- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.432
- Поени од реакции
- 7.187
http://www.youtube.com/channel/UCHgQibKW8c_9XEFPcOtwYhw
Еве линк до јутуб каналот на Тера, тука ги ставаат сите емисии. Добро предвиде Цревото за ротирањето на играчите, според него ќе беше подобро да се почни со првата постава и постепено да е менуваат играчите.
Јас не мислам така од проста причина што целиот муабет е барање алиби за слабиот почеток, а не сакаат да признаат дека криви за тоа не беа "втората постава" туку првотимците во одбраната. Несериозно е да кажуваш изигравме слабо заради стартот со друга бековска линија, а 2 минути потоа да кажуваш дека нападот ни бил добар и дека слабоста била кај Велко и Ацо.
Стефче е меѓу поголемите стручњаци во Македонија, ама си брка и тој свои агенди а и малце е од застарена школа па треси и доста глупости. Ќе видите утре во денешната емисија излезе со изјава дека требало да се убрза играта и за таа цел да се играло со Н.Маркоски и Вугринец на 3ка и 4ка во одбрана за да не се правеле измени бидејќи тоа го играл Металург во ЛШ и биле уиграни

Ама во секој случај далеку подобра емисија од она што МРТ го организира. Не е е ни блиску, вреди да се гледа. Има доста добри коментари, стручноста не му ја спорам, само сака да се прави паметен и некогаш коментира работи за кои нема информации и не ги знае...