Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.501
- Поени од реакции
- 36.756
И што има тука лошо во внесување на гени од еден организам во друг организам.
...
Не гледам лошо во тоа што човекот сака да игра Бог и не гледам ништо лошо што сака да си игра со генетиката.
Што ако измислат растение што има протеински квалитет како месо или јајца,тогаш цела храна и сите животни ќе можат да бидат слободни и кампањата на Greenpeace ако биде против,тогаш ќе бидат во заблуда нели,затоа што нели за тоа се борат за подобар и поквалитетен живот....
...тра ла ла ла...
... ако идеме веќе по органскиот пат се сеќавате на E.Coli од Германија што произведува само органска храна...
...појма немам што зборам... си лупам глупости како што си прдам кога е петок и се јаде гравче чорба....
Во ред е да не знаеш, зошто никој не е роден учен.
Но не е во ред да серкаш глупости глупости и страња, без потоа да прочиташ што потоа ти објаснуваат. Тоа е веќе монолог од глупости а не дискусија. Немам видено да тролаш на форумов, така да претпоставувам дека се работи само за одредени... ограничувања. Затоа и ја имаш мојата стрпливост. Засега.
Пази сега, прочитај внимателно и обиди се да разбереш за што зборуваме тука.
Не спориме (барем јас никогаш не сум го правел тоа), дека генетскиот инжинеринг е лош сам по себе. СПОРИМЕ ДЕКА НА СЕГАШНОТО НИВО НА РАЗВОЈ НА ТАА НАУЧНА ДИСЦИПЛИНА, ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛТАТИ НЕ СЕ ИСПИТАНИ НИТУ ДОВОЛНО БЕЗБЕДНИ ЗА ЧОВЕЧКА УПОТРЕБА!!!
Можеш ли да го разбереш тоа?
Кој би имал нешто против „растение што има протеински квалитет како месо или јајца„, ако тоа растение предходно добро испитано и докажано дека е безбедно за човечка исхрана...?
Ама фактите, научни факти од научни студии од познати и признати научници, фактите велат дека ова што сега го произведува Монсанто НЕ Е БЕЗБЕДНО!!!
Кога ќе прозведат нешто што е ДОКАЖАНО БЕЗБЕДНО, тогаш тоа ќе биде друга работа. Вака како што сега стојат работите, се одвива огромен експеримент во живо... и сите ние сме заморчињата.
Можам многу подетално и понаучно сето ова да го напишам, ама не сакам да ти ги предизвикувам можностите. Потврди дека до тука ти е јасно па можеби ќе продолжиме понатаму.