Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Јас уште 3-4 сезони би гледал. Прашање е колку е изводливо, имаш актери кои имаат и други планови, на некои им е преку Тасета дојдено, 8 години веќе, жени остануваат бремени, некои страдаат од депресија, сите се менуваат физички побрзо отколку што оди дејството итн итн...

Не знам зошто некого треба да изненадува фактот дека се ова се прави за профит, целата филмска индустрија е направена за профит и тоа што серијата ќе заврши оваа година е направено за профит. Ќе има и приквели и сиквели и филмови и сувенири... се за профит.

А да немаше профит, битката за Винтерфел ќе ја водеа 50 луѓе на двете страни и ќе немаше кој да погине во темницата.
Поентата не е дека се прави за профит, туку дека се жртвува уметничката вредност во име на профитот.

И тие што прават автентични добри дела имаат профит (најчесто помал), ама квалитетот на делото не се жртвува во име на профитот, туку сам по себе е примарна цел на авторот, па после профитот.

Тоа второто не е проблем, не ми смета ако ХБО решиле да применуваат формула за сигурен успех и да прават профит. Ама да не се залажуваме дека ГОТ сеа е некоја длабока уметност, тоа им е муабетот на сите овде. ГОТ изгуби квалитет ради профит и тоа е тоа. Ништо страшно. :D
 
Јас уште 3-4 сезони би гледал. Прашање е колку е изводливо, имаш актери кои имаат и други планови, на некои им е преку Тасета дојдено, 8 години веќе, жени остануваат бремени, некои страдаат од депресија, сите се менуваат физички побрзо отколку што оди дејството итн итн...

Не знам зошто некого треба да изненадува фактот дека се ова се прави за профит, целата филмска индустрија е направена за профит и тоа што серијата ќе заврши оваа година е направено за профит. Ќе има и приквели и сиквели и филмови и сувенири... се за профит.

А да немаше профит, битката за Винтерфел ќе ја водеа 50 луѓе на двете страни и ќе немаше кој да погине во темницата.

Да не сфатиме погрешно, јас сум релативно задоволен од серијата, па и од делот кој што не е базиран на книгите, т.е последниве неколку сезони. За цепидлачење сите знаеме, дека има основ за критики, има, ама одење во екстреми за серија која што спаѓа во домен на фантазија и измислен свет, мислам дека е претеран целиот тој хејт, кој што всушност е тренд. Тренди е да се хејта по што денес тоа се поима со уникатност, различен светоглед, да се биде unique snowlake што вели Тајлер во Фајт Клуб. Што значи отсуствува здрава издржана критика, само усилен нагон да се биде дел од некаков настан на колективно терање инат во името на некаква си уникатност, проследен со повремени епизоди на его-трипање.

Го разбирам делот со профитот, студијата го нудат она што толпата го бара. Само некако имам впечаток дека тоа денес е некако поизразено од некогаш. Веројатно баш заради поширокиот пазар кој што модерната технологија го овозможи...меѓутоа ова е сосем друга тема за разговор.
 
Што и да е.. за мене 1-4 сезона беа masterpiece после тоа змејови, армија на зомби бла бла бла бла
 
Затоа е попаметно да пратиш во јуриш се што имаш од лесна коњаница, да изгине. Најде замерка за праќање извидница, безмислено било, ама праќање на стократно повеќе луѓе е оправдано. Тоа е таа силна логика на просечен ГоТ фан. :D
Прво не можам да знам кој бил планот со коњаницата, второ не знам дали примети дека самата коњаница не виде ништо се додека не дојдоа на еден метар, трето мислам дека ги покосија во старт тоа џиновите и створовите, четврто начинот на кој погинаа и тоа дека издржија 20 секунди е најдобра извидница за силата на Најт Кинг војската, дел се вратија и назад... Не знам кој ви е филмов со бесполезната дебата ама начинот на кој им направија покољ е најдобра извидница за силината на војската. Плус и времето беше многу кратко да се спремат.
 
Убаво си пиша Берик, серијава сите ја засакавме поради таа некаква си "мистична реалистичност"...но 13-14 годишно девојче убива џин, "главниот негативец" наместо со пристојна борба, со неизвесност...го решава во секунда исто така малку повозрасно девојче...etc...серијава наликува на цртаните од "cartoon network"...
Ова мислење е валидно доколку си почнал сезонава да гледаш и не си знаел каква е серијата, и за што е.
Што и да е.. за мене 1-4 сезона беа masterpiece после тоа змејови, армија на зомби бла бла бла бла
Ова бетер, ги скокнал сцените со змејови и ВВ во првите четири сезони.
 
