- Член од
- 15 јуни 2013
- Мислења
- 1.782
- Поени од реакции
- 2.764
Колку "експерти" на форумов бре бре... а коментариве copy-paste од "инфлуенсери" по нетов. Зошто Џон вака, зошто Арија така, ама како можеше Брон да биде во советот кога им се закануваше, каде е тука логиката бла бла.
Џон го осудија да живее во Castle Black во изолација, а не за да го чува ѕидот од WW па да прашувате која е поентата. Таму претходно ги позиционираа и Вајлдлингс кои преминаа од јужната страна на ѕидот и затоа Castle Black е сеуште населен, а не дека некој ставил луѓе онака ради реда па сеа се правите на три ипол или имате меморија на риба. Овие Вајлдлингс го сакаат Џон ненормално, па веројатно и самите не сакаат да живеат изолација и робување, па си се вратија назад од кај што си дојдоа патем Џон им се придружи веројатно несакајќи да живее со правилата "Нема да имаш секс, жена, деца". Мене баш ми беше ежење сцената кога ги отворија капиите и овие полека се упатија накај Север и во позадина екна тоа музиката во сосема друга верзија. Арија замина во поход оти уште кога беше мрсулка место не ја држеше, се знаеше за неа дека ќе заврши како талкач. Брон е во советот оти му дадоа збор дека ќе биде, му доделија и земја, ако не сфативте во тек на 8 сезони потиликата е секој да си стои на зборот без разлика за кого се работи (имаше мали исклучоци како Денерис кои залутаа, па не траеа долго на позиција).
Нареден пат пред да си гледате серија прво информирајте се за жанрот, оти ако е Fantasy show не е за вас, поштедете се од негативна енергија, добро е за здравјето.
Абе, инфлуенсер еден. Демек треба да си експрерт за да искажиш свое мислење и незадоволство за некоја серија на е*ен форум, за работи кои се воочливи од еден километар. Ти каков експерт си што се дрзнуваш да ги земаш во уста личности тука што си го кажуваат мислењето. Кажи што имаш да кажиш за серијата. За останатите неистомисленици не јади трици. Не те прави ништо подобар или не те става на некое повисоко ниво.