Реално, тоа е најмалиот проблем, „воените грешки“.
Главниот проблем што уште го форсираат е плот арморот.
GoT беше GoT затоа што секој што правеше кардинална грешка, сносуваше последици за тоа. Сега читам коментари: Што очекувавте, да умрат сите, тоа е веќе досадно.
Мислам дека не беа очекувањата да умрат сите. Порано погинуваа многу носечки карактери, но погинуваа ради грешките кои ги правеа. Нед, Роб, Кејтлин, Дрого, Џофри итн... сите загинаа заради последица на нивното невнимание. За нив немаше деу екс машина и плот армор.
Сфаќам дека некои ликови мора да ги остават до крај од комерцијални причини. Но едноставно штом сакаш да ги чуваш до крај, не ги ставај во ситуација/сцена каде што „глупаво ќе преживеат“. Џон и Даенерис досега имаа по 5-6 такви ситуации. И во последнава епизода исто, која беше потребата да го ставиш Џон опкружен од 43187 зомбиња и ништо да не му направат? Или пак Бриен, Џејми и Тормунд? Едносавно не ги доведувај до тој амбис, па магично и исклиширано да ги спасиш.
Имаше и „добри“ убивања во епизодата. Најмногу ми се допадна тоа на Теон затоа што убаво му ја заврши животната приказна. На крај загина искупувајќи се за грешките. Џора загина онака како што се очекуваше, бранејќи ја Даенерис. Мормонт џуниор загина херојски, како вујко и татко и. Сите тие беа одлично изведени.
Ама да го ставиш Сем опркужен со милион зомбиња и да преживее, по 3 пат? Нонсенс. Едноставно стави го таму каде што го стави Тирион, надвор од битката, за да биде корисен при евентуалната победа.
Овие тука сакаат да му продадат на гледачот тензија за овие ликови, која веќе и не е тензија, затоа што сите ги имаат спасено од безизлезна ситуација по 3 пати досеа...
Затоа се случува и сосема спротивен ефект, веќе немаш толкаво поврзување со ликовите како што имаше.
Тоа е главниот проблем на GoT во последните 3 сезони, што кога ќе го собереш со останатите пропусти, даваат продукт кој веќе не е препознатлив за самиот себеси.