Генерална дискусија - EURO 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
И на која позиција би играл Саул? Десно крило игра во Атлетико цела сезона.
Јас не гледам како би го вметнал Дел Боске во системот на Шпанија кој е тотално спротивен од тој на Атлетико. Сепак има огромна конкуренција во средината и Иниеста, Бускетс, Коке, Алкантара и Иско можат многу повеќе да придонесат од него.
Според составов би требало да играат со двоен пивот, а и Дел Боске имаше такви изјави.

Бускетс-Бруно
Силва-Иниеста-Коке/Нолито
Мората

99% вака ќе биде почетниот состав во средината и нападот
Каков Бруно бе.. Коке или Тиаго ќе игра до Бускетс.. Лево Педро како и секогаш.. Останатите се тие.. Мората ако не му оди прва утакмица ќе си го стави Цеск лажна 9ка и то е то. Класика. Нека испаднат во група
 
Не знам како да ти објаснам за да е јасно. Хамес не се вклопува во Реал, но не значи дека не е врвен играч, туку неговата позиција не постои во 4-3-3. Не мора Саул да е полош играч од наведените за да не биде повикан.
И јас им ја мразам играта и откако почнаа да играат така не ги симпатизирам како порано, ама најбитни се титулите. А тие ги добија баш со таа зихерашка игра, со лажни деветки и долги пасивни поседи.
И не дека не ја подмлади селекцијата спрема порано. Доста измени има Карвахал, Белерин, Бартра, Мората, Иско, Коке, Алкасер, Васкез, Сан Хозе и постарите Нолито и Адуриз кои ги немаше пред светското играа во квалификациите. Скоро сите од овие влегоа во списокот. Не може скроз цела репрезентација да ја измени, мора да има некаков континуитет.[DOUBLEPOST=1464731291][/DOUBLEPOST]
Каков Бруно бе.. Коке или Тиаго ќе игра до Бускетс.. Лево Педро како и секогаш.. Останатите се тие.. Мората ако не му оди прва утакмица ќе си го стави Цеск лажна 9ка и то е то. Класика. Нека испаднат во група

Имаше интервју кај што спомнуваше дека еден од Бруно/Сан Хозе би бил интересна опција како партнер за Бускетс.
 
Габи е најдобриот играч што нема настап за Шпанија.
Асенхо
Гаспар - Албиол - Ињиго - Бернат
Саул - Иско - Хави - Мата
Пако - Коста
клупа: Начо, Гаја, Бењат, Габи, Лукас Перез, Каљехон, Денис Суарез

играчи што не се повикани за Шпанија :)
 
Сеа се сечете за Саул а единствено сте го глеале и го памтите по голот против Баерн. :D

Многу го потценувате Васкез а дечкото искина втората полусезона и тотално заслужено добива повик, иако неочекуван со оглед на антагонизмот на бркото кон играчи на Реал.

Тиаго и Педро стандардно се шлепаат, ја првиот не би го повикал пошто е дебело преценет а вториот се знаеше дека му е омилен на брклето. Бруно ќе му е директна замена на Бускец или проба за двоен пивот, во што не верувам.

Одбранана е хит, ако се повреди еден од Пике и Рамос, со Бартра или Сан Џозе ќе свиткаат џамче :D

Де Геа
Беле/Хуан/Аспи - Пике - Рамос - Аспи/Алба
Бускец
Коке - Цеск
Иниеста ---- Силва
Мората

или бар едно крило Васкез/Педро, плус Нолито и Адруиз кои можат пријатно да изненадат, би бил тим со кој би стигнале до полуфинале.
 
Бога ми Тиаго благе везе нема од фудбал, не знам по која основа го вика за репрезентација.
 
Каде бе бркот со Бартра, Васкез, Бруно, Педро, Сан Хосе... :tapp: Па и Цеск.. Саул едноставно мораше да го викне. Али тоа е, нема да помирисаат терен овие. А и џабе си праете тим без Фабрегас, он ќе биде партнер на Бускетс.

Бускетс - Фабрегас
Силва - Иниеста - Нолито
Мората​
 
Не знам што се чудите..факт е дека Дел Боске го има летаргија фатено и почна да заборава чоекот..штом сеуште ги повикува Фабрегас,Педро и Силва вакви никакви најлоши досега значи чоекот си има стварно проблеми и не сака да ризикува со помладите поедици иако играат во врвни екипи како Атлетико Мадрид ...тука е исто така Витоло кој имаше одлична сезона во Севиља но ете не е повикан..еј неможам да верувам дека Фабрегас и Педро ги викна бе..арно што Чави и Алонсо се откажаа иначе сеуште ќе ги повикуваше,а Бускетс рачунајте додека е Дел Боске тренер ќе игра за Шпанија па макар бил и повреден..
 
Ги повикал Педро , Фабрегас , факинг Бруно а ги изостави Саул и Иско ... секоја чест старо последно европско ќе ти е ова пак нема да направи ништо оваа репрезентација на Шпанија .!
 
Официјално

France midfielder Lassana Diarra has been ruled out of Euro 2016 with a knee injury and replaced by Manchester United's Morgan Schneiderlin.
 
Абе каква прва постава не зезај. Бар шпанската репрезентација и играчи добро ги пратам. Не може да игра на пивот ни пред Бруно ни пред Сан Хозе ни пред Мартинез. Главен организатор пред Иниеста, Алкантара и Иско никако. Единствено десно крило останува. А таму што може да понуди во ваков систем?
Атлетико и Шпанија се потполно различни. Таму игра на дефинирана позиција како дефанзивно крило и е многу корисен. Тука треба многу повеќе техника и пас игра. Има време ќе го научи и тоа, но моментално не го има тоа што и е потребно за репрезентацијата.

А Васкез не знам зошто е спомнат во муабетов. Такви брзи крила секогаш ја размрдувале играта на Шпанија. Ми текнуваат милион утакмици на Хесус Навас и Педро каде како резервни играчи ја менувале цела утакмица..
А шо бара Педро сега у составов после ``одличната`` сезона у Челзи ?
 
Хрватите без Халилович...

13316906_1062802937133475_4434319997204882232_o.jpg
 
Tурција :
CiwJHvAWgAAKmnJ.jpg

Северна Ирска :
northernirelandeuros23.jpg

Полска :
e45e0818f6d66fb56ef4dabb2fb8d181.jpg

Велс :
euro2016_0005_wales02.jpg

Украина :
13335568_1114091971982399_1849737024422436743_n.png

Република Ирска :
image.png

Швајцарија :
CjyUejpVEAArBcC.png

Романија :
13321992_597658900411724_7536236550591700165_n.jpg

Хрватска :
13316906_1062802937133475_4434319997204882232_o.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom