Гимназија или стручно средно училиште?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Друже грешка си, баш ако немаш намера да студираш, ќе си се запишеш во стручно, зошто ќе си имаш струка барем, да не бидеш понатаму на товар на општеството и да си најдеш барем каква-таква работа.:smir:

Се извинувам, сакав да го кажам тоа за стручните училишта. Значи да се поправам, доколку нема намера да студира некој, стручно училиште е подобар избор.

Благодарам на коментарот :helou:
 
Друже грешка си, баш ако немаш намера да студираш, ќе си се запишеш во стручно, зошто ќе си имаш струка барем, да не бидеш понатаму на товар на општеството и да си најдеш барем каква-таква работа.:smir:
ова со дека ќе има некоја струка после завршување на средно стручно ама баш и е најголемиот проблем бидејки нема шанса да научиш занает од училиштето кај нас овие установи се сведени на припремање на уцениците за студирање а не на произведување на обучен кадар кој после завршувањето на училиштето би се снашол во струката(знаетот).
А мислиш дека малку се дибеци кои завршиле факултет и се на товар на државата, па кај нас најмногу невработени се оние кои завршиле факултет ама не знаат да се снајдат т.е ништо не научиле, а оние со средно или основно(ги има во голем процент не знам колку точно да не лупам) си имаат работа бидејки кај нас се најразвиени оние фирми за аргатлук (кичма-транс).е сега веке е друг проблемот со тоа дека не се пријавени во бирото за невработени и таму стои огромна бројка на невработени ама ова веке е за друга тема.
 
зависи со стручното си повеќе ограничен кога ќе дојде период да бираш за факултет, на пример многу е тешко од средно медицина да одиш економски факултет, уствари и нема логика, но со денешново образование може и тоа да се оствари.
инаку со гимназијата имаш многу повеќе избор, некој велат дека гимназијата е надоградено основно. и речиси 75% се во право.
моја препорака е ако уште во осмо одлучиш што сакаш да работиш во животот, што ти е интересно, запиши се стручно по тоа што сакаш, ако сеуште ни си сигурен во тоа што го сакаш и планираш (се работи за 4 години период кои не е за фрлање) тогаш запиши се гимназија, па можеби ќе се осигураш или пак ќе ти се пројави нова желба.
 
(се работи за 4 години период кои не е за фрлање)

И тоа ен само некои 4 години туку 4 години пубертет и оформување на личност каде што 10 пати ќе се променат желбите и целите на живот.
 
А како може некој уште во 8 да одлучи што сака да прави со животот?
Дури и да одлучи,тоа се само пубертетски размислувања,и немаат врска со крајното решение,кое ќе биде донесено кога личноста ќе созрее доволно.
Значи,мислам дека подобар избор би бил Гимназија,али во секој случај,ако немате доволно поени-Стручно.
 
Зависи од тебе и од тоа дали сакаш понатаму да идеш на факултет... Ако одбереш гимназија и после не идеш на факултет гадно ќе се заебеш, ништо нема да ти вреди гимназијата... А доколку се решиш да не идеш на факултет а избереш стручно училиште мислам дека е подобар избори бидејќи ќе имаш познавање за некоја работа... :helou:
 
(Се утепав од барање, не најдов ваква тема, ако има, слободно контејнерисајте ја оваа)
Веќе доаѓа крајот на мај, а осмооделенците треба веќе да се имаат одлучено каде да го продолжат своето образование, дали во гимназија или во стручно средно училиште.
Иако поголем дел од членовите не се основци, сакам да ве прашам што мислите вие како веќе поискусни и образовани луѓе, академски граѓани? Кој избор на средно училиште е подобар, дали гимназија или стручно?

Според мене, мислам дека гимназиското образование е подобрата солуција. Добиваш сестрана едукација, ги изучуваш скоро сите предмети за време од четиригодишното образование а и изборот на факултети е поголем, додека кај стручното образование се едуцирате само за една насока и изборот на вашата понатамошна професија е стеснет.

Јас кога се запишував во средно моите сакаа да се запишам во Панче Караѓозов, средното медицинско училиште, но мислам дека направив добар избор со тоа што се запишав во гимназија, темелно си се простудирав себеси кои предмети ми одат, кои не ми одат, што ме исполнува и што сакам да бидам во животот.

Колку што е добро толку е и лошо.Тоѓно е дека се здобиваш со површни познаванја од повеќе области меѓутоа тие се површни.Да не збрувам за изгубеното време во изучување на тотално НЕПОТРЕБНИ предмети, кои никогаш во животот нема да ви послузат никаде освен за празен муабет:helou:.Ех сега кој избор е подобар се гледа од мали години не е точно дека осмооделенецот не е способен да одлучи сам за себе спрема неговите можности и афинитети.А, кога ке се вработувате стопати е подобро да бидете остручени специјално за областа која ке ја работите отколку да имате мал милион површни познавања и да губите време и пари во во дообука која знае да биде многу тешка и фрустрирачка.Значи осмоодделенци мислете внимателно доколку ве влечи техника, медицина, или кое било стручно училиште не се двоумете , доколку не сакате такви работи гимназија е изборот за изгубени!:toe:
 
Зависи од тебе и од тоа дали сакаш понатаму да идеш на факултет... Ако одбереш гимназија и после не идеш на факултет гадно ќе се заебеш, ништо нема да ти вреди гимназијата... А доколку се решиш да не идеш на факултет а избереш стручно училиште мислам дека е подобар избори бидејќи ќе имаш познавање за некоја работа... :helou:

Колку што е добро толку е и лошо.Тоѓно е дека се здобиваш со површни познаванја од повеќе области меѓутоа тие се површни.Да не збрувам за изгубеното време во изучување на тотално НЕПОТРЕБНИ предмети, кои никогаш во животот нема да ви послузат никаде освен за празен муабет:helou:.Ех сега кој избор е подобар се гледа од мали години не е точно дека осмооделенецот не е способен да одлучи сам за себе спрема неговите можности и афинитети.А, кога ке се вработувате стопати е подобро да бидете остручени специјално за областа која ке ја работите отколку да имате мал милион површни познавања и да губите време и пари во во дообука која знае да биде многу тешка и фрустрирачка.Значи осмоодделенци мислете внимателно доколку ве влечи техника, медицина, или кое било стручно училиште не се двоумете , доколку не сакате такви работи гимназија е изборот за изгубени!:toe:

Ало ееј на 14 години тие уште не знаат да си го избришат газот па не да бираат што ќе работата или пак да одредуваат дали се способни да студираат или не. Единстверн репер за тоа се оценките.
И тоа дека во гимназија се добива само површно познавање од се а не устручено сте во многу голема заблуда особено сега кога го сменија системот со усмерување кон области од во трета односно четврта година.
И баш погледнете статистички колку од тие што имаа завршено средно стручно и гимназија какви резултати покажуваат во студиите на факултет. Јас ви гарантирам дека тие со гиманзија статистички даваат многу подобри резултати од тие со средно стручно.
 
Ти дефинитивно не си учел технички науки па затоа вака гарантираШ:helou:Имам сестра која учи гимназија и ги гледам резултатите на устручувањето:tapp:
 
И нема врска изборот на
Зависи од тебе и од тоа дали сакаш понатаму да идеш на факултет... Ако одбереш гимназија и после не идеш на факултет гадно ќе се заебеш, ништо нема да ти вреди гимназијата... А доколку се решиш да не идеш на факултет а избереш стручно училиште мислам дека е подобар избори бидејќи ќе имаш познавање за некоја работа... :helou:

И нема врска изборот меѓу средно стручно и гимназија во зависност од тоа дали ке одиш или нема да одиш на повисок степен на образование
според вас тие што се запишале средно стручно не одат на факултет баш напротив.Шансите за да го заврчат факултетот му се удвојуваат заради тоа што веќе имаат познавања од областа многу подробно и попрецизно отколку гимназијалците:smir:
 
Ти дефинитивно не си учел технички науки па затоа вака гарантираШ:helou:Имам сестра која учи гимназија и ги гледам резултатите на устручувањето:tapp:

Не бери гајле повеќе од пола другари ми се на Електро а сите се од гимназија и половината од нив имаат просек подобар од 9
 
Има исклучоци јас глобализлизирав:helou:
тоа сто имаш "тројца" другари кои имаат просек над 9 незначи ништо во глобални рамки.Поентата овде е дека е подобро да се запишеш стручно средно училиште затоа што е олеснителна околност кога ке се запишеш на фкултет ние пример ги зењдовме техничките науки и да на твоите другари ке има беше многу полесно доколку биле запишани средно техничко да речеме:smir:.И ова од искуство го зборувам значи не тропам како "максим по дивизија"!
 
Зборам за околу 20 луѓе само од една гимназија, освен тоа верувај ми ги имам прашувано што имаат за учење по физика, и математика во средните стручни и заклучив дека помалку учат од кај нас во гимназија. А поспецијалните технички предмети како што ти ги викаш всушност на електро се базираат на физика и математика.
 
Само ќе кажам јас имам завршено стручно средно ( машински техничар ) и сега сум на машински, и тоа мислев дека до некаде е предност за мене но баш напротив. Точно стручните предмети сите што ги учам сега сум ги учел но тоа не е никаков проблем за тој материјал да се совлада( се се учи од почеток ), тоа што мене ми беше и ми е проблем тоа е математика и физика, значи кај мене во средното како и да немаше такви предмети учиш 5 задачи и демек пишуваш и слушаш на час и имаш нокоја оцена која не ти вреди ама за ништо во живото.
Додека сите што се од гимназии немаат ама никаков проблем со тие предмети и општо со сите, им оди топ.

Ако некој се двоуми би му препорачал гимназија мислам дека ќе добие многу подобро знаење.
 
Добро образложение, сигурна сум дека во гимназиите е потешко отколку во стручните училишта и дека матурантите имаат стекнато навика за редовно учење и се навикнати на потежок материјал, што е предност за на факултет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom