Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Како што приметив овие мртвиве се контролирани од ВВ. Мене не ми е јасно како кога го убија шетачот сите мртви им падна серверот и се изгубија а овој што го фатија беше уште "жив".

Може бил „претворен“ во зомби од друг ВВ, а не од тој што го убија.
 
Како што приметив овие мртвиве се контролирани од ВВ. Мене не ми е јасно како кога го убија шетачот сите мртви им падна серверот и се изгубија а овој што го фатија беше уште "жив".

Овие што се изгубија ваљда беа "воскреснати" од оној Шетач што го уби Џон. Автоматски сите умираат. Оној што го фатија е створен од друг Шетач.
 
Епа ај да чекаме ако не две епизоди додека стигне гавранот па уште епизода додека се спремат змејовите. Значи не пробувам да го оправдам тоа туку зборот ми е дека бидејќи се брза за да се заврши со серијата затоа се прават такви работи и не е толку страшно барем за мене, затоа реков дека доколку за такви работи се буниме, нема да уживаме во серијата како што треба. Зборам само за патувањето на ликовите.

Додека се тепаше Даенерис со Ланистерс, Џон можеше да замине горе у минатите 2 епизоди. Ама овде не, им требаше најидиотската причина за заминување на северот, да и донесат вајт на Серсеи. Не е ни големо мозгање тоа штом на секому може да му текне подобра солуција откако што направија дебилите.

Ова болдираново е можда една од најглупите реченици напишана во подфорумов.

Ако е така ко што си пишал, треба да уживаме и во турските серии.
 
Мртвакот што го заробија не бил направен од тој Шетач што беше убиен, затоа.
Допирот на Најт Кинг прави Шетачи, а тој во Хардхоме направи армија на мртваци кои можат да бидат убиени со оган, а Шетачиве само со драгонглас.

И во оваа ситуација кај спаѓа змајот? Во арми оф тхе дед или во ВВ. Зар би можел ВВ да претвара мртво суштество во ВВ? Според она што го видовме до сега само бебињата ги претвараше и првиот ВВ што на живо беше прободен со драгон глас.

Пичка им матер што ич не го искористија Бран сезонава да добиеме одговори на многу работи што ќе ни ја направеа серијава уживање со бекграундот што го носи секоја сплетка.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Во овој момент јас веќе се сомневам дали Џорџ Мартин воопшто им има дадено било какви насоки на Дуки&Дасо за крајот или ги отерал во ПМ со „што сакате правете си“.
 
Во овој момент јас веќе се сомневам дали Џорџ Мартин воопшто им има дадено било какви насоки на Дуки&Дасо за крајот или ги отерал во ПМ со „што сакате правете си“.

А ако е така дали нема ли и Мартин иста одговорност како и D&D?
 
Ако навлегвиме толку и во изминативе сезони ќе најме куп нелогичности само што оваа имат поќе.. Ако е така шетачов шо го заробија зш не го пределија на пола, шо ќе му се нозете на Серси полесен ќе му беше за носејне хаха.
 
И во оваа ситуација кај спаѓа змајот? Во арми оф тхе дед или во ВВ. Зар би можел ВВ да претвара мртво суштество во ВВ? Според она што го видовме до сега само бебињата ги претвараше и првиот ВВ што на живо беше прободен со драгон глас.

Пичка им матер што ич не го искористија Бран сезонава да добиеме одговори на многу работи што ќе ни ја направеа серијава уживање со бекграундот што го носи секоја сплетка.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Па би требало и змејот да е ко нив, очите му беа плави како Шетачите и како бебето што беше претворено во Шетач.
Во овој момент јас веќе се сомневам дали Џорџ Мартин воопшто им има дадено било какви насоки на Дуки&Дасо за крајот или ги отерал во ПМ со „што сакате правете си“.
Викаш два краја ќе има, еден според книгите и еден според серијава?
 
А ако е така дали нема ли и Мартин иста одговорност како и D&D?

Негова најголема одговорност е што не ја заврши Winds of Winter на време.

Викаш два краја ќе има, еден според книгите и еден според серијава?

Па секако не може да биде скроз ист, прашање е колку и како ќе се разликува.
 
Негова најголема одговорност е што не ја заврши Winds of Winter на време

Не е само тоа, без оглед дали им дал и колку насоки им дал, он е потпишан како копродуцент на серијата, и секој крај на серијата различен од она што требало да биде, некаков холивудски завршеток нетипичен за серијалот ќе биде и негова одговорност, не можеме за се да ги хејтаме ДиД а него да го жалиме „оти му ја расипале приказната“ како нему тешко да му е од сето тоа.
 
Змејот е wight бидејќе умре па го воскресна додека останатите ВВ како на Крастер децата се живи кога ги претвара.

Инаку не знам зошто заклучивте дека ВВ не можат во вода, нема никаква логика и никаде не е констатирано (колку што знам) дека не смеат во вода. За Хардхом немаше потреба да го бркаат Џон бидејќи Страшо си ја заврши работата, си доби 80к+ тазе војска и ги удри на психа Џон и компанија. Плус да ги бркаа немаше да ги стигнат, чамецот го веслаа десетина души, дури и да ги стигнеа некако, Џон и компанија го имаа high ground како Кеноби. Инаку видовме во оваа епизода дека можат во вода, ви текнува на тие двајцата што го тегнеа Тормунд? Еден од нив веќе пропадна во вода од Клегајн кога го скрши мразот под него за да пак си искочи на површина и почне да го тегне Тормунд. Тоа што му ставија синџири на змејот дефенитивно докажува дека водата не им пречи. Во врска со ставањето синџири, навистина беше глупо, многу подобро и пологично ќе беше да ги кренеше рацете или нешто како Артас/Лич Кинг стил и да излезеше змејот како што направи во Хардхом.

А зошто џаболебарат толку, епа нели во книгите Алистар го пратија во Кингс Ландинг да ја однесе раката на мртовецот кај Тирион, епа раката поцрне бидејќи не беше на ладно. Мртвите се распаѓаат на топло, на ладно треба долго време да се распаднат па затоа и чекаат да дојде зима.
 
кога водата не му смета на џон и џејми со толку крзно/оклоп на нив да изгураат на површина, притоа едниов на - температура, а дргуиов без рака, ондак немат причина зошто му сметала на умрениве, едино нејасно беше кај ги најда синџирите, друго е ок.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom