Game of Thrones

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Елективна монархија е одлична идеја, во историски контекст, револуционерна за едно апсолутистичко кралство. Не е дека остава простор за да се роди којзнае каква демократија, се уште е рано за тоа, меѓутоа идејата дека еден човек е пратен од Господ да владее станува бесмислена кога луѓето, како група на интелектуалци, сами за себе си одлучуваат кој да ги води.

Е сеа, зашто е битно уствари ова што се деси. Small council добива многу полиберална функција и повеќе ингеренции во поглед на управување со кралството. На почетокот (Нед, Варис, Бејлиш, Ренли, Станис, Баристан) беа советници без никакви законодавни функции, они се едноставно советници на кралот. Сега на крајот е евидентно дека новата багра има многу повеќе ингеренции, и small council почнува да наликува на група на министри кои всушност ќе одлучуваат за некои работи во кралството. Управата на кралот како decision maker е ограничена. Нормално, министериве нема да имаат краен збор, исто како што немаат ни денес во најсовремените републики (сепак ги следат политиките на премиерот/претседателот).

Битно е дека општеството се либерализира и се остварува социјален прогрес. Идејата за демократија беше сосема доволно спомната, и исмевањето на истата беше перфектно прикажана, бидејќи реално истата таква не била прифатена веднаш. Треба време да помине за таа идеја да се вроди во умот на луѓето. А како ќе се роди? Кога постепено за „министерски“ функции ќе се назначуваат луѓе базирани на труд и интелект, а не на наследно право од имот. И за ова ќе треба време, ама тоа што Тирион навести коа Брен рече дека фалат членови, односно дека ќе му донесат "suitable prospects", значи дека ќе бараат асални, паметни луѓе кои ќе носат одлуки во кралството. На тој начин, се повеќе луѓе ќе бидат опфатени и изложени на државни функции, што ќе придонесе за развој на образование и едукација, што само по себе ќе донесе економски напредок, а од тоа ќе следи целосен социјален напредок. Процес кој го бележиме од почетокот на човековата историја, се до денес.

Целата епизода (на забрзан начин, за жал) претстави една прекрасна етапа на транзиција од конзервативно општество во полиберално, за временските услови во кои живеат. Од нив не можеме да очекуваме да „измислат“ демократија од нигде, не можеме да очекуваме да прескокнат социолошки процеси, меѓутоа забележавме сериозен чекор кон освестување. И самата Арја сака да направи некаков буквален прогрес, наместо да цупка у место и да си го гледа дворот дома, затоа отиде да истражува.

Ова за мене е многу побитно од зомбиња, змаеви, дали имало 10 или 300 Дотраки, „ти имаш кур ја неам“ досетки и слично. Верувам дека Мартин истото ќе го претстави и преку книгите, само на многу подетален и логичен начин. Цела поента е да забележиме прогрес, а не закоравеност, и тоа го видовме. Ова е буквално све што барав да видам од серијата, прогрес на општеството.

И го добив :)
Мило ми е за тебе. Truly.

Мене никогаш серијава не ми дала знак дека поентата е уствари парламентарна демократија во најава, ниту дека е тоа приоритет. Верувам повеќето од фановите не се историчари, бидејќи во спротивно серијава ќе имаше многу мала и специфична нишка на гледачи и ќе беше од рангот и големината на Churchill's People.
ГоТ секогаш беше голем рејнџ на сивило насред црно-бели приказни, за сега ти да тврдиш дека поентата било прогрес на општеството од конзервативно во либерално со тоа што се движи кон денешнава демократија. Као, демократијава денешна е pinnacle of liberty worth striving towards?
За крај, и не е толку битен воениот или политичкиот систем во крајната точка од серијава, не е ова документарец, се менувал и ќе се менува режимот во фиктивниот свет на Вестерос пред и после серијава.
Битното е што ова пред нас како гледачи што беше екранизирано (which is all that matters) беше лоша последна сезона и лошо финале.

But ask me again in 10 years.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Као, демократијава денешна е pinnacle of liberty worth striving towards?
Денешната демократија и општеството во кое ние живееме е епитом за рај во споредба со средновековното општество во кое нашите предци живееле, и апсолутно вреди да се стремат кон него. Али тоа е топик за друга тема :)
 
B

Beginner

Гостин
Поише чита
Елективна монархија е одлична идеја, во историски контекст, револуционерна за едно апсолутистичко кралство. Не е дека остава простор за да се роди којзнае каква демократија, се уште е рано за тоа, меѓутоа идејата дека еден човек е пратен од Господ да владее станува бесмислена кога луѓето, како група на интелектуалци, сами за себе си одлучуваат кој да ги води.

Е сеа, зашто е битно уствари ова што се деси. Small council добива многу полиберална функција и повеќе ингеренции во поглед на управување со кралството. На почетокот (Нед, Варис, Бејлиш, Ренли, Станис, Баристан) беа советници без никакви законодавни функции, они се едноставно советници на кралот. Сега на крајот е евидентно дека новата багра има многу повеќе ингеренции, и small council почнува да наликува на група на министри кои всушност ќе одлучуваат за некои работи во кралството. Управата на кралот како decision maker е ограничена. Нормално, министериве нема да имаат краен збор, исто како што немаат ни денес во најсовремените републики (сепак ги следат политиките на премиерот/претседателот).

Битно е дека општеството се либерализира и се остварува социјален прогрес. Идејата за демократија беше сосема доволно спомната, и исмевањето на истата беше перфектно прикажана, бидејќи реално истата таква не била прифатена веднаш. Треба време да помине за таа идеја да се вроди во умот на луѓето. А како ќе се роди? Кога постепено за „министерски“ функции ќе се назначуваат луѓе базирани на труд и интелект, а не на наследно право од имот. И за ова ќе треба време, ама тоа што Тирион навести коа Брен рече дека фалат членови, односно дека ќе му донесат "suitable prospects", значи дека ќе бараат асални, паметни луѓе кои ќе носат одлуки во кралството. На тој начин, се повеќе луѓе ќе бидат опфатени и изложени на државни функции, што ќе придонесе за развој на образование и едукација, што само по себе ќе донесе економски напредок, а од тоа ќе следи целосен социјален напредок. Процес кој го бележиме од почетокот на човековата историја, се до денес.

Целата епизода (на забрзан начин, за жал) претстави една прекрасна етапа на транзиција од конзервативно општество во полиберално, за временските услови во кои живеат. Од нив не можеме да очекуваме да „измислат“ демократија од нигде, не можеме да очекуваме да прескокнат социолошки процеси, меѓутоа забележавме сериозен чекор кон освестување. И самата Арја сака да направи некаков буквален прогрес, наместо да цупка у место и да си го гледа дворот дома, затоа отиде да истражува.

Ова за мене е многу побитно од зомбиња, змаеви, дали имало 10 или 300 Дотраки, „ти имаш кур ја неам“ досетки и слично. Верувам дека Мартин истото ќе го претстави и преку книгите, само на многу подетален и логичен начин. Цела поента е да забележиме прогрес, а не закоравеност, и тоа го видовме. Ова е буквално све што барав да видам од серијата, прогрес на општеството.

И го добив :)
:pos::pos::pos::pos::pos::pos: Не знаев дека ГОТ е за прогрес во општеството каков кејф ке ми се направеше НК онака сите лабаво да ги убиеше леле каков прогрес ке беше тоа. И да веруваме.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
@RickyLFC9 znaci, cel svet trgna napred, samo North ostana zaostanat.
Sounds familiar....
Да, али евентуално жителите на Северот ќе увидат дека нивните комшии живеат многу поубаво, па и тие ќе ги прифатат тие идеи. Веројатно ќе има сериозен отпор од власта, па ќе треба граѓаните да се кренат на некаква револуција, ала француската, па да направат revamp на цел систем.

Инаку да, ама нашиот Север мрдна веќе со ситни турбуленции и ги стига комшиите :)
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.307
Поени од реакции
7.442
Топ завршеток на сезоната. Јако беше како го вметнаа Брон, баш покажаа на дело како некои личности завземаат моќни и одговорни функции со сила а не поради заслуженото или паметот. Пример е кој се е денес политичар или директор...

Според мене доста среќен крај имаше серијава и заврши со можност да се прават и продолженија, не мора серии ама зашто да не по некој долгометражен филм. Барем за задоволство на тие што не ја хејтаат сезонава, другиве нека гледаат 'Турски серии' барем таму имаат по 20000 епизоди.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.196
Поени од реакции
35.745
Уште кога го видов Џон дека иде на one on one разговор со Дени, си викам готово овој сигурно ќе ја заколе.

Потајно се надевав дека после 5тата епизода ќе ја оправат работата со добро финале барем да има добар крај. И сеа ризикувам да звучам како оние интернет хејтери и тролови, али тешко срање беше ова човече.

Не само што сум рамнодушен што заврши, ептен ми е мило.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.500
Поени од реакции
6.128
Реално квалитетот на серијата опадна доста последните 2 сезони поради брзањето да ја завршат. Настаните во овие 2 сезони мораше да ги развлечат во плус 2-3.

Сепак и покрај тоа за мене ГОТ останува најдобра серија евр, серија која ме инспирирала да прочитам 3 500-4 000 страници книги.

Eпизодава ми беше добра. Се очекуваше смртта на Дени иако сметам дека сцената требаше да биде подолга за повеќе да допре.
Сцената кога Тирион ги најде брат му и сестра му беше една од поемоционалните, актерот заврши голема работа тука. Исто допре до мене и моментот кога Бриен зема да ја допише страната на Џејми.

Голема празнина помеѓу убиството на Дени и состанокот на главните ликови. Глупо беше како ја изменаџираа слободата на Џон кој пак глупо заврши според мене. За Арја очекувано.
Сем и Бриен заслужено се најдоа во малиот совет додека тоа со Брон беа глупости.

Тоа е тоа, се надевам на нови серии поврзани со ГОТ универзумот и нови книги од Мартин што побргу.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
Конечно ја изгледав и не е толку лошо колку што очекував. Мислам нелогичностите си се тука константно, беа и во претходните епизоди... Кога ќе размислам подобро, најголемите нелогичности се наоѓаат во сцената со советот. Зошто побогу the unsullied не ги убија сите по убиството на Дани? Врз основа на што Црвот прима команди од претставници на седумте кралства? Од кај кур Тирион од затвореник стигна да именува крал и да му кажува на црвот дека не е до него да одлучи? Од кога секој сам си решава дали ќе биде независен или не, тоа и денес со крв се плаќа, многу либерални ко за средновековни владетели, и место да го праќаат на ноќна стража Ѓон Сноу можеа да го прогонат од Вестерос на север, ко што најверојатно и се деси на крај, Ѓон ќе биде новиот Менс Рејдер. Шоуво не да го спремаат за сиквели, приквели, спинофи итн, матер ќе му ебат, и не би се обложил дека некој од моменталниве глумци нема да продужи да си ја толкува баш својата улога после едно 5 - 6 години. Спинофот со Арја Старк ваљда ќе биде нешто ко средновековен Томб Рајдер.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Кога сме кај нелогичностите, зошто се уште има Night watch кога го победија ноќниот крал, а со дивјаците имаат примирје. Што побогу ќе прават Џон Сноу и останатите таму, ќе гледаат кај што паѓа снег и ќе прават снешковци?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.353
Зошто имам чувство дека она „Ask me again in 10 years“ ќе биде големо пророштво во серијата? Некако ко да имам дежа ву: и за Lost истото разочарување го имаше - и од последните сезони, и од крајот, за околу 10 години потоа сите да ја репризираат, прегледуваат и повеќето да сфатат колку само згрешиле. Убаво рече некој - проблемот не е во серијата, во нас е и во нашите очекувања. Според мене, сосема достоен крај: заврши така како што започна - последната сцена исто како првата, отаде ѕидот; првиот од главните ликови кој го запознавме беше токму Бран кој трчаше околу Винтерфел чекајќи го кралот, за на крајот истиот тој да стане кралот кого никој не го очекуваше; и - по триста перипетии, разочарувања и бришење на цело семејство Старк (Нед, па свадбата, па Рикон, па страдањата на Санса, смртта на Џон...) на крајот сепак токму тие се тие кои владеат со светот: Бран со Вестерос, Санса со северот, Џон - отаде северот и Арја - некаде западно. И пак ќе речам: јас мислам дека ова и не беше крајот. Убеден сум дека освен prequels, во следните години ќе направат и sequels на серијава со дејство многу, многу години во иднината, и можеби нема да ги видиме пак, но дефинитивно ќе чуеме и за Џон, и за Санса, и за Арја, и за Бран. Можете да плукате колку сакате, за мене ова беше најдоброто нешто направено за на телевизија, и убеден сум дека уште долго, долго ништо друго нема да го надмине.

Се надевам дека ќе има приквели, само не многу брзо.
Летово почнува да се снима првиот. Работен наслов: The Long Night, cast: Наоми Вотс, Наоми Еки, Денис Гу, Џејми Кемпбел Бауер, Шила Атим, Ајвано Џеремаја... D&D not included!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796
Самиот совет на старешини и одлуките донесени таму, начинот на кој беа донесени и се околу ова е на ниво на останатите малоумности на D&D.

Најт Воч постоел цели 8000 години по последното појавување на Вајт Вокерите, зошто сега да престане? Тој е традиционална служба со традиција од 10.000 години, чија улога и сврха се разводнила низ илјадниците години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom