Генерална дискусија - EURO 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Чекај кај е Бејл во Велс?

Погрешна слика објавил

CjypMK6W0AAYBo7.png
 
Ај кој прати повеќе весници или ако види случајно, да пиши овде кога ќе види дека има најава за тој додатокот што го даваат со весниците пред секое ЕП или СП? Замена за албум е јебига :LOL:
 
Албанија ја објави конечната листа на играчи кои ќе играт на ЕП Франција 2016.

Голмани:

Етрит Бериша - Лацио (Италија)
Оргес Шехи - Скендербеу (Албанија)
Албан Хоџа - Партизани (Албанија)

Одбрана:

Лорик Цана - Нантес (Франција)
Анси Аголи - Карабах (Азарбајџан)
Анди Лила - ПАС Јанина (Грција)
Мергим Маврај - Келн (Германија)
Елсеид Хисај - Наполи (Италија)
Арлинд Ајети - Фросиноне (Италија)
Насер Алији - Базел (Швајцарија)
Фредерик Весели - Лугано (Швајцарија)

Среден ред:

Одисе Роши - Ријека (Хрватска)
Миѓен Баша - Комо (Италија)
Емрир Лењани - Нантес (Франција)
Амир Абраши - Фрајбург (Германија)
Бурим Кукели - Цирих (Швајцарија)
Ергис Каче - ПАОК (Грција)
Ледиан Мемушај - Пескара (Италија)
Шкелзен Гаши - Колорадо Рапидс (САД)
Таулант Џака - Базел (Швајцарија)

Напад:

Армандо Садику - Вадуз (Швајцарија)
Сокол Цикалеши - Истанбул Башакшехир (Турција)
Беким Балај - Ријека (Хрватска)

А од пвичната листа отпадна четири играчи:
Берат Џимшити - Аталанта (Италија)
Амир Рахмани - РНК Сплит (Хрватска)
Херолинд Шала Слован Либерец (Чешка)
Милот Рашица - Витесе (Холандија).
 
На оној Весели средното име му е Кантона :pos:
Додека беше во Јунајтед за Швајцарија играше, гледам сменил страна :D
 
А шо бара Педро сега у составов после ``одличната`` сезона у Челзи ?

Ваљда пошто му е човек од доверба. Секогаш бил подобар за Шпанија однего за клубот. Витоло требаше да се проба, изигра 2-3 супер сезони за Севиља.
Фабрегас е земен за лажна 9-ка. Ако не финкционираат со Мората ќе го пушти него.
Подосадни се и од италијанците во послесниве 5-6 години.
 
Каде бе бркот со Бартра, Васкез, Бруно, Педро, Сан Хосе... :tapp: Па и Цеск.. Саул едноставно мораше да го викне. Али тоа е, нема да помирисаат терен овие. А и џабе си праете тим без Фабрегас, он ќе биде партнер на Бускетс.

Бускетс - Фабрегас
Силва - Иниеста - Нолито
Мората​
Фабрегас е вратен во форма од јануари и игра феноменално. Ама што ќе ти кажувам јас, ти сигурно го пратиш Челси константно.
 
Сеа се сечете за Саул а единствено сте го глеале и го памтите по голот против Баерн. :D

Многу го потценувате Васкез а дечкото искина втората полусезона и тотално заслужено добива повик, иако неочекуван со оглед на антагонизмот на бркото кон играчи на Реал.

Тиаго и Педро стандардно се шлепаат, ја првиот не би го повикал пошто е дебело преценет а вториот се знаеше дека му е омилен на брклето. Бруно ќе му е директна замена на Бускец или проба за двоен пивот, во што не верувам.

Одбранана е хит, ако се повреди еден од Пике и Рамос, со Бартра или Сан Џозе ќе свиткаат џамче :D

Де Геа
Беле/Хуан/Аспи - Пике - Рамос - Аспи/Алба
Бускец
Коке - Цеск
Иниеста ---- Силва
Мората

или бар едно крило Васкез/Педро, плус Нолито и Адруиз кои можат пријатно да изненадат, би бил тим со кој би стигнале до полуфинале.

Тоа викам и јас. Блесна Саул и ајде одма на ЕП. Не е ова Англија. :D
Има време за него, 21 година е не мора одма во оган да се фрла. Нека продолжи вака и ќе игра со сигурност.
Посебно ако дојде лудакот Капарош ќе биде капитен. :pos:
Ќе се префрлат од барса стил на Билбао.
 
Го гледаше некој Фабрегас од декември па наваму или онака само на памет да се пише нешто?
 
Чекај кај е Бејл во Велс?
Шо ме прашуваш мене , ја не го праев списокот на Велс . Ова на интернет го најдов . Могуче е да е и грешка или новинарска патка некоја зашто на сликата ги нема боите од федерацијата како кај останатите состави.[DOUBLEPOST=1464786373][/DOUBLEPOST]
Погрешна слика објавил

CjypMK6W0AAYBo7.png
Моја грешка што не ја проверив а единствена слика беше шо немаше знак од федерацијата.
 
Последно уредено:
Има фанови на Белгија бре? :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom