Сум доживеал голема љубов, ми била возвратена, и траела 2 години без неколку дена (а сум имал и подолга врска, но не ми било вака), крајот дојде неочекувано, наеднаш... Се' уште тој период го чувствувам како најубав во мојот живот, период кога во мене владееја чувства за кои дотогаш не знаев дека воопшто постоеле, кога денот го планирав за заедничко уживање, период кога сфатив што значи да чувствувам безрезервна грижа за девојката, кога многупати жртвував свој личен интерес за нејзино добро и воопшто не се каев. Кога нејзината среќа беше причина за моја насмевка, а нејзината тага причина за мои и нејзини солзи... Би можел цела ноќ да набројувам причини зошто сметам дека таа љубов била мојата голема љубов, но мислам дека главното го посочив... А и освен тоа, сметам дека не може вака да се опише нашата голема љубов, зашто секој од нас ја доживува/доживеал на уникатен, единствен, за нас прекрасен начин, начин кој само за нас е разбирлив.