поради интересите на Милошевич остана во сива зона со можност еден ден да се врати кај него.
Позади тие игри беше Киро Глигоров, членска карта 01 на КПМ. Или ајде и на Љубчо Георгиевски ќе му дадеме орден.
 
И на крај истиот тој Милошевиќ му "организира" антентат....туку кажи ми ти сериозно мислиш дека Грција тогаш немаше да реагира под евентуално признавање во ОН под природно име???И ако Киро беше на темната страна,зошто не го избриша терминот Македонија во името на нашата држава(како што налагаше договорот во Лисабон)
и кој ја спаси Македонија да опстои како држава ако толку било заиграно да пропаднеме??Љупчо можеби,или Страшо Ангеловски?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom