Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
И во оваа ситуација кај спаѓа змајот? Во арми оф тхе дед или во ВВ. Зар би можел ВВ да претвара мртво суштество во ВВ? Според она што го видовме до сега само бебињата ги претвараше и првиот ВВ што на живо беше прободен со драгон глас.

Пичка им матер што ич не го искористија Бран сезонава да добиеме одговори на многу работи што ќе ни ја направеа серијава уживање со бекграундот што го носи секоја сплетка.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Па би требало и змејот да е ко нив, очите му беа плави како Шетачите и како бебето што беше претворено во Шетач.
Во овој момент јас веќе се сомневам дали Џорџ Мартин воопшто им има дадено било какви насоки на Дуки&Дасо за крајот или ги отерал во ПМ со „што сакате правете си“.
Викаш два краја ќе има, еден според книгите и еден според серијава?
 
А ако е така дали нема ли и Мартин иста одговорност како и D&D?

Негова најголема одговорност е што не ја заврши Winds of Winter на време.

Викаш два краја ќе има, еден според книгите и еден според серијава?

Па секако не може да биде скроз ист, прашање е колку и како ќе се разликува.
 
Негова најголема одговорност е што не ја заврши Winds of Winter на време

Не е само тоа, без оглед дали им дал и колку насоки им дал, он е потпишан како копродуцент на серијата, и секој крај на серијата различен од она што требало да биде, некаков холивудски завршеток нетипичен за серијалот ќе биде и негова одговорност, не можеме за се да ги хејтаме ДиД а него да го жалиме „оти му ја расипале приказната“ како нему тешко да му е од сето тоа.
 
Змејот е wight бидејќе умре па го воскресна додека останатите ВВ како на Крастер децата се живи кога ги претвара.

Инаку не знам зошто заклучивте дека ВВ не можат во вода, нема никаква логика и никаде не е констатирано (колку што знам) дека не смеат во вода. За Хардхом немаше потреба да го бркаат Џон бидејќи Страшо си ја заврши работата, си доби 80к+ тазе војска и ги удри на психа Џон и компанија. Плус да ги бркаа немаше да ги стигнат, чамецот го веслаа десетина души, дури и да ги стигнеа некако, Џон и компанија го имаа high ground како Кеноби. Инаку видовме во оваа епизода дека можат во вода, ви текнува на тие двајцата што го тегнеа Тормунд? Еден од нив веќе пропадна во вода од Клегајн кога го скрши мразот под него за да пак си искочи на површина и почне да го тегне Тормунд. Тоа што му ставија синџири на змејот дефенитивно докажува дека водата не им пречи. Во врска со ставањето синџири, навистина беше глупо, многу подобро и пологично ќе беше да ги кренеше рацете или нешто како Артас/Лич Кинг стил и да излезеше змејот како што направи во Хардхом.

А зошто џаболебарат толку, епа нели во книгите Алистар го пратија во Кингс Ландинг да ја однесе раката на мртовецот кај Тирион, епа раката поцрне бидејќи не беше на ладно. Мртвите се распаѓаат на топло, на ладно треба долго време да се распаднат па затоа и чекаат да дојде зима.
 
кога водата не му смета на џон и џејми со толку крзно/оклоп на нив да изгураат на површина, притоа едниов на - температура, а дргуиов без рака, ондак немат причина зошто му сметала на умрениве, едино нејасно беше кај ги најда синџирите, друго е ок.
 
Ја не знам ни Гендри како се врати кај што треба, освен ако има милион значки од американските скаути. Истиот Гендри што кажа дека првпат гледа снег у животот успеа да се снајде во најснежниот дел на Вестерос. Страшни plot holes.
Кога веќе ситничариш а и јас изгледа имам вишак време - мажите еволуционо имаат развиен сенс за снаоѓање во непознат простор, затоа и се подобри возачи и затоа и еднаш да отидат некаде, потоа знаат и да се вратат а и пак да дојдат на истото место без никаква помош, што е реткост кај женските. Тоа е бидејќи уште од самиот почеток оделе на лов на храна и се враќале назад во пештерите. Збориме за векови и векови еволуција. Но затоа па женските слушаат гласови многу подобро од машките и имаат истенчен слух бидејќи раѓаат деца и се научени да стануваат на најмал плач на бебето. Имаш и медицинско-антрополошки објаснувања за ова.
 
