Големи поплави, вондредна ситуација во Србија и Босна и делови на Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата Awake
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум сигурен неразбирам Италијански но мислам дека Новак упати порака во Рим за помош на Србија, сега сигурно напиша на камерата кога се потпишува супорт сербиа, но исто кажа нешто после што мислам дека имаше врска со Србија.

точно е,побара помош за Србија :)
 
Овој па,овој па,патлиџанот ќе му бил скап.
Замисли тебе куќата ти е поплавена се отидено по дома сосе колата а некој Србин некаде од Србија пишува дека патлиџанот ќе му бил скап и затоа не му чинат овие поплавиве.
Па поголема себичност егоизам и нечовечност не може да има.
Ги знаеш оние луѓе кога на соседот куќата му гори а тој не помага зошто јакната ќе му се извалкала што ја купил претходниот месец.
Сега би ги оставил старите жени да ти кажат низ клетва што теба тебе да ти се случи за да сватиш што пишуваш

Де бе што се возбуди до толку? Човекот направи само анализа за штетите кои ќе ги има регионот после поплавите. Многу се возбудувате сите по темава, смирено малце, размислете што како, не се сите со лоша намера.
 
Мислам дека ова лето сите наши производи ќе бидат скапи. Мислам на земјоделските. Српските насади во голем процент се уништени па ако увезуваат од кај нас, тоа ќе ја дигне цената. Што е супер за нашите земјоделци ама лошо за сите други затоа ќе јадеме изгледа скап патлиџан, краставици итн.
Да, само што помислив на тоа. Допрва ќе се почувствуваат економските последици од ова кај нив но и кај нас.
 
Знае ли некој кои се причините на волкавите огромни поплави?
 
Де бе што се возбуди до толку? Човекот направи само анализа за штетите кои ќе ги има регионот после поплавите. Многу се возбудувате сите по темава, смирено малце, размислете што како, не се сите со лоша намера.
Тука ли на оваа тема ќе прави анализа за патлиџанот.
Знаеш кога некој ќе почне да тропа глупости на место кое е несоодветно и сите што му се блиски се срамат од него.
Така јас се почуствував кога некој во овој момент почна да пишува за патлиџанот.
 
Знае ли некој кои се причините на волкавите огромни поплави?
Природни непогоди, а и недоволна инфраструктура како речни корита, канализации и милион други изуми со коишто дождливи подрачја се заштитуваат во развиени држави. Во Холандија скоро цела година е облачно и врнежливо, па не се случуваат вакви работи, затоа што имаат одлична инфраструктура направена по сите светски стандарди.

П.С Времето во Србија веќе е сончево, а водостојот на Сава опаѓа и се повлекува пополека.
 
200 литри/м2[DOUBLEPOST=1400345295][/DOUBLEPOST]
П.С Времето во Србија веќе е сончево, а водостојот на Сава опаѓа и се повлекува пополека.

На РТС ли гледаш бе аман!!! Престани со дезинформации!!!

18:35 -Vodostaj reke Save kod Sremske Mitrovice i dalje raste i u 17 sati, on je iznosio 861 centimetar a ojačani nasipi odolevaju, saopštilo je danas Javno vodoprivredno preduzeće Vode Vojvodine.
 
Можеби не е времето сега, ама за да се знае. Причините за тоа што се случи, но и самата реакција на надлежните. На српски е, ама се надевам нема да ви прави проблем. Клик.
 
Знам дека не е за смеење ама ете ја заебанцијава денеска реална..
 
Знае ли некој кои се причините на волкавите огромни поплави?

Многу дожд падна али и една од причините е и лоша и неизградена инфраструктура, неисчистени канали кај што се фрла ѓубре, многу битно исто нерегулирани речни корита на големите реки итн.. све кога ќе се собере доаѓа до ова несакано сценарио.

Вакви дождови се случуваат во Холандија, Британија и други места али таму е многу развиена инфраструктурата и не доаѓа до вакви ситуации.
 
200 литри/м2[DOUBLEPOST=1400345295][/DOUBLEPOST]

На РТС ли гледаш бе аман!!! Престани со дезинформации!!!

18:35 -Vodostaj reke Save kod Sremske Mitrovice i dalje raste i u 17 sati, on je iznosio 861 centimetar a ojačani nasipi odolevaju, saopštilo je danas Javno vodoprivredno preduzeće Vode Vojvodine.
23jijd0.jpg


Сремска Митровица веќе е под сонце. Нема дождови и насипи. Нормално дека ќе има зголемување на нивото, тоа и го очекуваат, но не со таков интензитет каков што очекуваа.
 
Многу дожд падна али и една од причините е и лоша и неизградена инфраструктура, неисчистени канали кај што се фрла ѓубре, многу битно исто нерегулирани речни корита на големите реки итн.. све кога ќе се собере доаѓа до ова несакано сценарио.

Вакви дождови се случуваат во Холандија, Британија и други места али таму е многу развиена инфраструктурата и не доаѓа до вакви ситуации.
Аха, ама фактички најпогодени се градовите и селата кои во близина имаат некоја река..
 
Штета за луѓето што ќе изгубат се што граделе во животот но тоа е тоа најбитно е што помалце жртви да има.

Знам колку е гадно ова бидејќи во поплавата во Скопје на баба ми и дедо ми им има паднато целата куќа и едвај се спасиле.

Се надевам набрзо ќе почне да се оправа ситуацијата и ќе почнат да се оправаат поплавените делови иако сум свесен дека за тоа ќе треба навистина многу време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom