Гимназија или стручно средно училиште?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Јас учам во гимназија и сметам дека е подобра солуција отколку стручно средно училиште. Не сакам да генерализирам ама сметам дека во гимназиите се доаѓа до поголеми знаења(но сепак голем и важен фактор е и желбата за учење).
П.С. Гимназиите имаа поголем успех во матурата оваа година отколку стручните. А РЈК (каде што учам) имале најдобри резултати.:pipi:
 
Според мене е најдобро гимназија..Али за кој како.Вака можеш да се запишеш на кој факултет сакаш и ке имаш поголемо знаење.Сите знаеме дека у гимназиите највеке се бара учење оти сите предмети ги имаш.Стручните се подруги оти сепак секој предмет е поврзан со другиот...
 
За поголемо општо знаење подобро е гимназија.
 
Подобро е стручното (јас сум во стручно). Од гимназија можеш да одиш на што факс сакаш, но учиш предмети кои никогаш нема да ти требаат, а во стручното (ако веке си одлучил на што факс ке одиш) си го учиш само тоа што ке го имаш на факс. Ела кај нас во Струмица, па ке видиш каде се бара повеке учење. Имам еден другар кој прва учеше стручно и помина со 3-че, втора се префрли во гимназија и беше со 5.00, а ни кажуваше дека си учел исто колку што учел во стручното.
За поголемо општо знаење подобро е гимназија.
Е што ке ми е поголемо општо знаење, ако на крај не одам на факс? Ке си имам диплома, која нема да ми служи за ништо. Со стручно и да не одам на факс барем имам занает.
 
Па да речеме ќе можеш да се дружиш со пообразовани луѓе од тебе и притоа кога ќе прават муабет на некоја поспецифична тема, да се вклучиш во разговорот, а не да гледаш како теле во шарена врата:smir:.
Инаку, денес со средно образование, без факултет, па и да е стручно, тешко дека ќе најдеш работа која би ти носела поголем финансиски приход, освен ако немаш некој развиен фамилијарен бизнис па ти да го продолжиш.
 
Абе сега пр. јас кога сум во стручно (електро струка) и еден ден станам електро инжињер, гајле ке ми е дали некој со средно ке има поголемо знаење од мене во повеке области и ке збори на специфични теми, кога јас ке си зимам голема платичка, а тој ке јаде муви цел живот.:vozbud:
 
Сепак, тоа не е причина да си ограничен. И јас ќе студирам информатика, но во средно одбрав јазично подрачје. Што ќе се замарам уште од средно со математики, кога вака ќе си научам италијански? :)
Секогаш гледај да бидеш што може повеќе пообразован, никогаш не знаеш кога тоа може да ти се најде.
 
Ако си избрала природно математичка или како се вика ке ти дошло многу полесно на факс за програмирање и ако си на "Компјутерска Техника и Автоматика" за сите тие електро предмети што се таму. Инаку и јас ке одам Информатика и затоа одбрав Електро струка средно.
 
јас се заебав отидов прво стручно па пробав да се преместам во друго стручно(за жал немаше место)па се преместив во гимназија и сега на полугодије ќе одам во стручно само да ве прашам дали ако се префрлам во стручно ќе полагам предмети?
 
Нема да полагаш. Оценките што ти биле од предметите што се учат и во стручното и во Гимназија ке ти ги префрлат, а за Стручните предмети ке имаш оценки дури трето тримесечие.
 
Така е.Кај мене во клас имаше таков пример.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom