џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.475
- Поени од реакции
- 25.446
Епизодава држеше внимание и еден куп емоции до самиот крај, ама крајот е она што и мене како и на многу други не' разочара.
Не ми е гајле за Дотраките, за воените формации и еден куп други работи, ќе разберам се тоа, ама не ми е јасно зошто се одлучија да го уништат единствениот антагонист во серијата. Главниот проблем овде (а не знам дали е некаде дискутиран) е тоа што серијата остана без Најт Кинг = антагонистот. Како после ова? Не знам како ќе го оправдаат и дали воопшто овој плот ќе заврши со уништувањето на Најт Кинг (или ќе дообјаснат некои приказни преку Бран), ама на три епизоди пред крајот, да направиш атмосфера во која нема веќе реален непријател, мислам дека не ветува многу... Серси, Дани, Џон, битката меѓу нив е битка помеѓу херои и антихерои, не меѓу протагонисти и антагонисти, ова се ми е конфузно во умот. Ни требаат одговори после ова, а не уште прашања.
Друго, зошто баш Арја го отепа НК? Кај беа тие хинтови што ги споменувате? Не сум ги гледал скоро минатите сезони, не можам да се сетам, ама никако во перцепција не ми е дека Арја е онаа која стои наспроти НК, кога низ целата серија таа си имаше други проблеми, за разлика од Џон, кој многупати имаше директна конфронтација со НК и се си мислев дека тие двајца ќе бидат оние што ќе се разрешат (или Бран и НК). Ова со Арја и НК ми е ко на пример Тормунд да ја отепа Серси, ни се виделе ни се чуле (ако сум грешка се извинувам, сакав само да повлечам паралела).