Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
aма Дорн и змиите :lut:

Прво од технички аспект продукцискиот тим праи сетови кои се над сите очекувања дури и за фановите на жанрот.
Визуелно GOT беше и остана неспоредлив кинематографски мастерпис кој поставува нови стандарди, и одамна ги надмина тие што ги постави LOTR.

Сценаристите (Dumb&Dumber :icon_lol:) колку и да се глупи изградија споредни ликови кои standalone се поголеми од франшизи како хангер гејмс, настрана тоа што им успеа да свртат/заменат еден комплетен циклус од lead ликови без да има поголем квалитативен пад.
Тоа ти кажува дека дамб ен дамбер калкулираат темпото и динамиката да не се потпира на карактерите, туку на наративот на приказната & настаните.

Серијава извади неколку епизоди како Winds of winter, Rains of Castamere, Hardhome, The Door, Battle of the Bastards итн. кои ќе останат as cinema's best, и најверојатно ќе вадат уште вакви со разврските што идат.

Квалитативниот пат на главните ликови е ист колку квалитативниот пад од сезоната со Мурињо кога освоивте, со сезоната после.

Но ни ти ни @Донев не престанавте да го гледате Челзи нели? Ете ти одговор Донев зошто суште ја глеаме серијата.

Комплетно ги уништија, што ко што пиша некој, веќе нема лик кој е омилен. Ако порано во секој момент стравуваш за ликовите, сега знаеш дека ќе спасат жива глава, макар и опколени од илјадна армија на замрзнато езеро. Ни крајот сега нема да биде bitter-sweet, затоа не може да има биттер чуство за лик кој веќе нема симпатии и поврзаност.

И јас ги бранев кога можеше да се бранат, но кога тотално е усрано. Нема моментално ниту една рационална одбрана за тоа што и го сторија на приказната (ликовите се дел од неа). Ама имаат тежина да го прават тоа затоа што масовната публика го одобрува.

А голем дел од таа масовна публика не ни знае да разликува Вајт Вокери од Вајтс и истата тек некни сфати дека Олена го убила Џофри.

И на крај, во неможност да се одбрани идиоштината нивна (на D&D), се оди со најглупиот аргумент:
-Абе во серијава има магија, змејови и зомбиња, вие логика барате.

Во серијата од старт има и змејови и остали магични срања, но имаше и логика исто.

Тоа ја направи приказната, а со неа и серијата, најдобрата на сите времиња. Како таква и ќе остане заради маестралноста на тие сезони и епизоди. Но ќе се запамети и колку ја усраа, кога огромен дел од оваа фан база која ја споменав и ќе заборави што гледала...
 
Последно уредено:
Квалитативниот пат на главните ликови е ист колку квалитативниот пад од сезоната со Мурињо кога освоивте, со сезоната после.

Но ни ти ни @Донев не престанавте да го гледате Челзи нели? Ете ти одговор Донев зошто суште ја глеаме серијата.

Комплетно ги уништија, што ко што пиша некој, веќе нема лик кој е омилен. Ако порано во секој момент стравуваш за ликовите, сега знаеш дека ќе спасат жива глава, макар и опколени од илјадна армија на замрзнато езеро. Ни крајот сега нема да биде bitter-sweet, затоа не може да има биттер чуство за лик кој веќе нема симпатии и поврзаност.
Трагедија, умреа омилените ликови од прва сезона, сеа овие новите не ги сакаме. :(

Ако имаш приметено не постојат главни ликови во ГОТ бато, структурата на серијата не се движи на superhero/vilain патека со два/три карактери околу кои ќе се центрира приказната за да се "приврзуваш" кон нив, идејата на ГОТ е гледачот да биде врзан за расплетот на приказната, повеќе од трасата по која ќе иде Роб Старк, Тајвин или Калиси Дракарис.

Сценаристите го преставуваат универзумот на ГОТ како многу поголем од обичните карактери внатре, затоа и се по малку смешни баладите "zs нема нов лик како Тајвин Ланистер".
 
Трагедија, умреа омилените ликови од прва сезона, сеа овие новите не ги сакаме. :(

Ако имаш приметено не постојат главни ликови во ГОТ бато, структурата на серијата не се движи на superhero/vilain патека со два/три карактери околу кои ќе се центрира приказната за да се "приврзуваш" кон нив, идејата на ГОТ е гледачот да биде врзан за расплетот на приказната, повеќе од трасата по која ќе иде Роб Старк, Тајвин или Калиси Дракарис.

Сценаристите го преставуваат универзумот на ГОТ како многу поголем од обичните карактерите внатре, затоа и се по малку смешни баладите "zs нема нов лик како Тајвин Ланистер".

Бато, ТОА Е ЕБАНОТ ПРОБЛЕМ. Тоа што го негираш дека не е така. ГоТ во првите сезони НЕ СЕ ДВИЖЕШЕ по арката на потенцираните главни ликови, освен Џон Сноу.

Дури и главните ликови, ги сносуваа последиците од своите постапки, кои умираа кои им се дешаваа срања кои им влијаеа во развојот на ликот. Овде добиваме ликови кои самите себеси се косат. И тоа не со постапките од претходните сезони, туку со постапките од пред 3 сцени.

Сега ГоТ стана Марвел филм. Даенерис и Џон собираат суперхеројски скуад во мисија против вилианот.

И тоа да влијае во расплетот на приказната, со која гледачот треба да биде врзан? Важи. Може.

Тоа го правеше и Мартин. Ама не на толку идиотски начин, со толку исфорсирани глупости за да приказната се придвижи онака како што стариот им кажал. Приказната можеше да се движи со многу понормални, порационални и пред се по in-карактер потези.

Сценаристите се идиоти, кои немаат појма што прават. Самобендисани копилиња кои ги мрзело да има 10 сезони, презаморни биле од ГоТ веќе. Па тоа ви е работа пичка ви материна.

Убеден сум дека следните проекти ќе им бидат епик фејл.
 
Ако имаш приметено не постојат главни ликови во ГОТ бато, структурата на серијата не се движи на superhero/vilain патека со два/три карактери околу кои ќе се центрира приказната за да се "приврзуваш" кон нив
Баш ова го направија последниве сезони,добри и лоши....лошата Серси си остана лоша и ќе си остане до крај,добриот,совршен уште од старт навредуван и обезправдан Џон ќе го спаси денот,едино на Дени и закачија сеа сум малце мед куин,сеа сум малце мајка тереза и ќе ви донесам живот.....

Не се замарам веќе,само знам дека ако не дадат опис и позадина за тоа што прави најтс кинг и неговите неживи,ако го направат глуп генерички негативец без никаква причина му текнало ќе идам ќе убивам луѓе ко да го пишувале во Слободен Печат тогаш дефинитивно серијава ќе испаде спрдња на крај.
 
Пред да ви одговорам, малку fan fiction.

White Walker: Шефе, овие се на средина на езерото, мразот пукна, ама ги заобиколивме. Таман да фанеш со тоа копјата да ги набодеш.
Night King: Не бе, мали се и подвижни, може ќе промашам.
WW: Еден шефе избега. Да земеш еден коњ да го збркаш и да му рокнеш едно копје?
NK: Кој го ебе тој, остај го..

...

White Walker: Шефе, шефе, оние заспаа бе.
Night King: Гледам, да.
WW: А да фанеш вака доека дремат да ги заредиш со воа копјава?
NK: Ааа, не
WW: Оти не бе, шефе? Глеј ги, спијат, неподвижни се, а ти си цар у фрлање копје.
NK: Не, не, ќе ги чувам за недајбоже.
WW: Шефе, не заебаај, два дена стоиме тука, чекаме езеро да замрзне. Земи набоди ги со копја, после ќе фрлиме еден од нашите на таа страна да ги собере. Пак ќе ги имаш за недајбоже.
NK: Темница е, заеби...

Ама знаеме ли од што се копјата, имаа три само на нив презјумабли за трите змеја. Овие одалечени 300 метра сакаш да го погодат Џон? Стварно? ;D Или Гендри да го гонат, пошо им е многу битен? Шо може да направи ако избега, да повика луѓе? Истите луѓе кон кои одат WW. Генијално! ;D

Не ми е мене тоа работа.
Намерно ми ја промашувате поентата, како за инает.

Ја во постот пред некоја страна набројав само факти. Дејствија шо се случуваат на начин на кој нема логика да се случуваат, со ликови кои НИКОГАШ не би постапиле на начин на кој постапуваат.
Самите креатори на серијата ни дале до знаење дека тие ликови нема шанси да постапат на тој начин. Затоа што се случува тоа што се случува, овие ликови се некои други, не тие шо сме ги гледале и за кои сте навивале, па затоа и ништо нема значење во целиот тој build-up и целата комплексност шо ја красеше серијата.

Не промашив ништо, туку имаше повеќе муабети не само еден.

Има еден клучен збор: Character development. Твојата логика е некои ликови постапуваат ко што никад не би постапиле така. Ајде Санса ќе ја влажниме пак по некој принц, awww носи крзно и ме погледна *trepka so trepkite*. Тоа што не ти се допаѓа е всушност и поентата на развивањето. Срањата што се случуваат ги менуваат, молдираат ликовите, ги адаптираат. И чисто да не го земеш пак дуото Литлфингр/Варис, пак ќе ти кажам, мора да има tuning down на ликовите за од кога биле во спотлајтот, бидејќи аналогно ќе треба да ги седнат на тронот бидејќи во тие неколку епизоди биле оверпаурд. Мора да има граници до каде еден лик може да оди. Конкретно, хаосот се зачистува а Литлфингр одамна си го достигна врвот. Да не го цитирам тумблр со муабети моеш да преебеш некој понекогаш, но не сите секогаш или слични срања.

Не набројуваш факти воопшто. Не те прашав што би направил ти за да доловам поента дека не моеш боље, туку стварно, конкретно да ми одговориш како би ги подобрил ти конкретните ликови кои ти ги уништиле и не се тоа што биле. Или како би ја завршил ти? Исто ко втора сезона темпо. Без епикнес?

Жити се Хајгарден за колку време го зеле, ај ќе гледавме тоа на сметка на другите сцени со змееви, не мораше да дадат кога гореше војската на Ланистерс рецимо, можеа само афтерматот, огинче, пепел тука таму некој и со зборови да ни објаснеше некој лик шо се десило. Битно Хајгарден ќе видовме поголем замок. Брееј. :D

Комплетно ги уништија, што ко што пиша некој, веќе нема лик кој е омилен. Ако порано во секој момент стравуваш за ликовите, сега знаеш дека ќе спасат жива глава, макар и опколени од илјадна армија на замрзнато езеро. Ни крајот сега нема да биде bitter-sweet, затоа не може да има биттер чуство за лик кој веќе нема симпатии и поврзаност.

A зошто така линеарно да има најомилен лик за сите, зошто тоа што ти немаш омилен лик е лошо? Тајвин кога растураше со цитати сите го сакавме, Тирион кога беше у спотлајт вени сечевме, Олена коа дојде на сцена сквиртавме од убавини... и сега пошо нема лик вака у центар ти е тешко да си најдеш за навивање? Ова еквивалент на ситкомите коа ти кажуваат кога да се смееш.

Не знам за тебе, ама за мене и милион други сцената со Брон/Џејми вс. Дани/Змеевите ми беше предобра бидејќи не знам за кој да навивав, и мене таа внатрешна поделба ми ја направи епизодата и серијата целовкупно многу подобра.

Ако навистина седиш у кревет и дур гледаш си мртов ладен а не цел стегнат и зацементиран у позицијата за време на борбите, или си wight или еве, не знам. Кога гледам битки за ликови за кои не ми е гајле вриште сепак од тензија не пак...

А најретардиран пример дадовте зошто уште гледате.
Јас 7 години гледав Walking Dead, pred sezona ipol prekinav oti mi stana sranje.
Na vremeto gledav 4 godini HIMYM, koga stana drama mesto sitcom prekinav.

Gledate deka e, hands down, najdobrata serija sto postoi i postoela. < --- posle tockava ne postoi muabet.
 
Бато, ТОА Е ЕБАНОТ ПРОБЛЕМ. Тоа што го негираш дека не е така. ГоТ во првите сезони НЕ СЕ ДВИЖЕШЕ по арката на потенцираните главни ликови, освен Џон Сноу.

Дури и главните ликови, ги сносуваа последиците од своите постапки, кои умираа кои им се дешаваа срања кои им влијаеа во развојот на ликот. Овде добиваме ликови кои самите себеси се косат. И тоа не со постапките од претходните сезони, туку со постапките од пред 3 сцени.

Сега ГоТ стана Марвел филм. Даенерис и Џон собираат суперхеројски скуад во мисија против вилианот.

И тоа да влијае во расплетот на приказната, со која гледачот треба да биде врзан? Важи. Може.

Тоа го правеше и Мартин. Ама не на толку идиотски начин, со толку исфорсирани глупости за да приказната се придвижи онака како што стариот им кажал. Приказната можеше да се движи со многу понормални, порационални и пред се по in-карактер потези.

Сценаристите се идиоти, кои немаат појма што прават. Самобендисани копилиња кои ги мрзело да има 10 сезони, презаморни биле од ГоТ веќе. Па тоа ви е работа пичка ви материна.

Убеден сум дека следните проекти ќе им бидат епик фејл.
D&D се договорија да ги адаптираат книгите на Мартин во серија, се беше добро додека имаа книги. Сеа треба они да го довршат серијалот на Мартин и нормално ќе има пад на квалитет. Имаа илјадници страни материјал да работат , сега само неколку забелшки од Џорџета како ќе завршело се.
 
Gledate deka e, hands down, najdobrata serija sto postoi i postoela. <--- posle tockava ne postoi muabet.
Тоа е тоа. И јас вокинг дед гледав од самиот почеток, и ми беше меѓу подобрите, па кога ми стана срање (и тоа имав ептен ептен ептен помалце замерки од они што имаат за гот) ја прекинав.

Споредбата со фудбал нема никаква врска. Ама онака баш воопшто не се споредува :D

Мене не ми смета наоѓање замерки. Има за секоја серија, имаше за Breaking Bad, Six Feet Under и многу други. Нормално дека не може на сите да им се погоди се, ама ова овде е комично. И не само овде, според коментари изгледа глобално веќе стана тренд да се хејта ГОТ, па ако не се уклучиш на нет да исхејташ малце, не може. И општо земено, се бараат безвезе ствари само за да се пише нешто. Буквално секакви глупи ситници за кои кога ќе прочиташ од страна не знаеш дали да се смееш или да пукнеш од мака. Толку глупости се пишуваат, секоја чест. На страна тоа што сега ги хејтаат работите што ги бараа претходно.

И не си ја уништувате само самите себеси серијата него им ја уништувате и на другите. Не постои веќе дискусија за серијата, постои само хејт. Баш ме интересира какво сценарио би напишале интернет фраерите, затоа што очигледно многу повеќе знаат и разбираат од идиотите кои толку години работат на ГОТ, и ја направија најдобрата серија.
 
y45zWsIaTORA0mtsvBz4_GOT_Subtitles4.jpg

bQlRM63lTxWcnV7z1rrY_GOT_Subtitles6.jpg

:lolzz::lolzz::lolzz:
 
@wot

Точно. Се дивевме на Тајвин, Тирон, Олена. И на уште 15+ други ликови кои беа маестрално напишани. Тогаш имаше тежок избор за кого да навиваш. Посакуваш да го скинат Џофри што побрзо, а откако го кинат, си викаш „бре, каков цар беше, штета“. Но толку, затоа што знаеш, убеден си дека приказната ќе доведе нов јак лик кој ќе го украде хајлајтот.

Како тоа што се деси после Шон Бин, после Роб Старк, после Џофри. Како што се дешаваше се додека ликовите гинеа ради своите последици и доаѓаа нови место нив. Се додека нивните убиства влијаеа кон придвижување на плотот, со логични последици.

Сега доаѓаат во битка Џејми и Даенерис, два од сигурно тол 10 ликови во цел серија. И да, мене ме боли ташак кој ќе победи таму. Дани затоа што со време ствараше одбивност, а Џејми затоа што братот е убедливо најупропастениот лик од страна на копиљите од продуценти и аматерски сценаристи.

И по тие околности, Џејми ПО СЕКОЈА ЛОГИКА треба или да се удави или да биде фатен од Дани, он препливува и преживува. Како тоа да не ти влијае? Ако ти седиш ко вајт на кревет и не се нервираш за тоа, ондак свака ти част, тоа ни на Дигимон го немаше, можеби на Телетабиси го имало.

Мене затоа што не ми е сеедно, го пишувам ова. Затоа што ми е криво. Да ми беше сеедно, да бев како 80% од моменталната фан база, ќе викав после секоја епизода: Ау, многу добра епизода, браво.

Криво ми е затоа што се измочаа врз совршенство. Затоа што ги уништија токму оние работи кои ја направија Гејм оф Тронс, она што е. А можеа да одиграат многу подобро.

Но финтата е што они уште повеќе ја усеруваат, таман кога мислиш дека не може повеќе. Они и во моментот кога е посрана им се покажува прилика да се извадат со еден потег, тоа додуша го направија во 5 и 6 сезона со неколку битки, сезонава го направија првите 2 епизоди со Јурон. Ама последниве 3 епизоди се тотално фијаско.

Можеше Џон да биде спасен од Раегал, наместо од Бенџен. Ем ќе имаше повеќе логика, ем ќе се потрвдеше тоа што треба да се потврди.
Можеше Брен да се варгне и да види дека се у опасност и он да прати писмо до Даенерис, наместо Гендри да трча маратон во темпото на Јусеин Болт. Така бар малку ќе го извадеа тајмлајн хаосот.
Можеше Санса и Арја да ги фрлат во конфликт на сто други начини, а не на ваков, дебилен, идиотски и начин за кој срам е веќе и да се пише нешто за тој дел од приказнава...

Они во секоја епизода и по секое претходно срање, имаат една опција за мало плакнење, ама они ги одбираат убедливо најглупите.

Тоа е тоа. И јас вокинг дед гледав од самиот почеток, и ми беше меѓу подобрите, па кога ми стана срање (и тоа имав ептен ептен ептен помалце замерки од они што имаат за гот) ја прекинав.

Споредбата со фудбал нема никаква врска. Ама онака баш воопшто не се споредува :D

Мене не ми смета наоѓање замерки. Има за секоја серија, имаше за Breaking Bad, Six Feet Under и многу други. Нормално дека не може на сите да им се погоди се, ама ова овде е комично. И не само овде, според коментари изгледа глобално веќе стана тренд да се хејта ГОТ, па ако не се уклучиш на нет да исхејташ малце, не може. И општо земено, се бараат безвезе ствари само за да се пише нешто. Буквално секакви глупи ситници за кои кога ќе прочиташ од страна не знаеш дали да се смееш или да пукнеш од мака. Толку глупости се пишуваат, секоја чест. На страна тоа што сега ги хејтаат работите што ги бараа претходно.

И не си ја уништувате само самите себеси серијата него им ја уништувате и на другите. Не постои веќе дискусија за серијата, постои само хејт. Баш ме интересира какво сценарио би напишале интернет фраерите, затоа што очигледно многу повеќе знаат и разбираат од идиотите кои толку години работат на ГОТ, и ја направија најдобрата серија.

О, и тоа како е добра споредбата со фудбал.

Исто ко пола фанови на Челзи и Реал (оние Арапине најчесто) не се замараат со тоа како тимот игра, со неговата историја, со трансфери итн.

Така и овде, најголемиот дел сеа глеа затоа што е популарно и не се замара да изгледа дополнителен матерјал или да сети што гледал во 2 сезона (пример).

За глупи ситници замараа книгочитачите во првите сезони.

Ова веќе не се ситници, ова се глупости големи колку Дрогон.

Јас немам проблем да пофалам кога нешто добро ќе направат. Ги фалев кога ги критикуваа. Ама ова е веќе трагедија што го прават.

И ја сеуште се надевам дека не можат уште помизерно од ова да отидат, ама очигледно можат...
 
Ти на мене и викед ни збореше, не глобално. Мене Челзи ми е љубов за цел живот, и никогаш нема да престанам да ги следам, без разлика кај се и што се. ГОТ е серија, искуство кое трае неколку години и ќе заврши. Ќе ми остане во сеќавање само така, ко супер искуство. За 4-5 години може ќе излезе серија која лесно ќе ја надмине.
Мене да ми беше уништена серијава како што ви е на вас според коментарите, озбилно ќе ја откажев.

А не знам како би доловил колку мал дел ми е ГОТ како омилена серија, во споредба со Челзи. Еве на пример ако ми понудат сега да ја откажат денес и да не ја видиме ни последнава епизода, ни наредна сезона, ама Челзи да освои ЛШ сезонава, во истиот момент потпишувам за ЛШ :D
 
Молете се да не почне @Џони Вајсмилер да ја гледа серијава па да влага со клизачи тука, иако не сфаќам зш не ја гледа, Дени има крилести змејој :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom