Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.


  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.
Ма како сакате ме сваете...Пред некоја недела отидовме со Тато и еден другар на тато..Да му го оставиме детото во Охрид...Од тоа што го видов се разочарав,само странси туристи очигледно дека ги цените и постојат за вас,но дргата година ќе плачете...Не само за скопјани,туки и за струмичани...Подбро ќе одам во Грција,барем знам дека и морето е наше:helou:,и имаат 100 пати подобра услуга од вас.
 
Рече тринаесет годишното струмичанче кое е голем патриот со тоа што ќе оди во Грција. Пиздус материнос екос грекос.
 
џабе се глупирате , од 20ти јули до 20ти август во Охрид ке биде лудница ...
 
Охрид е лудница више ама и Струга не е лошо
 
Слушнавте за малолетниците кои тероризираат во Охрид и ги измавале на некои Скопјани? И ај после непрај бојкот..

Леле леле сите уплашени, одат тие со моторна пила и ремпејџ, оуниџ.
Или фрст блад, финиш хим, фаталити, дабл фаталити.
Другите со секири, од дедовците наследени и мавај. Последниот со казма, од страна се сипува некој со скепар. Има и еден со мало секирче. Вежбал од мал да го фрла.

Поединечни случаи не се репер за целата состојба.
Да, има работи кои не чинат и треба да се поправат.
Се во свое време и колку средства, иницијатива и волја се има.
 
Грција да не идеме, Охрид да не идеме, па каде?
Ех златен Воен!
Ја сепак ќе си идам у Охрид како и да е. Охриџанче сум бе алооо.. Ма не за друго златна куќа празна да не остане. Против бојкотирањево сум!
 
Дали кај шо ојдовме на вечера, бевме услужени за помалце од минута? - Да.
Дали бевме послужени за помалце од 15 минути (четири пици)? - Да.
Дали беа културни и услужливи девојките од персоналот? - Да.
Дали цените беа во ред? - Да.

Дополнете по желба. :back:
Се беше како што треба. Ни го виде и сместувањето, и тоа беше супер.
Можеби јас отидов со некакви искривени очекувања баш поради предупредувањата на темава.
Но еве еден мој пријател вчера стигна во охрид и баш го прашав како е со цени и услуга, он вели дека се е одлично. Можеби баш форумот имал удел во тоа, искрено се надевам-како и да е ова лето е убаво.

Фантом, едина маана беше што ми ставија повеќе кулен од што очекував. :pos:
 
Да си го спакуваше за дома да си земеше... :vozbud:
 
Од темава е очигледно дека има еден куп незадоволни туристи од Скопје (меѓу кои сум и јас) + плус еден куп тврдоглави Охриѓани кои земаат пари од туристите (т.е нудат квази-туристички услуги)

Е, тие две групи, пошо очигледно се у интеракција, и можат да имаат взаемна корист, место да се инатат и вреѓаат, нели треба, по некоја логика као да побараат решение заедничко, некој компромис?

Факт е дека Охридската туристичка понуда и услуга не е ко што треба. Факт е дека Охриѓани имаат голема корист од туризмот, кој, во најголемиот дел, го сочинуваат Скопјани. Факт е и дека Охрид како место е преубав, и дека Македонците, место да бегаат по грции, бугарии и остали држави у потрага по нормална услуга, треба истата да ја најдат во Охрид, како место кое е наше.

Значи, од взаемен интерес е незадоволството, кое итекако го има, да се сведе на минимум.

А, за тоа е потребно Охриѓаните, кои нудат нешто и земаат пари за тоа, да си го смират гневот и пристрасноста и сериозно да ги разгледаат поплаките. Од истите можат да извлчат корист.

Не го гледајте бојкотов како напад. Погледнете го од аспект на критика која сака да изроди со плод, со некоја промена. И тоа, во име на заедничка корист.
 
А фискална каса носеше продавачот? :kafe:
Финансиско-туристичка некултура...

И немој да ми кажеш дека на плажа продавал ѓомлезе :pos2:

И нормално дека ќе го избркаат, кога слушнале колку пари е ѓомлезето :nesvest:

Ако си биден Грција сигурно си ги видел оние шо продавет крофни...тие фискална не давет...не гледам некој за нив да се побунил
 
Од темава е очигледно дека има еден куп незадоволни туристи од Скопје (меѓу кои сум и јас) + плус еден куп тврдоглави Охриѓани кои земаат пари од туристите (т.е нудат квази-туристички услуги)

Е, тие две групи, пошо очигледно се у интеракција, и можат да имаат взаемна корист, место да се инатат и вреѓаат, нели треба, по некоја логика као да побараат решение заедничко, некој компромис?

Факт е дека Охридската туристичка понуда и услуга не е ко што треба. Факт е дека Охриѓани имаат голема корист од туризмот, кој, во најголемиот дел, го сочинуваат Скопјани. Факт е и дека Охрид како место е преубав, и дека Македонците, место да бегаат по грции, бугарии и остали држави у потрага по нормална услуга, треба истата да ја најдат во Охрид, како место кое е наше.

Значи, од взаемен интерес е незадоволството, кое итекако го има, да се сведе на минимум.

А, за тоа е потребно Охриѓаните, кои нудат нешто и земаат пари за тоа, да си го смират гневот и пристрасноста и сериозно да ги разгледаат поплаките. Од истите можат да извлчат корист.

Не го гледајте бојкотов како напад. Погледнете го од аспект на критика која сака да изроди со плод, со некоја промена. И тоа, во име на заедничка корист.

Ај жити се опулиго постов мој шо предходно го имав напишано и напишиси слободно некое искуство поради кое си изреволтиран и згрозен од услугата во Охрид пошо досега ништо такво не видов на темава, само празни зборој.

Добро вака сеа до сите изреволтирани туристи од Охридската услуга неколку прашања:
Кога сте биле избркани од некој кафич/ресторан на клоци?
Кога сте чекале повеќе од 10 мин. за да бидете услужени(а колкави гужви имат да не прајме муабет)?
Кога сте ја вратиле храната/пијачката со образложение дека не чинит?
Кога ќелнерот(кого го изнаплукавте во постојве) ви се имат испонашано дека сте скопјанишча дека сте дрски и неубај и сл.?
Кога сте платиле поскапо во ОХ одколку во некој кафич во рамстор?

Кажете факти, настани вас кои ви се десиле да продискутираме за нив малце и бунетесе тогаш а не овде да ми се прајте оштетени и да ми качите некојси ПАПАРАЦО ФОТКИ.

АЈ НАВАЛЕТЕ...
 
Ако си биден Грција сигурно си ги видел оние шо продавет крофни...тие фискална не давет...не гледам некој за нив да се побунил
Иако се обраќаш на друг член, сепак и јас ќе си дозволам да одговорам.

Ако не приметивте, темава е за Охрид. Македонски, наш град, кој ние, Македонците, сакаме да го посетуваме.
Да не занимаше повеќе туристичката услуга во други држави, за нив ќе се повикаше на бојкот.
Но, нас како Македонци, не интересира Охрид.
И истиот сакаме да го видиме како вистински туристички град со достојна понуда и услуга.
Оттаму и темава, оттаму и незадоволството.

Не мешајте apples and oranges.

thebest69 напиша:
Добро вака сеа до сите изреволтирани туристи од Охридската услуга неколку прашања:
Кога сте биле избркани од некој кафич/ресторан на клоци?
Кога сте чекале повеќе од 10 мин. за да бидете услужени(а колкави гужви имат да не прајме муабет)?
Кога сте ја вратиле храната/пијачката со образложение дека не чинит?
Кога ќелнерот(кого го изнаплукавте во постојве) ви се имат испонашано дека сте скопјанишча дека сте дрски и неубај и сл.?
Кога сте платиле поскапо во ОХ одколку во некој кафич во рамстор?

Кажете факти, настани вас кои ви се десиле да продискутираме за нив малце и бунетесе тогаш а не овде да ми се прајте оштетени и да ми качите некојси ПАПАРАЦО ФОТКИ.

АЈ НАВАЛЕТЕ...
Е за парите кои ги даваме, уште избркани на клоци да бевме...Или само таквите екстреми заслужуваат критика?

Али штом си запнал за примери, еве неколку:
-Кога таксист ќе те чуе дека си од Скопје, се дрзнува да ти наплати 400 ден. за превоз од Градиште до Пештани (да, тоа ми се има случано, откако со друштво се враќавме од забава во Градиште и ни требаше траспорт до Пештани, каде веќе не чекаше комбе...Или требало пешки да си идеме? Пошо нели, ако не ни чини, што се возиме у кола?)
-Седиш 20 минути на терасата од ресторанот во хотел Десарет, а никој не доаѓа да те услужи. Здогледуваш келнер кој си мести навлаки на столици и го повикуваш, а тој ти вика: Полека, гледаш дека работам, не седам.
-Одиш во продавницата во кампот Градиште и купуваш Rodeo сладолед. На таблата стојат унифицирани цени, кои треба да бидат сегде исти, но продавачот сладоледот ти го наплаќа 20 денари поскапо. Кога го прашуваш зошто е тоа така, ти вели зошто така треба, ако ти чини земи.
-Плаќаш полн пансион во хотел, ама во собата, веќе трет ден по ред, не ти го чистат тепихот, пошто усусувачот се расипал. Но, чистачката е добра, па ти нуди метла да ти ја остави, за да си заметеш.

Сакаш уште примери, или не?
Ги имам еден куп, само кажи.
 
Иако се обраќаш на друг член, сепак и јас ќе си дозволам да одговорам.

Ако не приметивте, темава е за Охрид. Македонски, наш град, кој ние, Македонците, сакаме да го посетуваме.
Да не занимаше повеќе туристичката услуга во други држави, за нив ќе се повикаше на бојкот.
Но, нас како Македонци, не интересира Охрид.
И истиот сакаме да го видиме како вистински туристички град со достојна понуда и услуга.
Оттаму и темава, оттаму и незадоволството.

Не мешајте apples and oranges.

не, пошо некој погоре спомна дека со тие продавачите на ѓомлезе и на крофни шо не издавале фискалини, странциве ќе добијале поинаква слика за градов. Цело време се велите гледајте како се прајт туризам во Грција, Бугарија итн и учите, таму го сте биле,не ви засметало толку, ама колку да се плукнит по градов...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom