Златен ориз, како што читам со гени од нарцис и почвена бактерија... ја ова не би го јадел од повеќе причини

Ако дневните потреби на возрасен човек средно се 700-800 μg од витамин А, а 100 гр ориз "произведува" околу 30% витамин А, треба да внесе
1.5 до 2 кг ориз дневно. Да не зборуваме за факторот на конверзија и варењето на оризот. Постојат многу други растенија и храна кои имаат многу поголем потенцијал за витамин А.
Во 100 гр/µg
листови од коријандер 1,166-1,333, зелка 217, листови од кари 1,333, листови од ротквица 750, листови од нане 150-300, спанаќ 600, морков 200-430, тиква 100-120, манго 500, портокал 55, црвен домат 30, млеко 50-60, путер 700-1200, јајце 300-400, џигер 6-10.000, рибино масло 10.000-100.000
Проблем на се поголем недостаток на витамин А (па и зголемен број болести и штетници) се монокултурите и неизбалансираниот биодиверзитет, а природата и без гм растенија содржи доволен број организми потребни да ги задоволат барем основните потреби од витамини.
Европската Комисија сега засега со две раце им помага на овие компании. Пролетоска излезе напис за забрана на автохтоните сорти и казните кои ги предвидува ЕК
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5913821286&id=9&prilog=0&setIzdanie=22874