Колку ќе беше јако наместо за една минута да истрча Гендри и да стигне Дени, да ни покажат како Сем му мења пелени на бебето, жалејќи се како никој не го слушал ваму од мејстерите и дека не му верувале. Па да видиме како Греј Ворм на другарите им раскажува како и правел мени тингс на Мисандеи. Па после да видиме како Хот Пај смислува нова пита со која двојно го зголемува профитот на таверната во која работи. Совршено ќе беше и никој немаше да се жали :X3:
 
Тешко дека било која серија после ГоТ ќе има ваков импакт врз гледачите. :D
Не ми пречеше телепортот али веќе ептен почнаа да претеруваат. (убаво кажа Берик, ги поместија границите на реалистичното/рационалното) Трчањето на Гендри, пораката до драгонстоун и навременото интервенирање на Денерис додека Џон и компанија се бореа со милион вајтс и сето тоа склопено во неколку минути. (n)
Фак, постави нов стандард серијава, а по се ми изгледа дека дечките се оставени сами на себе и Мартин ги има одјебено. (се гледа падот на квалитетот)

п.с. Сцените помеѓу Арија и Санса. :cenzura: Оф скрин хемијата што ја имаат не им е пренесена во серијата. Крш дијалози, мутави погледи и никаква глума.
 
Епа ај да чекаме ако не две епизоди додека стигне гавранот па уште епизода додека се спремат змејовите. Значи не пробувам да го оправдам тоа туку зборот ми е дека бидејќи се брза за да се заврши со серијата затоа се прават такви работи и не е толку страшно барем за мене, затоа реков дека доколку за такви работи се буниме, нема да уживаме во серијата како што треба. Зборам само за патувањето на ликовите.

Беше јака сцена затоа, мене ми беше.[DOUBLEPOST=1503051852][/DOUBLEPOST]
Мртвакот што го заробија не бил направен од тој Шетач што беше убиен, затоа.
Допирот на Најт Кинг прави Шетачи, а тој во Хардхоме направи армија на мртваци кои можат да бидат убиени со оган, а Шетачиве само со драгонглас.
Не е проблем тоа што во една епизода стигна гавранот, проблем е што за Џон и компанија помина една ноќ, за тоа време, значи неколку саати, Гендри стигна до ѕидот, пуштија гавран, тој стигна до Дани, таа одлучи да оди на север, и дојде до нив, за колку, 24ч макс?

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Требаше да има 2 сезони само со Гендри и трчањето кон ѕидот и после уште 1 сезона како гавранот лета до Денерис и неговите бујни авантури дур да стаса до неа. И за на крај да има 1 сезона како пак Дени лета за да ги спаси овие кои истите 4 сезони седат на едно место и чекаат да поминат споменативе сезони.
 
И да ја гледаме Серсеи на секое едно 3-4 минути како качува скали од тронот до офисот нејзин и обратно во Кингс Лендинг.
 
Требаше да има 2 сезони само со Гендри и трчањето кон ѕидот и после уште 1 сезона како гавранот лета до Денерис и неговите бујни авантури дур да стаса до неа. И за на крај да има 1 сезона како пак Дени лета за да ги спаси овие кои истите 4 сезони седат на едно место и чекаат да поминат споменативе сезони.

Епа тоа е проблемот, шо го дрвеа досеа со вакви небитни меѓунастани колку да се развлечат 6 сезони, ама сеа дојде јајцето на газот, нема кеш за повеќе епизоди/сезони и ајде ќе пикниме се во една епизода.
 
Епа тоа е проблемот, шо го дрвеа досеа со вакви небитни меѓунастани колку да се развлечат 6 сезони, ама сеа дојде јајцето на газот, нема кеш за повеќе епизоди/сезони и ајде ќе пикниме се во една епизода.
Значи и така се мрчеше, и вака се мрчи. Како и да направат, џабе им е :D
Што би било идеално? :unsure:
 
ima li be nekoj asalen torent, dva simnav od po 2gb, edniot e kasha slikata , drugiot secka
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom