Ваљда да го прочитавте ликнатото сценарио, ќе ви беше полесно
Сума сумарум заебани крајни сезони на нешто што започна одлично, далеку е пониско со квалитет од она што се очекуваше, можеби поради што го скратија во помалку епизоди и главен акцент ставија да направат револуција во графиката и ефектите, па ја запоставија приказната која беше можеби челната одлика на серијата, голема улога тука е и што Џорџ прекина да ги пишува книгите, па колку и да се трудат тешко да му влезат во главата и да пишуваат со ист стил, дури и на пародија фатија во втората половина од епизодава.
Ми се бендиса тоа што загина лудачата, уште повеќе што со Дрогон го уништија вистинскиот проблем поради кој загинаа милиони без разлика на владетелот. Испаѓа дека Дрогон не е глуп како што овие кои се тепаат за внимание и го шеруваат по сториња туку го препозна вистинскиот проблем и го уништи, тој беше само машинеријата со која уште еден лудак направи огромна штета.
Најмногу наеба Џон, иако меѓу вајлдлингс нема да му важат тие забраните за жени и слично
Арја киниса да ги открие Америките

Дрогон го пратија на исток до кај Кинезите и така тие се по змејови и слични ствари, барем јас така ги толкувам од моја перспектива.
Тирион пак го изваде дупето, дури и најпривилегиран испадна, интелигентно го наговори со спомнувањето на сестрите Џон да ја ликвидира лудата. Брон, од бродел до бродел и на крај министер за финансии

нешто слично како и во реалниов свет, тие што се лукави како што е овој успеваат и имаат најголема корист.
Сем и Бран уствари се пораката дека не треба да е потценуваат оние кои се „послаби“ дали поради природата или поради некаков инвалидитет, двајцата беа физички најслабите ликови, а на крај станаа помоќни и од тие алфа војсководците, пораката е демек секој има свои квалитети со кои може да успее.
Со Торко Нуро ја пратија пораката дека треба да бидете доследни и дисциплинирани на она што го правите и еден ден ќе ви се исплати, од кастриран „роб“ догура да биде еден од најмоќните восјководци со можеби најголема и најмоќна армија под своја команда.
Да не ги набројувам останатите, ми паднаа уште две карактеристични сцени во очи, првата што и со пораката до религиозниве дека нема задгробен живот, а втората уште незапочнат новиот систем почнаа својата моќ да пробуваат да ја наметнат за свои лични сатисфакции и бенефити (муабетот за градење и отворање на борделите), така да новите проблеми со корупција, непотизам и тн им се на врата (несовршеностите на „демократскиот систем“, а и воопшто на човековата природа кои несомнено постојат во реалниот свет и тоа во сите држави без исклучоци само некаде се поизразени како кај нас, некаде се во поминијатурни размери како во „напредниве земји“).
Е сега не сум се замарал да истражувам дали Џорџ РР Мартин има давано сугестии за интрото на серијава и зошто во истото е светот претставен како
hollow earth, дали е нешто во кое и самиот тој верува т.е дел од тие верниците во конкавна земја или некој од режисерите
