Ја знаеш таа "Го сакам Платон, ама повеќе ја сакам вистината"? Многу сте ми интересни овие фановиве на серијата шо приметувате вакви работи и не ја гледате заради змејови и сексови, туку заради дијалогот, континуитетот и "длабочината" на ликовите, како во последниве две сезони простувате глупости, па и ги толкувате како нешто логично, а не како shitty writing.
На пример, зошто Тарли сам не дојде до тој заклучок, дека не смее да дозволи варвари да му пустошат земјата, у муабет со син му? Да го видиме како се крши лојалниот Рендл меѓу заклетвата и интересот. Не може така оти актерот шо го глуми Џејми мора да има некаква пресудна улога, мора маме да ебаа. И имаш сцена од три реченици, надвор од секоја логика, у која Џејми маме ебаа.
Зошто чесниот Тирион, во писмото реши да не му пише на Кралот на северот дека оваа го вика за да клекне? Не е мала работа, не го кани на кафе. Го вика на бацирака. Нигде кога го разубедуваа не му рекоа "пеер, оваа да не те вика на бацирака"?
Како бродовите на едниве не ги видоа тие илјада бродови на другиве? У која шума спремаа тие бродови заседа? Оти на сред мување ги фатија, со спуштени гаќи. Многу магла ли имало? Густа магла, а?

Имам уште десетина примери, само за епизодава, ама темава е повеќе за мемиња, па да не досаѓам. Малку само ми смета ова апологетизмов на апла тешки, необјасниви глупости, резултат на егото на актерите и нивните агенти и типичен холивуд менталитет кој шо редовно ебе добри проекти.