Големи поплави, вондредна ситуација во Србија и Босна и делови на Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата Awake
  • Време на започнување Време на започнување
Полно портали јавија дека пополека опаѓа нивото на водата во многу места. Ако издржат до утре без некои поголеми проблеми и прелевања од понеделник следуваат многу топли денови така да нивото на водата бргу ќе опадне.

a tek posle toa im sledi poteskoto,oporavuvanjeto od sokot i nemanjeto pokriv nad glava.
 
Јас баш сега слушнав на РТС, женска збореше, вика све е добредојдено, облека, храна, душеци.
секако дека се материјално е добредојдено и дека им треба помош, затоа му се обратив на стручњаков што викаше дека све имале и дека сме биле дебили и сме трескале глупости.

има соопштение од ЦК на кои работи да се става акцент, има и на сликата.
 
секако дека се материјално е добредојдено и дека им треба помош, затоа му се обратив на стручњаков што викаше дека све имале и дека сме биле дебили и сме трескале глупости.

Има приоритетни работи. Речиси повеќе од сигурно е дека ќе има вишок на стара облека, зашто тоа го имаме сите по дома и прво ни текнува за донирање. Пред се, треба да се однесе тоа што НАЈМНОГУ треба и што е повеќе од сигурно дека НАЈМАЛЦЕ ќе се однесе - листата ја виде сигурно - храна со долг рок на траење, вода, чорапи, долен веш, тоалетна хартија, храна за бебиња и слично, нешто што луѓето најмалце им текнува кога се донира. Секако нема да се одбие ништо, но сепак мора да има нешто што најмногу е потребно.
 
u picku mater iako ne sum vojnik i imam samo osnovni poznavanja od prva pomos,bi otisol so vojnicive da pomognam,makar i zemja so race da stavam vo vreki.

Nenormalno strasno e ova sto se slucuva,svetov e otiden jabana totalno,da ne dade Gospod kaj nas !!
Isto mislenje delimo. Kamo da mozevmo da otidemo

Sent from my Vodafone Smart II using Tapatalk 2
 
Еве утре каде се ќе може да се донира:

Македонските граѓани самоиницијативно се организираат за помош на настраданите лица во поплавите во Србија и во Босна. Ова се пунктовите за кои засега е сигурно дека утре (недела) ќе бидат поставени во повеќе општини во земјава:

Општина Аеродром – 10 часот, на ширинката кај Мајчин дом, до малата црква

Плоштад Македонија – 12 часот

Куманово – 11 часот – 14 часот, плоштад

Населба Автокоманда – 11 часот, пред Римес (на коцката)

Велес – 15 часот, фондација „Фокус“ (зграда на НВО, наспроти градинката во Дворови)

Битола – 12 часот, плоштад Магнолија

Тетово – од 9 до 11.30 часот, пред центарот за култура „Иљо Антески – Смок“

Кисела Вода – во текот на целиот ден, ул. Стојан Стојановски, зад магацините на Славија, до пругите

Воедно, со вртење на бројот 143 400 од било кој мобилен оператор можете да донирате 100 денари за акцијата за помош на настраданите

10340157_10202180850949474_4279553704012955958_n-620x404.jpg


stvari-620x367.jpg


http://fokus.mk/kade-mozhete-da-donirate-pomosh-za-zhrtvite-od-poplavite/
 
Па имаше автобуси од тука што тргнаа со волонтери...сигурно нема да ви речат таму да спасувате луѓе со чамци или хеликоптери...да полните вреќи и некои такви,да речам,по лесни работи...
 
Србија ја доби првата битка, но ја очекуваат уште многу. Обреновац е претворен во масовна гробница. Се бројат жртвите, а илјадници чекаат за евакуација. Денеска од водите беа извлечени 500 мајки и деца.
- Илјадници луѓе, погодени од поплавите, не се во можност да се евакуираат поинаку, освен со хеликоптери и чамци. Досега се евакуирани над четири илјади луѓе. Почнавме со извлекување на првите безживотни тела. Додека водата не се повлече, нема да го објавиме бројот на жртви, изјави Предраг Мариќ, началник за вонредни ситуации во Србија.
:place:
 
гревота за луѓето... сеа на сител слишам сава допрва ке го зададе најголемио удар у србија утре ког го очекуваат најголемото ниво на реката кое ке дојде од босна... волку високо ниво на вода во населени населби и цели градови.. повеќе од метар на некои места и 2 метра се страшно нешто само за гледање - да не зборам како им е на луѓето што с епогодени од тоа....

најстрашно е што ова им е само почеток - замислете колку површина со насади е уништена... колу загуби на жито ке имаат првично и останати основно продукти за живот.....

ептен жалосно - моментално с еоставени на милост и немилост на бога... а метереолозите не им предвидуваат нај сјајни денови .....
греота
 
гревота за луѓето... сеа на сител слишам сава допрва ке го зададе најголемио удар у србија утре ког го очекуваат најголемото ниво на реката кое ке дојде од босна... волку високо ниво на вода во населени населби и цели градови.. повеќе од метар на некои места и 2 метра се страшно нешто само за гледање - да не зборам како им е на луѓето што с епогодени од тоа....

најстрашно е што ова им е само почеток - замислете колку површина со насади е уништена... колу загуби на жито ке имаат првично и останати основно продукти за живот.....

ептен жалосно - моментално с еоставени на милост и немилост на бога... а метереолозите не им предвидуваат нај сјајни денови .....
греота

Метереолозите предвидуваат сончево време до 30 степени следната недела, така да таман ќе биде.

Според некои проценки, поплавите може да ја преполоват економијата на Србија следните 12 месеци од тоа што е очекувано. Страшно.
 
Можда не по малку помош ќе треба и после ова (градежништво и др.).
 
Страшна работа се природните катастрофи, можеби најлошо нешто што може да му се случи на човештвото.

Не се слагам ич дека македонците премногу се потресуваат и им помагаат на србите. А и да е така, што сакате, со тие луѓе речиси еден век сме живееле во иста држава, нормално постои некаква поврзаност, но јас мислам дека ситуацијата е така оти Србија е најпогодена, доколку се јави потреба, секако дека дел од опремата и луѓето што ги праќаме во Србија ќе одаат и во Босна (дел и одат како што разбрав) и во Хрватска.

Ова е и прав момент и самите погодени држави, Србија, Босна и Хрватска да ги надминат барем за миг историските несоглаасувања, суети и омраза и да си помогнат едни на други, да се координираат максимално со справувањето со поплавите, со оглед на тоа што без огледа на се што се случи меѓу нив, иронијата на судбината е таа да тие сега страдаат од истите реки, сите три држави.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom