Гејминг војна

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Добро ајде, не е баш ѓубре, ама е бледа копија на кецот и е генерално со понизок квалитет. А годинава имаше еден тон подобри игри од ME2, така да воопшто не заслужува прво место, може 7-8мо негде да заслужи.

Океј, тогаш не пишувај екстремности без потреба - "ѓубре била".

И не ми се јасни твоиве ставови, Mass Effect 2 е ЃУБРЕ зашто е КОПИЈА НА КЕЦОТ, ама па се сложуваш со нив за Super Street Fighter 4?
А што е па таа игра, освен неколку нови карактери, никакви подобрувања во графика, звук и се друго?

И погледни ја Street Fighter X Tekken која е најавена за 2012 - пак е истиот графички енџин, само додале Tekken ликови во него. :)
 
Види сеа, Me2 е целосно продолжение, а SSF4 е истата игра како SF4. Затоа, SF4 јас не ја ни рачунам, туку директ ја зимам SSF4 како игра. Инаку SFxTekken ќе има 2 верзии, една во SF енџин, една во Tekken енџин.
 
Ама не е фер, како може да не ја рачунаш. Да беше така, ајде нема да ја рачунаме и ME1 и земи ја целосно двојкава. Ќе биде најдобра у свет. :)

Него, не знаев дека е во два енџини, не беше така најавено...и искрено не ја сфаќам поентата на тоа. :)
 
Добро ајде, не е баш ѓубре, ама е бледа копија на кецот и е генерално со понизок квалитет. А годинава имаше еден тон подобри игри од ME2, така да воопшто не заслужува прво место, може 7-8мо негде да заслужи.

За мене МЕ2 е подобрена МЕ1 и со генијално дело. Играта целосно заслужува да биде игра на годината. Ако гледаш така МW2 е иста со MW1, ист стил на приказна, ист стил на гејмплеј, слична графика, исто филмски сцени итн. ГТА 4 исто... Стар Крафт 2, подобрена графички кецот. Сите што ги набројав се игри со оцени над 9 и се ДАЛЕКУ од ѓубре ко што кажуваш ти. Еве кои игри според тебе заслужуваат да бидат игри на годината?
 
Тешко е според мене оваа година да се каже Гејм оф д јир, иако имам неколку номинации - Mass Effect 2 , Alan Wake , STARCRAFT 2 ! :D , Fable 3 (од тоа што имав време да видам , ми се виде како супер продолжение) и тоа ... Остана уште CoD Black Ops да се види .
 
Излегува гранд туризмо утре задутре НАЈСИЛНОТОТО оружје на сони, игра која се спрема цел век конечно го дочека светлото. Што мислите ќе го оправда сето тоа време или ќе има некој работи што футнале максимум?

Според мене премногу долго работеа на играва очигледно дека ќе има некакви проблеми сигурно во некој делови не се завршени, би било КАТАСТРОФА ако играва добива отцени под 8,5 што не би требало. Како и да е играва заслужува своја тема мислам.
 
Ај објасни ја твојата логика?

Значи Blizzard чим ги прави игриве толку години, мора да се fail?
 
Ај објасни ја твојата логика?

Значи Blizzard чим ги прави игриве толку години, мора да се fail?

Утре излегуваат ревјус па ај да почекаме да видиме дали сум во право или сепак не :).

--- надополнето ---

Еден проблем е тоа што одбираш ти послаба кола да речиме фичо, играва некогаш грешела и ти давала многу појаки коли противници ти со фичо тие со bmw. Тоа е еден проблем не е така голем но сепак постои. Минус ќе и дадат за лоадинг тајм сигурно.... треба играта да се исталира на хардот цел час трае исталацијата и лоадинг има пак прилично долго.

Сепак мене не би ми сметало и да чекам по пола час за лоадинг тоа не спаѓа во минус, само сакам да кажам не е битно колку се прави, не мора да значи ако се прави 5 години дека ќе биде перфект!!!

--- надополнето ---

Shift 2 можела да се спортистави на гранд турузмо изјавија од ЕА games.
 
NFS и GT се сосема различни игри. Било која игра од НФС нема ист гејплеј како ГТ серијалот. Ако се обидат да ја сменат "формулата" во Шифт 2 и да ја направат како ГТ само тогаш би можела да се споредува.
 
Гледајте ја бре гледајте ја ах каде има сони 3 ах ах ах.Роди ме мајко со PS3 и фрли ме на буниште.
 
Гледајте ја бре гледајте ја ах каде има сони 3 ах ах ах.Роди ме мајко со PS3 и фрли ме на буниште.
Мора да ја земам кога ќе поевтини !!

--- надополнето ---

Оооо ова е тоа, најакото, ја има ли играва за PC?
Ја нема, ПС3 ексклузив е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom