Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Колку "експерти" на форумов бре бре... а коментариве copy-paste од "инфлуенсери" по нетов. Зошто Џон вака, зошто Арија така, ама како можеше Брон да биде во советот кога им се закануваше, каде е тука логиката бла бла.

Џон го осудија да живее во Castle Black во изолација, а не за да го чува ѕидот од WW па да прашувате која е поентата. Таму претходно ги позиционираа и Вајлдлингс кои преминаа од јужната страна на ѕидот и затоа Castle Black е сеуште населен, а не дека некој ставил луѓе онака ради реда па сеа се правите на три ипол или имате меморија на риба. Овие Вајлдлингс го сакаат Џон ненормално, па веројатно и самите не сакаат да живеат изолација и робување, па си се вратија назад од кај што си дојдоа патем Џон им се придружи веројатно несакајќи да живее со правилата "Нема да имаш секс, жена, деца". Мене баш ми беше ежење сцената кога ги отворија капиите и овие полека се упатија накај Север и во позадина екна тоа музиката во сосема друга верзија. Арија замина во поход оти уште кога беше мрсулка место не ја држеше, се знаеше за неа дека ќе заврши како талкач. Брон е во советот оти му дадоа збор дека ќе биде, му доделија и земја, ако не сфативте во тек на 8 сезони потиликата е секој да си стои на зборот без разлика за кого се работи (имаше мали исклучоци како Денерис кои залутаа, па не траеа долго на позиција).

Нареден пат пред да си гледате серија прво информирајте се за жанрот, оти ако е Fantasy show не е за вас, поштедете се од негативна енергија, добро е за здравјето.

Абе, инфлуенсер еден. Демек треба да си експрерт за да искажиш свое мислење и незадоволство за некоја серија на е*ен форум, за работи кои се воочливи од еден километар. Ти каков експерт си што се дрзнуваш да ги земаш во уста личности тука што си го кажуваат мислењето. Кажи што имаш да кажиш за серијата. За останатите неистомисленици не јади трици. Не те прави ништо подобар или не те става на некое повисоко ниво.
 
Колку "експерти" на форумов бре бре... а коментариве copy-paste од "инфлуенсери" по нетов. Зошто Џон вака, зошто Арија така, ама како можеше Брон да биде во советот кога им се закануваше, каде е тука логиката бла бла.

Џон го осудија да живее во Castle Black во изолација, а не за да го чува ѕидот од WW па да прашувате која е поентата. Таму претходно ги позиционираа и Вајлдлингс кои преминаа од јужната страна на ѕидот и затоа Castle Black е сеуште населен, а не дека некој ставил луѓе онака ради реда па сеа се правите на три ипол или имате меморија на риба. Овие Вајлдлингс го сакаат Џон ненормално, па веројатно и самите не сакаат да живеат изолација и робување, па си се вратија назад од кај што си дојдоа патем Џон им се придружи веројатно несакајќи да живее со правилата "Нема да имаш секс, жена, деца". Мене баш ми беше ежење сцената кога ги отворија капиите и овие полека се упатија накај Север и во позадина екна тоа музиката во сосема друга верзија. Арија замина во поход оти уште кога беше мрсулка место не ја држеше, се знаеше за неа дека ќе заврши како талкач. Брон е во советот оти му дадоа збор дека ќе биде, му доделија и земја, ако не сфативте во тек на 8 сезони потиликата е секој да си стои на зборот без разлика за кого се работи (имаше мали исклучоци како Денерис кои залутаа, па не траеа долго на позиција).

Нареден пат пред да си гледате серија прво информирајте се за жанрот, оти ако е Fantasy show не е за вас, поштедете се од негативна енергија, добро е за здравјето.
There will always be that one ALWAYS
 
90% од гледачите што ставаат рејтинг 1 со хејт на секоја епизода е благодарение на епизода 3.
Серијава посебна ја правеше натприродното, ww и Nk. У ниту еден случај несмееше они да се side story. 7 години ги билдаш, сценариото мрси муда Winter is coming и она со долгата ноќ за да тоа наеднаш у 30мин све се распадне.
И ако више требаше живите да ги победат мртвите и Nk тоа требаше да биде финале на серијата.

Серијата умре пред 2 сезони. По втор пат ја убија уште еднаш со смртта на Littlefinger чиј карактер од mastermind го сведоа на идиот и сега конечно ја закопаа со оваа сезона.

Фан сум на Game of Thrones затоа е и овој хејт и криво ми е што ја уништија.
 
Ваљда да го прочитавте ликнатото сценарио, ќе ви беше полесно :)
jaime-fights-euron-and-kills-him-but-jaime-is-mortally-55770799.png
Сума сумарум заебани крајни сезони на нешто што започна одлично, далеку е пониско со квалитет од она што се очекуваше, можеби поради што го скратија во помалку епизоди и главен акцент ставија да направат револуција во графиката и ефектите, па ја запоставија приказната која беше можеби челната одлика на серијата, голема улога тука е и што Џорџ прекина да ги пишува книгите, па колку и да се трудат тешко да му влезат во главата и да пишуваат со ист стил, дури и на пародија фатија во втората половина од епизодава.
Ми се бендиса тоа што загина лудачата, уште повеќе што со Дрогон го уништија вистинскиот проблем поради кој загинаа милиони без разлика на владетелот. Испаѓа дека Дрогон не е глуп како што овие кои се тепаат за внимание и го шеруваат по сториња туку го препозна вистинскиот проблем и го уништи, тој беше само машинеријата со која уште еден лудак направи огромна штета.
Најмногу наеба Џон, иако меѓу вајлдлингс нема да му важат тие забраните за жени и слично :)
Арја киниса да ги открие Америките :D Дрогон го пратија на исток до кај Кинезите и така тие се по змејови и слични ствари, барем јас така ги толкувам од моја перспектива.
Тирион пак го изваде дупето, дури и најпривилегиран испадна, интелигентно го наговори со спомнувањето на сестрите Џон да ја ликвидира лудата. Брон, од бродел до бродел и на крај министер за финансии :D нешто слично како и во реалниов свет, тие што се лукави како што е овој успеваат и имаат најголема корист.
Сем и Бран уствари се пораката дека не треба да е потценуваат оние кои се „послаби“ дали поради природата или поради некаков инвалидитет, двајцата беа физички најслабите ликови, а на крај станаа помоќни и од тие алфа војсководците, пораката е демек секој има свои квалитети со кои може да успее.
Со Торко Нуро ја пратија пораката дека треба да бидете доследни и дисциплинирани на она што го правите и еден ден ќе ви се исплати, од кастриран „роб“ догура да биде еден од најмоќните восјководци со можеби најголема и најмоќна армија под своја команда.
Да не ги набројувам останатите, ми паднаа уште две карактеристични сцени во очи, првата што и со пораката до религиозниве дека нема задгробен живот, а втората уште незапочнат новиот систем почнаа својата моќ да пробуваат да ја наметнат за свои лични сатисфакции и бенефити (муабетот за градење и отворање на борделите), така да новите проблеми со корупција, непотизам и тн им се на врата (несовршеностите на „демократскиот систем“, а и воопшто на човековата природа кои несомнено постојат во реалниот свет и тоа во сите држави без исклучоци само некаде се поизразени како кај нас, некаде се во поминијатурни размери како во „напредниве земји“).
Е сега не сум се замарал да истражувам дали Џорџ РР Мартин има давано сугестии за интрото на серијава и зошто во истото е светот претставен како hollow earth, дали е нешто во кое и самиот тој верува т.е дел од тие верниците во конкавна земја или некој од режисерите :)
 
Лелелел хејт хејт хејт. Како можеа да ја слушаат Дени кога им се обраќаше да не голтнала мегафон?!?!?! Мислам ни ја вреѓаат нашата висока интелегенција...

Како може Брон да седне во советот па ти се молам кога сите знаеме дека политичарите се паметни и високо образовани луѓе, ете Диме Спасов и Ивица Конески беа генијалци.

Како може комедија да убацам во ГОТ кога сите знаеме дека жанрот не е комедија. ХЕЈТ ХЕЈТ.

Направив 4 акаунти на ИМДБ и ставив кец, мојата работа ја завршив а вие???
 
Дај бе престани да замараш, полош си од некој штабски бот којшто спамира на форум за сендвич.
 
Дај бе престани да замараш, полош си од некој штабски бот којшто спамира на форум за сендвич.
Не ми се обраќај лично, ако имаш нешто да пишеш за ГОТ пиши ако не изгуби се...:pos:
 
Како што кажав после третата сезона, очекував во скроз друг правец да се развива приказната, но откако му ставија крај на Најт Кинг не ме интересираше толку многу приказната, се дур уживам во тоа малце што преостана, како и да заврши. И според тоа како се одвиваше дејството, ова си беше и повеќе од достоен крај. Не мислам дека крај со некој голем твист и нешто скроз неочекувано би бил добар крај. На некој начин приказната сврте цел круг и добивме крај до некаде сличен како и почетокот на самата серија.
Интересно ми е што мојот впечаток е дека оние на кои им беше веќе уништена серијата, имаа најголеми очекувања за крајов. Би сакал да слушнам добри идеи за алтернативен крај, се разбира почнувајќи од онаму каде што почна последнава епизода.

