Ова лесно се брани и јас како хејтер на Dumb and Dumber ќе го одбранам.
Се објаснува едноставно, Вајт Вокерите немаат причина/не им се иде до ѕидот/немаат причина за тоа. Чекале 80 века за да се „појават“ на видно поле, зошто сеа за една година одма да нападнат? Можеби тоа им е тактика, можеби воопшто не ни сакаат да нападнат.
Всушност, ние никаде ни во канонот ни во шоуто не ги видовме нив како агресори. Повеќе си ја бранеа територијата во The Lands of always Winter. Нападите ги правеа најчесто преку whights. Се сеќавате, они ни дури wildlings беа на другата страна од ѕидот, немаа многу напади. Затоа нема тежина барањево зошто они седат таму постојано и не напаѓаат навака.
Значи, сумирано, Вајт Вокерите воопшто не треба да се земаат у овие „проблеми со тајмлајнот“.
Проблемите се во движењата на ликовите долу во Вестерос. Таму се исподесија најголемите глупости. Ова со биткава во последнава епизода беше шлагерот и мислам дека треба да си ептен нетокму или инает да го одбраниш тоа.
Прикажуваат како стигаат некаде далеку зад ѕидот, па започнува борбата, па му вика на Гендри оди да пратиш гавран.
Не само што издржуваат опколени во сред езеро/река со вајтс додека Гендри стигне, туку стојат таму и дури ГАВРАНОТ стигне од ѕидот до Драгонстоун. Нит мрзнат, нит гладуваат, ништо. Чекаат дури факинг гавран патува низ пола континент, ко да е брз ко змеј.
За тоа време Најт Кинг ги чека и не ги напаѓа, пошто и он е од душбезите кои го имаат прочитано ликнатото сценарио, па знае дека Даниела ќе дојде со змејовите и дека ќе може да го писвои Висерион.
Но да беше само тајмлајнот проблем, тоа ќе беше речиси ништо. Проблемот е што има уште многу големи проблеми во серијата. Насилно форсирање работи во приод на движењето на плотот ко ненормално идиотсков „сукоб“ меѓу Санса и Арја...