GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Парадоксот секогаш ќе го има. До сега најголема фрка со тајм-травел филмовите беше парадоксот и последиците од тајм-травелот врз реалноста, т.е. менувањето на сегашноста кога патникот ќе влијае некако врз минатото. На тој начин се забавуваме до сега и колку и да не болеше глава од парадоксите и мислевме дека се врв на компликацијата, испадна дека можело да биде многу позаебано. Сега ги имаме сите оние работи за кои се направија толку многу документарци изминативе години, нови теории за мултиверзум, црни дупки, времето како друга димензија итн... Интерстелар ги прави старите филмови да изгледаат доста едноставно. Сега кога би гледал филм во кој темата е како патникот оди назад, прави инцидент, се враќа и наоѓа поинаква сегашност... би ми изгледал како клише. До сега најголеми главоболки ми задаваше Даниел Фарадеј во ЛОСТ.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.901
Поени од реакции
11.239
Мене поларната мечка во ЛОСТ сеуште ми задава главоболки :cautious:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Дакле:


Boyhood (2014)

Сакам филмови кои ме тераат да размислувам откако ќе ги изглеам, а филмов ме натера да размислам на повеќе прашања, меѓу кои најважното е: „Зошто го слушаш wot будало една?“. И навистина не знам, од немање работа му реков да ми предложи некој филм а тој вика „Boyhood ми е во топ 3 оваа година“. И јас, ко да не знам шо чоек е, го симнав. Почнав да го гледам, целиот во исчекување дека нешто, кај и да е, ќе се случи. Се разбира, ништо не се случи, или поточно, ништо се случи. Филмот е филм за едно големо ништо кое се случува во тек на 12 години. Како таков, има содржина.

Најспецифична работа за филмов е тоа што е сниман во тек на цели 12 години, при што можете во живо да гледате како децата растат и луѓето се менуваат физички, без шминка. Ако тоа ви претставува некаков wow-ефект тогаш добро. Мене тоа ништо не ми значи.

Филмот е за едно сосема обично дете кое има сосема обично детство. Тоа на некој начин е преувеличување, затоа што јас за себе мислев дека имам обично детство и очекував да се пронајдам во филмот. Испадна на крај дека дека во споредба со детево на филмот, ја можам да напишам бестселер, да заработам милиони и да му отворам кино на Бомбастичниот во Валандово. Значи тапа. Ја не знам како не почна да се дрогира детето, од досада.

Разбирам дека филмов е хејт или лов, малку ми е криво што не најдов ништо за што можам да се приврзам па да ми се допадне. Се обидов. Но не можеш да најдеш нешто во ништото. Згора на тоа, нема никаква инвентивност кај авторот. Буквално не шета во клишето, од моментот кога детето е во школо, па и се допаѓа на некое девојче од класот, па го закачаат малце зошто има поинаква фризура, па проблеми дома, првата девојка, првото раскинување, кампување со татко му, забава со другарите, хоби и така јебо те живот се до колеџ. Филмот нема никакви успони и падови, нема драматика, нема настани што можат да го заинтересираат гледачот, нема ликови за кои можеш да пуштиш солза или да се насмееш. Монотонија која убива.

И сега ова го запакувале во целофан и го продаваат како филм, као wow, цели 12 години е сниман. Па толку и траеше ебате. Отидов да се избричам после филмот мислам дека забележав нови бели влакна.

Кога бев мал и зборевме со другарите за рандом филм што го давале на ТВ, се прашувавме: како тоа баш главниот лик преживеа во сообраќајката? Како тоа баш тој и тој најде куфер полн со пари? Како тоа баш овој затвореник побегна од затвор? Како тоа ова другово дете ги врти видео игрите од прва?

Одговорот е, за да има филм, треба да има и добра причина. Треба да има настани што не се случуваат често и секому, треба да има необични, несекојдневни работи, треба да има нешто што дејтвието го прави различно и посебно. Кај драмите, дури и кога се работи за обични луѓе и обичен живот, треба да има ситуации кои ќе внесат некаква драматика и емоции. Неизвесност, радост, тага, задоволство, болка, хумор, авантура... нешто.

Јбг, премногу внимание му посветив. Ако сакате да гледате филмови на тема детство, гледајте ги My Girl (1991), Sleepers (1996), The Mighty Ducks (1992), Stand by Me (1986) итн...

Црн бумбар.
И овај, сите на кои се допадна филмов сте педери.

Освен Шкорпи.

Bring it on! :zloo:
 
H

HoT IcE

Гостин
Boyhood
Филм кој беше хајпнат поради еден факт пред се, тоа што е сниман 12 години. И уште кога излезе првично имаше многу хајп околу него и позитивни критики со што уште повеќе го чекав на снимка.

Приказната не е ништо посебно, се работи за обично американско семејство и воглавном се се врти околу детенце Мејсон кое уште од најмали години го гледаме како расте. Она што не се согласувам околку приказнава и филмов е тоа дека е драма. Извинете ама според мене ова не е драма туку едноставно воскреснување и анимирање на мемории од детство на еден човек. Немаше некои моменти за памтење, имаше бајаги неповрзани сцени кои беа непотребни но со оглед дека филмот трае 3 часа тоа и беше очекувано. Филмот нема почеток, заплет, расплет и шта ти ја знам, туку едноставно не вози кроз мемориите на Мејсон.

Ликовите да бидам искрен беа многу лошо одработени за филм со толкав хајп и номинација за Оскар. Ептне површни, едноставни, главниот лик Мејсон е толку чудно изграден што добиваш впечаток како ништо да не го интересира, без никаква амбиција. Ситуациите во кои се наоѓаше исто така едноставни, обични, ништо посебно. Целиов филм е толкаво дежа ву, тоа да се чудиш. Првиот бакнеж, муабетите со Итан Хок, хај скул и фотографирање, едноставно премногу обично.

Филмот го изгледав на два пати, прво сат и нешто, па остатокот и ми беше онака, мех. Не ми беше ниту лош, ниту добар ама ми претставува проблем целиот хајп околу филмот што се врти, особено што е номиниран за Оскари, а како единствен валиден аргумент им е дека е сниман 12 години. Имаше некои добри дијалози и споредни ликови, како вториот сопруг на Оливиа, и со татко му исто имаше некои добри моменти, али то е то.

Кога ќе размислам, воглавном се согласувам со постот на Ио, со единствена разлика што не кружев околу стол и не ми беше апла досадно. Ама филмот сумњан дека некад ќе го репризирам.
6/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Филмот го изгледав на два пати, прво сат и нешто, па остатокот и ми беше онака, мех.
Мене уште не ми е јасно како ова функционира. Ај да збориме за Трансформерс каде кога да пушташ е акција, уред да го догледам утре. Ама филм, драма, кој углавном се вози на емоција и моментален импакт, кој одвоиле 12 години спан да го снимат - ти да немаш време 2ипол часа да го изгледаш како што е замислен е една голема навреда и гледање колку да си у тек. Јас да го изгледав на два пати ни 5-ка немаше да му дадам. Еден другар кој некако наишол на филмот како предлог од мене исто го изгледа на двапати и го исхејта фино. Си гледа човекот Џејон Статам, Луси, тој тип на филмчиња ама пак си кажа - океј, ја сфаќам идејата, пораката, приказот... ама едноставно драмите не се за мене.

Мислам дека секој што изгледал 50-100 филма у живот ќе му се допадне филмот, ќе знае што гледа... ептен ми се детски муабетиве абе брад нишо не се дешава. Па драма е. И тоа квалитетна драма. Не нашол куфер со пари. Ха. Или не, не заплакал со мајка му на испраќање на колеџ. Па ја Ио у живот само 60тина пати се имам гушнато, после раѓање некаде... дур ми се ујачи вратот сам да го држам. Фала курцу и ја нема да се потресам на секое заминување од дома, пат, факултет, испит, продавница... мене тоа ми беше плус, пореално, повеќе да се поврзаш... филмот не е со намера да ти раскаже рандом уау невообичаена приказна, филмот е искуство. Го доживуваш. Секако Хот Ајсе дека ќе нема почеток, заплет, пука зграда, течат сузи, расплет...

Jaс два пати го гледав. И тоа преку еден ден. И сам и во друштво уживав. Просто има rewatch value.
Многу ми е кејф што џимеј knows what is up. Овојпат се согласуваме, му зацепал 10ка. <3
 
H

HoT IcE

Гостин
Која драма бе брат? Покажи ми со прст на елементите на драма у филмов. Најосновите, заплет, кулминација и расплет. Ги нема. Едноставно е возење низ мемориите на Мејсон.
Ако имаш изгледано 100 филма у живот тогаш треба да знаеш на што се базира филмска нарација, уметност и историја на филм, а тоа е приказ на несекојдневно нешто, приказна или билошто. Да речеме дека филмов според тебе е драма затоа што се базира на животот на едно дете на кое низ текот на целиот филм му се дешава едно „ништо“ и целиот филм ти е толку едноставен и прост, значи Линклатер се обидува да ни пренесе дека животот е едно ништо, пролазна досадна работа, и носи ептен нихилистичка порука, така сакаш да го перцепираме филмов?
Потенцирај ми кои моменти од филмов според тебе те извозија максимално, кои ти го направија филмот по кој ќе го памтиш? Кои сцени те нарпавија да се зачудиш, запрашаш, расплачеш, насмееш и останеш импресионирам, ама биди искрен, пошто човек со твое реноме за филмови, и историја на гледани филмови, би требало да биде објективен.
Филмов е тежок просек, и нема никаков rewatch value, бар според мене. Без разлика на тоа дали сум го гледал на два или три пати.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
По емо косата која ја ја носев. :D
Не можам сериозно да ти аргументирам, кога не го сфаќаш сериозно а го дискутираш сериозно.
Како јас преку зборови да ти го доловам чувството филмот кое што го остава, на кое што ти не си му дал шанса?
Не можам да ти сликам е овој кадар мене и на милион луѓе ги отвори носталгично.
Не знам, можеби треба погодена атмосфера за да се вкуси како што треба. Очигледно нешто неуред сте праеле.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Одлична драма во која е прикажан еден обичен живот на приземен начин.
Впрочем и тука е акцентот на посебноста, башка начинот на кој е снимана во тој подолг временски период за нештата да бидат уште поблиски до реалноста.

Секој период беше опфатен со своите глупави и убави моменти низ кои голем дел и од нас врвеле. Сигурен сум дека можеле да ја натрупаат со мадафака мајндфак моменти кроз животот, но со тоа би се фокусирале на остварување кое веќе било реализирано кроз филмовите претходно.

Вака тамански скроз. 8-ка му лупнав јас.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Нема да лажам дека и јас очекував малку повеќе од она што го добив. Уште од минатата година го сметав за еден од најочекуваните, што по самиот начин на снимање, што по Итан (кој патем супер си ја одглуми улогата).

Што ми се допадна?
Пред се самото тоа што е сниман 12 години, самата замисла, реализација на истата, тоа што дејството не носе од една во друга година одеднаш, исто така што ги разликуваме периодите по некои настани, технологии кои биле популарни, музика и слично. Детето беше одлично одбрано, мене нималку не ми беше иритантно (што често знаат децата да ме извадат од такт во некои филмови, не значи дека не ме извадија, останатите тројца беа ужасни глумци, посебно сестрата). Имаше некоја топлина во филмот, нема да негирам, ваљда и тоа е тоа што ми се допадна највеќе и му дадов 8-ка, што сметам дека е сосема доволна оцена од самиот исход.

Што не ми се допадна?
Првен самата глума на Патриша Аркет, искрено ја немам гледано во многу филмови, но глумата како и ликот беа прелоши, многу некако лошо беше поставена како мајка пред децата, за разлика од Итан кој и покрај тоа што беше километри оддалечен од нив, и што ги гледаше поретко имаше поголема улога на родител од неа, некако татковата љубов кон детето беше во преден план од односот мајка-деца. Не е 9-ка оценка само ради тоа што не ми се допадна приказната со вториот брак на Оливија.

Сега за сега ми е во топ 10, но има шанси во наредните неколку недели да излезе од листата во случај да ради други филмови не заслужи да се најде на најдобрите за 2014.
 
Последно уредено:

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Филмот не носи некоја необична приказна, ама во никој случај не е досаден.
Уште од почетокот се приврзуваш кон ликовите бидејќи се деца со самохрана мајка и потоа веќе како одрастуваат, создреваат продолжуваш да се врзуваш за нив бидејќи гледаш дека стануваат добри личности.
Цело време додека го гледав филмот очекував дека ќе се случи некаква трагедија чисто заради драмата која што ја носи скоро секој филм и искрено кога заврши почуствував како олеснување дека не му се случи нешто на никој од главните протагонисти.
Ми се случило пример да се врзам за филмски карактери во серии, но многу ретко да биде тоа во филм и затоа аплаузите одат кон Линклејтер.
Јас дознав дури откако го догледав филмот дека бил снимен во текот на 12 години и како што спомена Интернеста тоа ништо не влијае на филмот од причина во ерава на технологија тоа можеле да го направат и кога би го снимале во покусо време, но сепак чест за стрпливоста на режисерот.
Поголем аплауз тука имаат и актерите кои во текот на тие години требало да влегуваат во карактерот на ликот кој го глумат одново и одново.
Затоа за разлика од членот погоре мене ми се допадна глумата на Патришија Аркет која што остана доследна на карактерот од почеток до крај.
Мислам дека ќе остани филм кој нема да падни во заборав и ќе сака човек да го изгледа за време на празнициве.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Го глеав филмов одамна, сигурно има бар 1 месец и после филмов си викам „на што ли потрошив 3 саати“...
Коа глеав како другиве паѓаат у трансови за филмов и како многу го фалат, си викам со мене сигурно нешто не е како што треба, ама добро е шо ја видов темава и видов дека ипак сум нормален (колку шо може да се биде нормален денес :D ).
Приказната не ми беше ништо посебно. Го изглеав наеднаш, ама у тие 3 саати бар 2-3 пати си отворив фејсбук и форум за да видам шо има ново...
Ете може не се разбирам многу у филмови и не ја гледам уметничката или која и да е димензија на филмов, ама знам дека ми беше досаден...
 
H

HoT IcE

Гостин
Ич да не се секираш дали си нормален или не, денес не се знае кој е полуд. Иначе, ниту ние не се разбираме од филмови и уметност, али гугламе затоа дупло :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom