Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.

  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.
Немој да вадиш зборови од уста. Сакаше да каже тоа што го кажа, не тоа на кое ти целиш.
 
Т.Е. кажуваш Ак не ви чинит, не идајте :) позз4е:back:
НЕ!!! Туку сакам да кажам дека условите се тие кои се, како за тебе како турист така и за мене како човек кој живее тука.

Требит да сватите дека во Охрид имат и луге шо не заработуваат од туризмот и колку што се сурови цените за тебе толку се сурови и за мене.

Мислиш мене ми е мило цела година да пијам кафе за 30-40 ден и одма оооп на лето да се оптегвам по 60-70 за истото. Како шо кажав и прееска мене не ми го даваат гратис и јас си го плаќам а ниту гости редам ниту шанк на плажа држам а имат и др како мене не сум само јас.:helou:
 
Тоа ми е бе друже муабетот тоа ми беше од уште рано прво мислење. Дека го претеруваат со цените, и самите сте си свесни за тоа. Епа чим сте свесни превземете нешто, ама по логика и македонски народни приказни човековото око никогаш не е задоволено, сака повеќе пари. Јас искрено незнам како му се исплати на угостителот 9 месеци да го наплаќа кафето по 30-40 денари и некои 3 месеци да му ја рипне цената, јаките муда ако и тие 3 месеци остане иста цена кафето, пак ќе се преполни пари, и тоа двојно, тројно повеќе одколку што крка со новите цени. Проста математика, 40 денари кафе денес 4 пати ќе дојдам да пијам кафе 4*40=160 денари, а кога е 60 ќе дојдам еднаш до два пати тоа се 60/120 денари т.е. -40 денари. (примерот е безвезе напишан, не ми обрнувајте многу внимание на напишаните цени)
 
На цените не обрнувам внимание, океј, ама тоа дека четири пати во денот ќе пиеш кафе во кафич, на друг објаснувај му... Треба само по кафиња да си цел ден за да постигниш.

Џабе објаснуваш, и кучињата лаат и карванот врви, и ние знајме дека се високи цените, живејме ко туристи три месеци, и пак ништо не се променвит. :back:
 
И без пари кафе да делет и 150 да е мало макиато исто гужва ке имат, сезона е то е то. Се чудам по која логика сакате да останет исти цениве, да беше едино место шо кревет цени само за сезона можда и ке разберев...ама ова немат смисла... Друго, вие не плаќате за кафето колку шо плаќате за местото, ако не чао пријатно имате кафемати ова она...

Јас искрено незнам како му се исплати на угостителот 9 месеци да го наплаќа кафето по 30-40 денари и некои 3 месеци да му ја рипне цената, јаките муда ако и тие 3 месеци остане иста цена кафето, пак ќе се преполни пари, и тоа двојно, тројно повеќе одколку што крка со новите цени.

А ако поефтинит уште појке то е уште поголем профит, милиони... Ова математика со 200 маси се прајт, а моментално е премија да најш слободна...
 
Ќе бојкотирате охридскиот туризам а? Скапи се цените на пијачките, сместувањата, лежалките, паркингот... добро бе само на скопјаните им се скапи а?
Јас од Охрид сум и ако на скопјанецот(го зеам него за пример пошо глеам тие најпојке се бунет) му е скапо кој е овде во ОХ за 2 недели шо да кажам јас шо живеам тука и цело лето требит да ги плаќам истите цени за пијачки, лежалки... или мене гратис ми ги даваат?

И на крајот од краиштата тие се цените бе кој сака идет седит и уживаат на кој не му се свигат не идат и крај. Не е начин само да се убедуваме по форуми.
А вервете никој не трчат по никого да молит да дојт во ОХ.

За цените како шо растит популарноста на градот и туризмот во него така и растат цените...едноставно нели???

:pop: Ај ќе ти текне. 100 пати беше дискутирано на темава,не води нигде.
 
Абе многу ја масирате за цените. Па турустичко место е, нормално е цените да се високи преку лето.
 
АМан бре веќе со тоа цените!!! Ајде од другиве градови да се бунат ама од тука бе,од Скопје??? Па што е поскап Охрид од Скопје што толку се жалите??
Исти се цените дри охрид е и малку поефтин од Скопје. И тоа е факт и нема шо да се убедуваме тука.
А тоа дека у сезона е поскапо е многу нормално. Каде не е така??
 
нескафе со шлаг(во кој шлагот е само 1 цм. ни чоколаден прелив ни нишо) 110 ден.
(ова ми се деси минатиот вторник ко бев Скопје)-на кеј
 
Тоа ми е бе друже муабетот тоа ми беше од уште рано прво мислење. Дека го претеруваат со цените, и самите сте си свесни за тоа. Епа чим сте свесни превземете нешто, ама по логика и македонски народни приказни човековото око никогаш не е задоволено, сака повеќе пари. Јас искрено незнам како му се исплати на угостителот 9 месеци да го наплаќа кафето по 30-40 денари и некои 3 месеци да му ја рипне цената, јаките муда ако и тие 3 месеци остане иста цена кафето, пак ќе се преполни пари, и тоа двојно, тројно повеќе одколку што крка со новите цени. Проста математика, 40 денари кафе денес 4 пати ќе дојдам да пијам кафе 4*40=160 денари, а кога е 60 ќе дојдам еднаш до два пати тоа се 60/120 денари т.е. -40 денари. (примерот е безвезе напишан, не ми обрнувајте многу внимание на напишаните цени)

Самиот факт дека е туристичко место и дека има повеќе луѓе, туристи, си влече со себе и поголеми цени.

Не ја гледам поентата да се жали некој дека цените се скапи за едно макијато кое пораснало од 50 на 70 денари, кога тоа е сосема пристојна цена, особено па Скопјани не знам што се жалат, 70 денари Макијато било скапо или 90 денари пиво, нешто што во Скопје е секојдневие и цените се постојано такви.

За храна, пијалаци, кафиња - цените се сосема пристојни.
А дека не е совршено не е, ама никаде не е совршено, ама барем мое е си го сакам таков каков што си е. Бисер Македонски.
 
А каде тоа ние рековме дека ги поддржуваме цените на Кеј?

Дај веќе,доста мешате работи,од 10 страна темава се врти во круг.
 
Не мешам, само кажувам дека е нормално да поскапуваат цените во туристичко место, а не може никој да ме убеди дека за на одмор, 70 денари макијато е многу, 90 денари - пиво е не знам катастрофа и слично.
 
Нормални се цените за туристичко место. И во кафич во Струмица кафето е 50 денари, а не е туристичко место. Додека Охрид во лето врие и има многу туристи па нормално е цените да рипнат за 20-30 денари.

Е сега услугата веќе, тоа е друг муабет .......
 
Еден тон самопрогласени бизнисмени има и сеуште никој не сваќа зошто растат цените.
Патем речено цените се еквивалентни ако не и поефтини од Скопје, а услугата е одлична-јас навистина не знам каде се тоа е толку лошо. Баш и со фантом разговаравме на оваа тема.
Во охрид е прекрасно, не е бора бора но е повеќе од пристојно-лудило!
 
Самопрогласени бизнисмени прочитав единствено од охридскиот табор. Другите дискутираат исклучиво во својство на туристи, врз база на искуствата кои ги имаат од други туристички места, правејќи компарација со услугите и нивните цени кои ги добиле во Охрид.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom