Граѓаните на Македонија треба да и заблагодарат на владата што е толку коректна, оти при ваква опозиција и се’ она што се нарекува партија во држава, и покрај толку граѓански здруженија, ние треба да бидеме среќни што колку толку власта не ги поминува границите, кои може да ги помине оти во оваа држава нема кој да реагира ако власта повлече погрешен потег. Пред неколку дена се донесе владина одлука за Правилник за користење на ГМ храна за животни кој треба да стартува од октомври. Но, оваа загрижувачка одлука мина туку така, без никој ни да каже еден збор или пак да и објасни на јавноста што е тоа ГМО, и што опфаќа Правилникот, колку ќе се почитува одредбата сточната храна која содржи ГМ да има ознака, колку тоа ќе успее некој да го исконтролира и на крај краева дали со ова не се отвора вратата за уште поголем влез на штетна храна по здравјето и на луѓето и на животните.
А кој да објасни, кога во оваа држава прстето на Весна Бендевска е поважно од два милиони луѓе. Е затоа на следните предвремени или пак, редовни парламентарни избори опозицијата нека биде благодарна ако освои 15 пратенички места. Далеку од тоа дека СДСМ ќе донесеше поинаква одлука ако беше на власт, но во моментов имаат тема со која можат да ја растргнат владата надолго и нашироко, да покажат дека покрај нивните ектремитети кои им настрадаа кога беснееа во Собранието на 24 декември минатата година, барем малку се грижат и за здравјето на граѓаните од кои бараат гласови.
Не реагира ниту Лилјана Поповска од ДОМ. Иако најави кампања против ГМО, сега никаде ја нема, побитно и се виде да реагира за индустриското загадување, за кое веќе 100 пати одржа прес- конференција отколку да каже збор два што значи одлуката на власта од која е дел и таа.
Во другите држави постојано се говори за ова зло, говорат научници, стручни лица, но нашите академици од МАНУ единствено се засегнати дали некој од нивните редови ќе биде лустриран, а не за битни работи со кои се занимава светската научна елита.
Граѓанските здруженија се посебана приказна кај нас. Финансирани од американски Сорос, а со оглед на тоа што ГМО е исмислица на Американците, „не е пожелно“ нуту тие, ниту пак медиумите финансирани од американски пари да кажат збор два против оние кои, според сите показатели планираат да го уништат човештвото, оти мешањето на разно разни гени во семиња, вметнување на гени на луѓе во животни, разно разни експерименти кои се косат со законите на природата, неминовано ќе доведе до уништување на човечкиот род. А никој не реагира!
Владата може, народски кажано да прави што сака, но некој треба да и каже дека тоа што го прави не е добро, да се крене опозицијата, како и граѓанските здруженија, за да се издејствува власта да ја поништи одлуката и ГМО да се забрани во Македонија.
Правдањето дека Правилникот донесен од Агенцијата за храна и ветеринарство е во согласност со европските стандарди не држи. Македонија уште не добила датум за преговори со ЕУ. Ако случајно ГМО е услов за да влеземе во европското друштво, а не е, тогаш при преговорите кои обично траат со години, може Брисел и ќе го постави тоа прашање, па јавноста ќе разбере што бараат Европејците од нас, и тогаш ќе се развие дебата, дали сме или не сме за ГМО во Македонија. Но, повторувам, ГМО не е услов за ЕУ.
Во дискусиите и обидите да се оправада оваа одлука, некои и малку наивно коментираат дека ГМО е воведено за животни, а не за луѓе. Не треба посебно да се објаснува дека тие животни хранети со ГМ храна ги јадеме ние, ги јадеме нивните производи, месо, млеко, јајаца и да не набројувам.
На „Топпост“ има премногу текстови за опасноста од ГМО, кој сака може да ги прочита и доволно да се информира за каков експеримет се работи. Руските научници прдупредуваат дека животните хранети со ГМ храна по четвртата генерација стануваат стерилни.
Многу истражувањата покажале дека животните хранети со таква храна имаат симптоми на забавен раст, оштетен имунолошки систем, крварење во стомакот, ненормални и потенцијални канцерогени клетки во цревата, оштетување на крвните зрнца, изобличени структури на клетките во црниот дроб, панкреасот и тестисите, промени во експресија на гените и клеточниот метаболизам, слабо развиени органи, намалени дегестивни ензими, висок на шеќер во крвта, воспаление на белите дробови, зголемената смртност и повисок моратлитет.
Да напоменеме дека е докажано дека ГМО предизвикува 65 болести. Крајниот резултат на ГМО е смрт. И плус со самата помисла дека ГМ храната е виновна за стрилитетот, јасно е дека еден ден ќе нема оплодување.
Истражувањето на француски научници покажале дека глувците хранети со ГМО храна заболуваат од рак.
Занчи, во ГМО нема ниту една добра работа за ние да се коцкаме со нашите животи и со животите на животните. ГМО е профит и ништо повеќе од тоа.
Колку може за човекот да биде прифатливо да конзумира храна во која има гени од глушец, гуштер, од човек, што е најстрашно.
ГМО не познава граница: се работи за еден механички трансфер на гени од организмот кој го дава генот (донор) во организмот кој истиот тој ген го прима (акцептор), преку техники кои не познаваат никакви бариери; на тој начин, буквално, може да се земе било кој ген од било кој организам и да се вметне во генетската основа на некој друг организам. Еве еден пример: од рибата иверка, која живее во северот од Атлантскиот Океан, се изолирани гените кои се одговорни за добро поднесување на ниски температури, и преку техниката на генетски инженериг, овие „антифриз“ гени се вградени во доматот, со што се продолжува сезоната за одгледување.
Во Северна Америка се експериментира со лосос, во кој што е вграден човечкиот ген одговорен за создавање на хормонот за растење и на тој начин се забрзува растот и се зголемива големината на лососот. Човечкиот ген за хормон на растот , исто така се внесува и во геномот на крави и свињи.
И што е најстрашно, се внесува човечки ген, т.е. од жена во крава, за да се добие млеко со хемески состав најблизок до мајчинскиот.
Во САД бараат да се стави ознака на ГМО производите, но, како што вели Норман Браксик, претседател на „Asgrow Seed“, компанија ќерка на „Монсанто“: „Ако ставите етикета на генетски модифицирана храна, тоа е како да сте ставиле етикета на глава на мртовец со коски“.
И , за жал, по сите овие инфорамции што е ГМО, кај нас е донесе ваква одлука, а само пред неколку месеци власта се колнеше дека кај нас нема ниту ќе има ГМО. Денеска разбравме дека кај нас продажбата на дел од генетички модифицираната храна е дозволена уште од 2008 година, со одобрение на агенцијата, ниту една фирма не побарала дозвола за да внесе на пазарот. Но зошто министерот Љупчо Димов ова не го кажа во јуни, туку не уверуваше дека кај нас не е дозволено ГМО и дека нема ГМО.
На крајот излегува дека овој проблем не засега само неколкумина. Ако продолжи молчењето и незаинтересираноста да и се укаже на власта да ја поништи одлуката, и сите досегашни акти кои одобруваат ГМО, кое може да доведе до истребување на и овој и така малку народ колку што сме, единствевно што ни преостанува да станеме вегетарјанци, да имаме свои градини, или пак, да одгледуваме дома добиток за да знаеме што конзумираме.
Ирена Радовановиќ