А пошти yu so stupid, ај упростено ( не дека заслужуваш, ама ај ).
Серијата е БАЗИРАНА на книгите. Има ТОН материјал ( битен и небитен ) не покажан во серијава, што да земат да го снимаат и него уште барем 8 сезони ќе им требаат. Башка, како се вика првата книга во серијалов ? Башка, од кај знаеш ти кој turn ќе има во 6та и 7та книга ? Џорџ брате ти ли си ?
Ви ебам тоа квази редит фановите. Поголем канцер од феминизмот во Марвел сте.
 
Ова мислење е валидно доколку си почнал сезонава да гледаш и не си знаел каква е серијата, и за што е.

Ова бетер, ги скокнал сцените со змејови и ВВ во првите четири сезони.
Поентава ми беше тогаш немаше многу муабети за змејови и ВВ него за тронот и војните во Вестерос, иначе серијава ја гледам од 2012 ретко кој гледаше тогаш ГОТ
 
И во коментари Санса [emoji23][emoji23]
f5053f10d5856f01f6038a33bf5a63c8.jpg


Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
ама одење во екстреми за серија која што спаѓа во домен на фантазија и измислен свет, мислам дека е претеран целиот тој хејт, кој што всушност е тренд.
Види, тоа што темата е змејови и фантазија не е оправдување за правење евтин плот, плитки карактери и нелогичности у приказната. Тоа е евтина изведба. ГОТ од старт беше етаблирана како фантазија, ама тоа не значи дека беше неквалитетна. „Господар на прстените" е фантазија (ова нонстоп се дава како пример и е кринџ муабетов али јбг), па нема шити рајтинг. Каков е жанрот нема врска со тоа дали делото е квалитетно и реалистично изведено.


Го знаеш оној муабетот на Стивен Кинг (мислам дека беше он) за тоа како да пишуваш добри фантастични дела? Замисли свет и како реалистично би функционирал. Внеси фактор што е фантастичен и пишувај како се' да е нормално освен тоа што би било кога факторот би бил реален. :D


На пример, имаш прича за зомбиња.

У сценарио 1 типката бега од зомбито, можда паѓа еднаш од страв, влага у кола и бега. Тоа би го напраиле повеќето луѓе ако видат зомби.

У сценарио 2 типката бега, паѓа 10 пати, зомбито ја стига, она вади нож, си ја боде ногата и умира. Можда некој стварно би го напраил тоа, ама може да се сложиме дека стануе збор за нереалистично сценарио иако и у двата случаја стануе збор за фантазија.

Е сеа тоа не е увек лошо. У треш филмови тоа се дешава некад за да има комик рилиф, друг пут за да предизвика некаква емоција и така натаму.

Ама целта на ГОТ првенствено беше да се прикаже како реалистична серија и после го изгуби тој момент што нормално накурчи некои фанови, но други повише го сакаат вака и тоа е тоа.[/QUOTE][/QUOTE]
 
Последно уредено:
Ова мислење е валидно доколку си почнал сезонава да гледаш и не си знаел каква е серијата, и за што е.

Ова бетер, ги скокнал сцените со змејови и ВВ во првите четири сезони.
Добро...очигледно е дека навивачки коментирате, ок е'...во многу тинејџерски серии тинејџери убиват свашта, жени стануваат витези , деца командуваат "возрасна армија"..etc...(y)
Инаку ја гледам уште од самиот почеток...
 
Поентата со Дотракито беше прилично едноставна, ако не се лажам беа најратоборна '' националност '' у тој измислен свет, и со начинот на кој по брза постапка им се гасеа оружјата, и беше извршено класично етничко чистење, се претстави доминантноста на Мртвите, веднаш од старт знаевме дека со нив нема лабаво, одма влагаат со клоци и боксови и не те ебаваат ни 2 %.
Проблемот се јави ради начинот на кој преживеаа сите битни ликови, на пример Сем и Бриен, од една страна за 2 минути ги скинаа дотракито, од друга овие хампани од неколку мртви, на крај останаа живи, можеше барем тој момент да биде скокнат башка што се коси со стандардот поставен на серијава, така да у право се тие коментари што ова го споредуваат со марвел и слични такви филмови.
Тотално се коси со она што токму ГОТ како серија го има воспоставено за стандард, без хепи ендинг и слично. Не дека некој ќе замереше што сите преживеаа, не е тоа проблемот, туку начинот на кој тоа они го направија, од една страна дотраки воин умира за секунда, од друга кацестиот сем на земја лежи без никаква помош, и преживува.

Мене крајот ми ја уништи епизодата, за све што претходеше на истиот и немам голема замерка, држи све тоа вода, у Винтерфел беа стационирани јаки воени фаци што се разбираат у воени стратегии така да иам разбирање за критиките со дотракито али реков, тргаш тоа на страна, поентата беше да се покаже супериорноста на мртвите и се решиле тоа да го напраат на таков начин, ок. Ама кога веќе манифестираат таква доминација, начинот на кој беа совладани е дури и смешен. Колку сака арја нека е истренирана, стелт моудот да и е пуштен на најако, еден од 200 души да не ја примети на крај е глупо, нарочито што си се трудел истиот да го претставиш ко Манчестер Сити, а обичните луѓе ко Беневенто. Не ни имав против баш Арја да е таа која ќе истапи, всусшност билд апот за неа и трансформацијата на тој лик се и најлогичниот избор, боље она отколку Џон Сноу кој делува ко едвај да го крева мечот за време на битките, она и Џејми ми се најдобро претставени ликови и претпоставувам ко и повеќето дека и Џејми ќе се истакне слично, со Серсеи.

Само не ми е јасно, овие влегоа во Винтерфел, практично и победија, а гледам на трејлеров луѓето повторно имаат своја армија, од каде ? И каде беше истата во толкави бројки на крајов од епизодава кога мртвиве више и внатре по библиотеки се шетаа лабаво, и одржуваа мал митинг ко македонски политичар у средсело у старо нагоричане, кај црвеното дрво.

Ако е толку со Мртвите, и ако веќе не се замараат со нив, ќе бидам крајно разочаран и ќе ми се потврди она за кое пишував тука и најмногу се плашев, дека ќе вадат приквели па таму ќе објаснуваат што и како, најлошото можно решение и ебење у здрав мозок на фан базата, само ради проклети пари и профит бидејќи знаат дека све што ќе се сервира голем дел од фан базата ќе го конзумира без проблем, што е и случај бидејќи еве на темава имаше еден голем бисер каде оваа битка беше преставена ко нешто невидено до сега, дури ни у филмовите ова не било случај. :facepalm::facepalm::facepalm: .

Ако во наредни 3 епизоди има одреднео објаснување за Мртвиве ( треба да видиме и што правеше Бран кога ги контролираше гавраните ), а и за начинот на кој што завршија, а беше истиот прилично едноставен, Ок, ја ќе го проголтам тоа какво и да е објаснувањето, у спротивно искрено се надевам дека хбо ќе пропаднат, банкротираат, ќе бидат изедени од конкуренцијата а истата у моментов е појака од било кога, па нит приквели ќе се десат нит ништо ( еден проект за приквел им умре уште пред да почне, за што официјално беше потврдено пред 2-3 дена ), па тек тогаш да сфатат колку ја усрале со прилично доста битен дел од приказната.

p.s. Имаше доста смешни моменти на нетов ради тоа што на многумина епизодава им беше темна : ))), на неколку места motm е прогласена мелисандре, зашо распали тоа оганот па се глеало нешо, исто и змејовите зашо осветлуеле колку толку па можело да се глеа.

p.p.s. ваљда ќе бидеме сведоци на легендарно млатење помеѓу Хаундот и брат му, ова веќе 8-9 години го чекаме ебате.

You don’t dare da mi kazuvate prikazni kako u stil Bran se vorgna vo WW i ovie ja pustija Aria a toa ne go vidovme na ekran. Preku k.. od takvite objasnuvanja vo period koga dejstvoto na filmot e pred knigata i jas mozam da pisam deka gravot sto go jadel vo petokot Bran mu napravil takov prdez sto se zasemetija WW i Arija uspea da go dupne NK.
Ако не се лажам не е можно ова, мртвите ги контролира само NK, овој барата само со живите, животни или луѓе сеедно. .
 
Добро...очигледно е дека навивачки коментирате, ок е'...во многу тинејџерски серии тинејџери убиват свашта, жени стануваат витези , деца командуваат "возрасна армија"..etc...(y)
Инаку ја гледам уште од самиот почеток...
Значи осум цели години го гледаш карактерот на Арја како се развива, што се научи, низ што се помина за сега да ти е глупо што го убила Најт Кинг затоа што е "девојче".
 
Не гледам причина зошто да не поддржуваш едни или други теории, ниту мислам дека е смешно, без оглед дали биле твои или нечиви, тоа е поентата на темава, дискусија.


Недоследни се. Токму тоа планирање кое сега го нема, претходно ги одреди настаните во серијата понатаму. Пример е овој разговор помеѓу Роб и Кејтлин и одлуката која ќе ги чини многу скапо


Битката кај Блек Вотер и користењето на ситуацијата што Тајвин со неговите армии е на север и се бори со Роб Старк од страна на Станис. За да во последна сезона имаш ситуација - Какочемо? Лакочемо! против многу посериозни противници. Мислам кога ќе размислам кој курац го тупеа скоро цела деценија со армиите на Дени и транспортот од еден до друг континент за да ги збришат за 30 секунди на крајот? Што треба да збори тоа за Даенерис кралицата на змејовите, дотраките и ослободителката која туку така си реши да отфрли се за што се бореше. Не сум сигурен дали сфаќаш колку несериозно и смешно делува серијава во моментов ако земеме да праиме ретроспектива.
Сфаќам, делува несериозно од аспект на storytelling, на што и јас замерувам. Од друга страна мислам дека вие се фокусирате на небитни ствари, на нелогичности и недоследности во битката. Нешто што е присутно во секоја екранизирана битка, без разлика на историски период и жанрот.
Сепак ова е уметничка форма, не е документирање на настан. Најголем дел од публиката, огромно мнозинство, не ја интересираат средновековни воени тактики, туку шок валјуто на настанот. Продуцентите и режисерите ги интересира какви емоционални реакции ќе предизвикаат кај публиката, не дали ќе им замери некој воен историчар. Јас би преферирал да нема никакви лапсуси во такви сцени, ради интересот кој го имам за таа тема, ама не можам да замерувам ако ги има. Покрај логистиката, буџетот, приказната која треба да ја раскажат, тоа не верувам дека им е високо на листата на приоритети.

Сцените што погоре си ги дал како пример, се напишани од Мартин, човек кој го има создадено овој свет во својата глава, кој ги пишувал книгите повеќе од 10 години и кој има фасцинација со средновековната историја, вклучително и воената историја. Битките како онаа во whispering wood и копнениот дел од blackwater bay не ни беа соодветно екранизирани, ни во моментот кога биле пишувани биле наменети за оваа публика, која ја има сега шоуто. Им поставувате стандард што беше очекувано дека нема да го исполнат. Оваа битка требаше да биде кулминација на приказна која се развива седум сезони, ако беше целосно доследна на средновековниот сетинг, требаше целата армија на живите да се повлече во утврдениот замок, а зомбињата да ги поминат следните години во градење siege towers, катапултирање на мртви домашни животни преку ѕидините и копање на тунели под темелите на винтерфел. Колку ќе уживаше просечен гледач на шоуто во таков расплет? Многу подобро е да пуштиш самоуверени дотраки да изгинат за 30 секунди. :)
Плус, ако човек ептен цепидлачи, замерки можеш да најдеш за секоја битка. За мене, helm's deep и pelennor fields се најепските битки преставени во филм, колку е логично цела коњаница да се движи под агол од 90 степени, или да наредиш full frontal charge на roided мамути, кои ти ја прават партали цела армија? :) Ама не верувам дека тоа битно влијаело врз впечатокот кој овие битки го оставиле кај гледачите.
Мене лично многу повеќе ми смета што, дејствието го губи моментумот кој билдап-от од претходните 7 сезони, полека го изгради.
 
Значи осум цели години го гледаш карактерот на Арја како се развива, што се научи, низ што се помина за сега да ти е глупо што го убила Најт Кинг затоа што е "девојче".
Па искрено за мене беше разочарувачки...типот -НК(беше страв и трепет) ...и ај ок.... Арја цело време е во "фајт мод" но да го скинеш HK ?!! Мене уште ми е too much...Џон, Дени, Бран, Црвената, etc......ми се порелевантни...едноставно требаше порамноправен дуел со НК...
 
Замислете последните 10 минути од епизодава Серси се појавува на некое од ритчињата околу со тешка коњаница и требушети опремени со wildfire. Па следи дожд од wildfire врз мртвиве кој се шири ко улав и збришува голем дел од нивната војска.

Зомбињава се впуштаат во борба против нив ама коњаницата ги коси пошто ова не е коњаница од Дотраки.

Тек тогаш Night King успаничен трга по Бран(реално во епизодава можеше да си кулира и да чека да умрат сите и WW да му го испорачаат на крај) па следуваат неколку дуели кај дрвово помеѓу главните ликови и NK и WW во кои умираат дел од нив. NK се пробива до Бран и Арја го збрцува од позади.

Битката е добиена, следи плот твист во кој Серси си продолжува со нападот кон Винтерфел итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom