ГМО - генетски модифицирана храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
@moongoses
Не можам да ти објаснам подобро од ова што веќе (можеби и премногу) детално ти го елаборирав. Се обидов да ти го сублимирам проблемот во едноставно објасување: резултатот од модификација на еден организам со директна рекомбинација, со делови од ДНК на друг организам, како резултат дава сосема нов организам. Тоа нов организам, значи: НОВ. ОРГАНИЗАМ.

Тебе (како на лаик) не ти е јасно како тоа е нов организам, кога е резултат на збир од два „стари„ облици на живот. Епа за да интимно и детално го разбереш тоа, ќе мора многу повеќе да читаш и да се едуцираш.
Јас не можам овде да те едуцирам во детали за генетика и напредна биологија, тоа треба сам да го направиш.

Реалноста е дека ти си имаш некои свои претпоставки и ставови, кои никако не се засновани на детално познавање на материјата. Тоа незнаење те спречува да разбереш за што ти се зборува. Кратко и лесно shortcut решение за твојот проблем не постои, само посветена едукација.
Од тој аспект, ти посакувам среќа и успех. Во овој денешен свет фалат отворени и љубопитни умови, со жед за знаење. (y)
Уште на почетокот реков дека само површно ја следам проблематиката и затоа поставив неколку прашања, мислејќи дека на темава има некој кој е суштински подлабоко навлезен, но за жал се излажав. Не добив ниту еден, барем површен одговор, на многуте конкретни прашања кои ги поставив. Наместо тоа само повторување на едно те исто. Нов организам те нов организам. Секое никнато растение или родено животно е нов организам. Тоа ти што го подразбираш под нов организам е нов вид, подвид, вариетет или нешто слично. Не одговори ни каде според тебе би припаѓал тој патлиџан со ген од рипка во систематиката.

Во секој случај, благодарам за времето и трудот.
 
Дел од законот за генетски модифицирани организми. Малку е подолг текстот ама е концизно и сосем доволно објаснето за секого, која е разликата.

Член 3
Дефиниции

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следното значење:
1.Жив организам е било кој биолошки ентитет способен за репликација или пренесување на генетскиот материјал;
2. Генетски материјал е дел од растение, животно, габи, микроорганизам или вирус кој содржи наследна информација;
3.Микроорганизам е секој микробиолошки ентитет, клеточен или неклеточен, способен за репликација или пренесување на генетскиот материјал, вклучувајќи ги и вирусите, вироидите, културите од животински и од растителни клетки.
4.Генетска модификација е намерна, индуцирана промена на наследниот генетски материјал на организмот, на начин кој природно не се случува со процесите на размножување и/или природна рекомбинација.
5. Генетски модифициран организам (ГМО) е организам во кој генетскиот материјал е променет на начин кој природно не се случува со процесите на размножување и/или природна рекомбинација. Генетски модифициран-организам настанува со користење на било која од техниките на генетска модификација дадени во член 4 од овој закон.
6. Генетски модифициран микро-организам е секој микроорганизам чиј генетски материјал е променет на начин кој не се случува природно со процесите на размножување и/или природна рекомбинација. Генетски модифициран-микроорганизам настанува со користење на било која од техниките на генетска модификација дадени во член 4 од овој закон.

Член 4
Генетска модификација
(1)
Генетска модификација се врши со примена на следните техники:
1) техники за рекомбинација на нуклеински киселини со користење на вектор системи (ин витро создавање на нови комбинации на генетски материјал со внесување на молекули на нуклеински киселини во вирус, бактериски плазмид или друг вектор систем и нивно вградување во организам на домаќинот во кој природно не се јавуваат, но се способни за континуирано размножување во истиот).
2) техники кои овозможуваат директно внесување на ин витро припремен наследен материјал во организмот, вклучувајќи техники на микро-инјектирање, макро-инјектирање и микро-енкапсулација.
3) клеточна фузија или техники на хибридизација, при кои живите клетки со нова комбинација на наследен материјал се формираат по пат на фузија од две или повеќе клетки на начин кој природно не се случува.
(2)За генетска модификација не се сметаат следниве активности, под услов истите да не вклучуваат рекомбинантни нуклеински молекули или ГМО како почетен материјал, создаден со други техники од техниките наведени во став (1) од овој член:
1.ин витро-оплодување;
2.природните процеси, како што се: конјугација (спојување на две ќелии), трансдукција (процес во кој се пренесува ДНК од еден на друг едноќелиски микроорганизам со помош на вирус) и трансформација;
3.полиплоидна индукција;
4.култура на ткиво.
 
Уште на почетокот реков дека само површно ја следам проблематиката и затоа поставив неколку прашања, мислејќи дека на темава има некој кој е суштински подлабоко навлезен, но за жал се излажав. Не добив ниту еден, барем површен одговор, на многуте конкретни прашања кои ги поставив. Наместо тоа само повторување на едно те исто. Нов организам те нов организам. Секое никнато растение или родено животно е нов организам. Тоа ти што го подразбираш под нов организам е нов вид, подвид, вариетет или нешто слично. Не одговори ни каде според тебе би припаѓал тој патлиџан со ген од рипка во систематиката.

Во секој случај, благодарам за времето и трудот.

Во подвлеченото е проблемот.
Едноставно не може со површно знаење да се разбере темата на дискусијава.

Исто како што не можеш да читаш без да ја научиш азбуката, или да решаваш задачи од виша математија без да владееш основна математика.

Јас се обидов, нека проба некој друг ако може подобро да објасни за конкретните прашања. Поздрав, и секое добро во едукацијата.[DOUBLEPOST=1408021631][/DOUBLEPOST]

Проблемот е во потцртаниот болдиран дел.
Разбирање на одговорот на твоите прашања, бара и соодветно ниво на знаење. Посебно ако тој договор не ти се допаѓа (од кои и да е, лични причини или убедувања).

Мене ми е жал што не успеав да ти го објаснам моето гледиште, иако мислам дека тоа го направив ма таков начин да биде доволно лесно „сварливо„.
Во меѓувреме можам само да ти порачам да не се откажуваш од желбата за нови сознанија, и да си ја продлабочиш едукацијата.
 
Последно уредено:

А каде е проблемот што не добив одговор на ниедно поставено прашање од претходните постови?
 
Сега ова веќе почнува да личи на конфронтација. Нема потреба да бидеме непријатни, само затоа што бараш одговори на прашања кои не може да се разберат без подлабока едукација на темата на дисукусијата.
Пак ќе повторам јас се обидов искрено и детално да одговорам. Уште еднаш, на тебе ти посакувам се најдобро во потрагата по знаење... а јас мислам дека овде ќе престанам со дирекна комуникација.
 
Nestle користи ГМО, самите си го потврдуваат:

http://www.nestle.com/aboutus/ask-nestle/answers/gmo-genetically-modified-organisms

Тоа не е ништо ново, општо познато е со години дека Нестле кориси генетички модифицирани супстанции во своите производи.

Исто како што е познато дека во Швајцарија - матичната држава на Нестле, Нестле го поддржува правото на вода како човеково право, односно им признава на Швајцарците дека водата е човеково право, а не производ со кој може да се тргува за профит.

Но затоа не им претставува проблем на Нестле да продаваат флаширана вода во Брегот на Слоновата Коска, Нигерија и некои други афрички држави.

Е па, приватна компанија се, на крајот на краиштата, првата и најважната цел им е да остварат профит, без разлика од каде доаѓа истиот тој профит и без разлика на каков начин е стекнат истиот тој профит, се додека законот не ги попречува, се разбира.
 
Denes vo svetot nema ostanato nitu edno zrno prirodna pcenka, se e GMO....zatoa taa nikogas ne e na listite za zdrava hrana...slicno e i so sojata. Dobrite nutricionisti pocnuvaat da gi zabranuvaat во диетите, ne zosto se stetni kako zelencuk, a zosto se e GMO...
 
Еве еден прилично добар текст кој објаснува доста работи за ГМО од двете страни, за и против.
За жал во моментов немам време да го преведам, кога ќе имам време дел по дел ќе преведувам или ако некој од вас има време може да издвоите некое делче кое сметате дека е добро за дискусија.
 
За општо добро, а ги пуштаат во природа без претходно да ги информираат граѓаните.

Утре ако, не дај Боже, истече радиоактивно гориво од некоја нуклеарна електроцентрала, и тоа ли ќе биде за општо добро, само бидејќи граѓаните ја користеле електричната енергија која нуклеарната електроцентрала ја произведувала ?
 
Ќе го нарушиме распоредот на самата природата и ќе отидеме јабана...
Тешко за верување е дека комарциве се пуштени за да природните не шират болести.
Не знам, сигурно знаат што прават, али агендата која им е...
 
Јас проблемот не го гледам во технологијата, туку начинот на кој таа се користи.
Мене ме интересира кој тоа им даде право на приватни корпорации да носат такви одлуки од глобално значење... да пуштаат во природа генетски модофицирани организми (во случајов инсекти).

Такви одлуки треба да носи некое меѓународно тело, и тоа исклучиво после детални истражувања и со неопходен кворум од собрание на независни научници.
 
И тоа меѓународно тело со тек на време ќе го корумпираат, исто како што од поодамна ги имаат корумпирано законодавните и судските власти во САД и во останатите држави кои безусловно го одобруваат производството на генетички модифицирани организми и на генетички модифицирани производи.

Тоа што е потребно е задолжително обележување на генетички модифицираните производи кои содржат најразни хемикалии и организми кои не би ги содржеле доколку би биле добиени по природен пат и јавна база на податоци која ќе биде бесплатно достапна за сите да можат да се информираат какви последици може да предизвика врз луѓето, а особено врз луѓето со хронични или слични заболувања, било кој конкретен генетички модифициран производ или генетички модифициран организам кој е во продажба или пуштен во природа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom