Киро Глигоров има еден краток период од својот живот во кој застанал на вистинската МАКЕДОНСКА страна и се залагал за МАКЕДОНСКИ интереси, а тоа е времето на првото заседание на АСНОМ.
И тоа е добро забележано од послушните партиски апаратчици тогаш:
Арно ама тој во овој период не беше никаква значајна фигура (а којзнае и ако не се ородеа со Михајло Апостолски дали некогаш ќе станеше) и откако се разнебитија и буквално доведоа до смрт луѓето како Ченто, Киро беше прераспределен во Белград, каде си ја подвитка опашката и не само што никогаш повеќе не споменал обединување на Македонија, туку и ретко доаѓаше тука (освен можеби да тера швалерски афери, како што му залепија пред повеќе години некои новинари), па кога беше предложен за прв претседател на независна и суверена Македонија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа доказ дека е тој воопшто македонски државјанин.
И тоа беше со право, затоа што Киро во скоро целиот период на СФРЈ беше познат како "Глигорчич", нагалено викан така од другарот Тито, на кого верно му служеше.
По жолчни дискусии и држ-недај коментари и реплики Киро Глигоров сепак беше избран за наш прв претседател, ама не на избори како што имаме денес од целиот народ, туку со гласовите на тогашното собрание на Р.Македонија.
Па дури и "гордо" се сликаше во неговиот кабинет со знамето македонско.
Е сега какви тоа "заслуги" има овој човек за нашава историја во последниве 20 години, нека суди секој што е при свест.
Еве реакција на Тодор Петров и СМК по повод признаниево од ОМД.
"
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
НАГРАДАТА НА ОМД ЗА ГЛИГОРОВ НЕ Е СЕМАКЕДОНСКО ПРИЗНАНИЕ!
06 септември 2011 година, Скопје, Македонија - Наградата за животно дело на поранешниот претседател Киро Глигоров од организацијата Обединета македонска дијаспора (ОМД) е неприфатлива за најголемиот број Македонци и македонски заедници во светот, бидејќи не ја одразува нивната волја, освен на поединци кои не го поседуваат епитетот „највлијателна невладина организација на македонските иселеници“ за каква што некои во Македонија ја претставуваат.
За Светскиот Македонски Конгрес (СМК) неразбирлива е мотивацијата на организацијата ОМД за награда на Глигоров кој во својот мандат, наводно ја одвратил државата од „погрешни потези кои можеле иднината на Македонија да ја одведат во несакан правец“ (?!) бидејќи тоа воопшто не е вистина. Почит кон функцијата што ја вршел, но грешките на Глигоров не ги покриваат ни 1000 години од независноста на државата Македонија.
За волја на вистината, Киро Глигоров:
(1) во времето на распаѓањето на поранешна СФРЈ со босанскиот претседател Изетбеговиќ предлагаше платформа за асиметрична југословенска федерација;
(2) со Стојан Андов ја жртвува владата на Никола Кљусев за да го спаси југословенството на Денко Малески од одговорност во Собранието;
(3) без образложение за мисијата поради која го именува, го смени Васил Тупурковски од специјален пратеник на претседателот на Републиката во Соединетите Американски Држави;
(4) со Стојан Андов го анулира гласањето во Собранието за членот 1 од Уставот на Македонија како „држава на македонскиот народ и држава на рамноправни граѓани“;
(5) без собраниска одлука декларира промена на државното име во: „Република Македонија во загради Скопје“;
(6) во 1992 година ги подели Македонците во светот формирајќи втор Светски Македонски Конгрес со Џон Битов од Канада како алиби за манипулација со емиграцијата заради промената на државното име и знаме;
(7) цели шест месеци по одлуката на Собранието во јули 1992 година не ја поднесе апликацијата на Македонија за прием во Обединетите Нации се до обелоденувањето од пресот на портпаролот на генералниот секретар на ООН во јануари 1993 година дека Македонија се уште не поднела апликација за прием во Обединетите Нации;
(8) со Бранко Црвенковски ја внесе Македонија во Обединетите Нации под понижувачкото времено обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“;
(9) со Стево Црвенковски ја прифати Македонско-грчката согласност од 13 септември 1995 година со којашто се суспендира една третина од Уставот на државата Македонија;
(10) ја суспендира грижата за положбата на државата Македонија за припадниците на македонскиот народ во соседните земји на Републиката и за иселениците од Македонија;
(11) прифати промена на државното знаме на Македонија;
(12) беше претседател на држава без парламентарна опозиција и со партизирано судство од 1994 до 1998 година;
(13) направи груб атак врз уставниот поредок, во обид за суспензија на парламентарната демократија, осудувајќи го поразот на СДСМ како крај за демократијата во Македонија, барајќи од народот „да не го остава сам“; и
(14) им беше покритие на Бранко Црвенковски за криминалната приватизација на општествената сопственост со која се криминализира целото општество, и на Соња Николовска за пирамидалната штедилница ТАТ во Битола.
СМК не полага монопол или ексклузивно право и патернализам врз македонските работи и врз Македонците во светот, ја почитува слободата на здружување и говор, но ги отфрла обидите за создавање паралелна меѓународна организација која освен поддршката од американската амбасада во Скопје не бележи значителен интерес меѓу Македонците во светот поради грешките кои од незнаење или под инструкции ги мултиплицира. СМК направи неколку обиди за средби со раководството на оваа организација заради координација, соработка и размена на искуства и информации, но безуспешно: од необјаснети причини, од другата страна не доби одговор, најверојатно поради убеденост на нејзините ментори дека организацијата ОМД ќе биде супститут на СМК. Останува нејасно, кого од Македонците во светот организацијата ОМД обединува, кога со Светскиот Македонски Конгрес воопшто не комуницира.
СМК смета дека наместо награда за животно дело, поранешниот претседател Киро Глигоров додека се’ уште е жив, на нацијата и’ должи јавно извинување заради согласноста за прием на Македонија во Обединетите Нации под понижувачкото времено обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“, кое според неговите зборови во говорот пред нацијата требаше да остане само три месеци, а од 8 април 1993 година до денес остана дури цели 18 години и пет месеци со катастрофални правни последици по идентитетот на државата и нацијата, македонскиот народ и граѓаните на Македонија."
Баш би сакал да видам што имаат од ОМД да кажат по "темава", зашто гледам дека има тука профил со тоа име, па нека се изјаснат.
За Животно Дело: Борба За Зачувување на Југославуја и ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО. Големите "патриотишта" од ОМД го наградуваат Киро Глигоров.
Обединетата Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон, САД, на својата Глобална Конференција, која се одржа од 23-25 јуни ова година во Вашингтон, му ја додели на Првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, Наградата за Животно Достигнување, како благодарност за неговото државотворно дело посветено на Република Македонија.
Хаха ...
Tемава како ми се чини ја отворил некој што увце го заболе за Македонија и нејзиното име...
.