Како што запдниот, доминантно христијански морал, почна да се "распаѓа" со почетокот на 20-от век, така е и со половиот идентитет. Вредностите и стереотипите се трансформираат и тоа е, очигледно, процес кој не може да се сопре. Всушност, кога насилно се сопира, резултира со многу поголема деструкција.
Па, земајќи го ова во предвид, дури ирационално е да се опира човек на сето тоа. Нека, нека им се дадат права. Дури тогаш ќе може фактички да се анализраат и измерат последиците и евентуалните девијации, па и соодветно да се делува.
Вака, кога говориме само со претпоставки, создаваме всушност чудовиште, од нешто што можеби е само мравка.
Самот процес на "сатанизација", создава "сатана" и онаму кај што првично го нема.
Конечно, да не заборавиме дека се кон што чувствуваме отпор и анимозитет, крие всушност наш личен страв. Се осеќаме на некој начин лично загрозени од тоа. И би си дозволила да донесам заклучок, дека тебе конкретно, те плаши тоа што ќе ми биде одземена контролата и моќта на полот на кој му припаѓаш, односно твојата лична моќ и контрола ќе бидат "кастрирани". A, тоа е ирационален страв.
Она што останува пак како реален факт, е дека е само прашање на време кога GLBT популацијата ќе ги ужива сите права, и кога половите идентитети ќе добијат нова, поинаква, форма.
А, ние сме оставени со два избора; Да се противиме на тој процес, и да ја потхрануваме неговата деструкција...или пак, да го прифатиме, па од таа позиција (кога ќе биде веќе "пацифизиран"), многу поконструктивно, да влијаеме врз него.