Денерис се знаеше дека мора да умре. Прашањето беше само дали ќе биде убиена од Арја или од Џон. Арја го доби Најт Кинг, Џон ја доби Денерис. Ми се свиѓаше топењето на тронот од страна на Дрогон. Џон веќе немаше што да бара ваму после се, не ми смета како заврши. Крал зад ѕидот можеби? Само така сметам дека може да најде нова цел за која ќе вреди да живее. Санса го доби тоа што го заслужува. Еден од најдобро изградените карактери ми е кога ќе се погледне целата серија. Арја исто веќе немаше никаква цел во Вестерос, па ете ќе оди да истражува нови континенти. Доколку сака Мејси, комотно може да излезе нова серија од ова. За Бран сакав многу повеќе детали да дознаеме, но добро. Како што кажав претходно, не ми беше воопшто важно кој ќе биде крал на крај. Очекував само кога завршуваше и ги покажуваа Џон, Арја и Санса, да го покажат и Бран како почнува да го контролира Дрогон, затоа што последно нешто што кажа е дека он ќе проба да го најде. И така, животот за сите си продолжува понатаму, онака како што знаат. Повторно ќе се водат политики, повторно ќе има проблеми, повторно ќе има војни.

На крај, без разлика дали серијата ви беше добра или не ви се свиѓаше завршницата, факт е дека ГоТ остави огромен белег кај сите нас во изминативе осум години. Серија која ги уништи претходно поставените стандарди, и кога го достигна врвот не остави многу простор за некој да ја надмине. Мислам дека ќе помине долго време пред нешто друго да ја симне од тронот.

D65Kf3DVUAAjTmh
 
Кажи како може лик како БРОН да заврши во малиот совет како master of coin а пред некоја епизода ги држеше на нишан Тирион и Кралоубиецо и му се закануваше? Значи подол, мизерен убиец, алчен за пари - master of coin.
И мене ова ми беше најпроблематично у епизодава.
 
Леле Дани умре ццц најмногу заслужуваше она да седне на тронот. Џон гомно покварено така на сестра ти како не те изгоре змејот. Ај барем отворив имбд сега има утешен 4.9 рејтинг [emoji23][emoji23][emoji23] Тролејбус на апаратима.
Сериозно сакаа фановите хепи енд еве ви хепи енд.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Нај ГОТ сцена беше кога Тирион ги најде братот и сестрата мртви, колку и да не се согласува сепак живееле заедно долго време во Кастели Рок.. да ги најдеш заедно мртви не е лесно (кутриот се надеваше дека се спасиле) таа сцена највише ми беше олд стајл ГОТ
 
Лелелел хејт хејт хејт. Како можеа да ја слушаат Дени кога им се обраќаше да не голтнала мегафон?!?!?! Мислам ни ја вреѓаат нашата висока интелегенција...

Како може Брон да седне во советот па ти се молам кога сите знаеме дека политичарите се паметни и високо образовани луѓе, ете Диме Спасов и Ивица Конески беа генијалци.

Како може комедија да убацам во ГОТ кога сите знаеме дека жанрот не е комедија. ХЕЈТ ХЕЈТ.

Направив 4 акаунти на ИМДБ и ставив кец, мојата работа ја завршив а вие???
Дај бе не се бламирај такво финале за ГОТ и овој 4.9 е многу туку ако и 3 да падне ова им е мочање во уста на D&D позаслужено амин.
 
И аман бе за Брон. Па цела серија гледаме дека е лик кој најдобро знае од своите вештини да го извади максимумот и да добие што сака. Он беше човекот на кој Тирион можеби најмногу му веруваше. И демек се смени тоа? Како? Беше платен да го убие, ама наместо да го убие отиде да преговара со него, знаејќи дека Тирион ќе се држи до тоа што му го има ветено. И на крај не е логично Тирион да го задржи блиску до себе откако е ставен на позиција hand of the king? Ок, некоја друга позиција повеќе ќе му одговараше, можеби master of war. Ама тоа беше потребно за сцената и е тотално небитна ситница за која ми е преглупо некој да се фати сега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom