Поплавата ќе си отиде, но ќе им останат уништените домови, необработлива земја во наредни 2-3 години, а најголемиот дел од поплавиве им се се случија токму во земјодеслкиот дел од државата, опасност од епидемија на разни болести, најтешко ќе биде враќањето на нормалниот живот после сето ова. Финасиски ќе се исрцпат дополнително бидејќи ова се штети во милијарди евра.
Жално навистина, Господ напомош.
Да не терам во политички расправии работава, чисто како размислување симптоматично е што досега никаква реакција за помош од ЕУ и западот, оставени сами на себе и помошта од соседите и Русија, а само пред неколку месеци почнаа претпристапни преговори со ЕУ.
Исто така некаде прочитав дека голем дел од жителите од погодениве области биле информирани да се заштитат и да бидат подготвени за најлошото, бидјеќи не е не возможно да се претпостави дека после толкави врнежи веројатноста од зголемување на нивотото на толкави големи реки е голема, зашто не се послушани повиците од властите може само да погодуваме.
ПС
ЕЛЕМ: Анализирајќи ги потенцијалните опасности како за нашиот систем така и за системот во целиот енергетски блок каде што припаѓа и Република Македонија, како и да се излезе во пресрет и да се помогне за санирање на последиците кои се настанати од оваа катастрофална ситуација во Република Србија, имајќи во предвид дека е намелено производството на електрична енергија во нивните термоелектрани, поради потребата од зголемување на електричната енергија во одредени региони договоривме на Србија од Електрани на Македонија во наредните денови да им се испорача електрична енергија во висина од 80 мегавати секој час
Неколку специјализирани единици на АРМ тргнати се кон Србија.