Go On

Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
go_on-show.jpg

Go On е нова серија која треба да започне на 11 Септември 2012 на NBC.

Matthew Perry (добро познатиот Чендлер) ќе го глуми Ryan заедно со John Cho (MILF guy), Laura Benanti, Julie White, Brett Gelman, Suzy Nakamura и Tyler James Williams (Крис од Everybody Hates Chris)
30756.jpg

Нема многу податоци за што ќе се работи бидејќи е рано, само е дадено дека Рајан ќе сака да продолжи понатаму со животот после смртта на неговата девојка/жена :D
Еве и трејлер:

Џои продолжува со Episodes, Чендлер почнува со воа... штета шо не се заедно у некоа серија, ми фалат нивните сцени заедно. Како и да е, очекувам воа да биде смешно :icon_lol:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Добра постава на глумци. Јако ќе биди.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
Ја гледав пилот епизодата... солидно, многу подобро одиграно отколку на пример Џои во Episodes.
Ја би ја споредил со Anger Management за која е ладна кокакола во времево.

Ептен ведра и смешна considering тематиката и сериозноста.

Пери си има харизма и ја пренесува врз серијата, а засега споредните се во ред, во целина сум презадоволен.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Ја би ја споредил со Anger Management за која е ладна кокакола во времево.

Ептен ведра и смешна considering тематиката и сериозноста.

Пери си има харизма и ја пренесува врз серијата, а засега споредните се во ред, во целина сум презадоволен.
Можеби е уште рано да се збори, ама со Anger Management не вреди ни да се споредува.
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Обавезно ќе се гледа, како и се каде што до сега се појавил Метју. Како што гледам, има добри глумци, креаторот на серијата Скот Силвери е веќе добро познат по Friends и Joey, спремна ми е пилот епизодата за гледање, очекувам успех...
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Метју Пери се врати триумфално на NBC


Неофицијално стартуваше новата телевизиска сезона во САД со премиерата на новата серија, Go On со Метју Пери, кој повторно се враќа на NBC по неколку години.
Популарниот Чендлер од „Пријатели“ се враќа во ситком каде што го глуми спортскиот новинар Рајан Кинг кој се обидува да препороди загуба, со тоа што ќе биде натеран да оди на терапија.
Специјална премиера на серијата беше емитувана на NBC во текот на вчерашната вечер и со lead-in помош од Олимписките игри, лесно освои најголеми рејтинзи за телевизиската мрежа за нова серија во последните неколку години, добивајќи 5.6 рејтинг во 18-49 и 16.1 милиони гледачи, што е втора најгледана премиера на нова серија во последниве неколку години воопшто во САД (по ланската на 2 Broke Girls).
Новите епизоди продолжуваат од 11-ти септември.
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
За неколку саати е втората епизода во Америките :)

Очекувам доста од серијава, ке видиме дали ќе ги исполни очекувањата :cool:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Го гледав пилотот, ми се допаѓа, башка Метју е во нејзе, не може да биде лоша...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.913
Пилотот беше супер, се надевам дека и натаму продолжува исто (y)

Божино, не ти се допадна пилотот тебе или понатаму серијава не оди како што треба?
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
Пилотот беше супер, се надевам дека и натаму продолжува исто (y)

Божино, не ти се допадна пилотот тебе или понатаму серијава не оди како што треба?
Moжеби лошо се изразив, мене пилотот ми се допадна, понатаму се повеќе и повеќе ми беше сеедно дали ја гледам серијата, ме разбираш? :) Ај ако изгледате цела сезона (откупена е прва, ама се помалку гледаност, можеби нема да има втора) и ако кажите дека е супер, ќе ја изгледам. Атер за Метју. :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.913
Не, тоа ме интересираше, дали е вкус во прашање или мислиш дека не го задржува квалитетот. Пошто ми беше чудно да не ти се допадне пилотот стварно беше онака Дарк Чендлериш со јаки линии како: "You are a nice lady, I'll send you all my sad friends" :pos:

Многу повеќе ми се допаѓа од Mr.Sunshine.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Смешна е серијата ако ви се смешни типичните клише ликови. Немам проблем јас со тие, веќе видена и пробана идеја која успева. Лудиот лик со брадата го има во скоро секој филм/серија и пак ми е смешен, иако истите шеги ги имам видено и на други места. А и Метју си е истиот саркастичен лик како и секогаш, но не го прави тоа несмешен :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom