Е сега може да се рече дека ја изгледав како што треба. Маестрално, нема повеќе фалби да кажувам, сите претходно кажавте се.
И јас сум на ставот, ако се мрчи за епизодава, тоа е од некаков инат, хипстерај или правење паметен, ситници што не се логични или што не нервираат може и во најдобрите филмови, серии и книги да најдеме, ако сакаме, но ако уживаме во целината нема ни да сеќаваме на тие работи. Кога е за критика како минатата епизода, тогаш поголем дел од гледачите критикуваат, се осеќаше дека нешто и фалеше на минатата, сега баш и нема многу место за дебата и за критики.
Едно важно прашање што ги интересира сите денес, зошто Санса не му кажа на Џон за засилувањето од Вејл, ќе видиме наредната епизода затоа што имаше во промото дека зборуваат за тоа, мое мислење е дека не знаеше дека навистина ќе дојдат и второ можеби играше некаква игра, сакаше да го чува факторот изненадување, преѓеска кажавме дека коњаницата одлично дојде против формацијата во која тргна Ремзи. Но требаше да му каже, стопати ја праша што да прави, од каде да најдат уште армија, а она као демек да почекаме а не кажува зошто, цела епизода беше многу ладна и искалкулирана, веќе го имаше прежалено Рикон, а можеби и Џон, не сакам да помислам дека сакаше чист простор за себе во наследството на Винтерфел и Северот, не е можно да е станата до толку сурова, или пак може ?!
За Ремзи да кажам некој збор. Со Рус ќе беше многу потешка битка, Ремзи за сите генијални потези што ги правеше се покажа како доста наивен на крај. Од ароганција излезе на отворено а не мораше, вторпат го прави тоа, првиот му успеа. Ја собра цела армија на едно место, не остави резерва ни скриена војска како џокер. Повторно од ароганција ја фрли целата коњица напред уште во првиот напад и остана само со пешадија и стрелци, немаше веќе мобилна резерва, но добро тоа го направи со знаење дека и коњаницата на Џон ќе биде уништена.
И можеби еден пропуст, не толку грешка, што се покажа клучен, не ги осозна намерите на Бејлиш, не остави војска на југ, а, му требаше цела армија на едно место, а немаше основ да стравува од напад на југ имајќи ги таму сојузниците Ланистер и Фреј (ако воопшто и му беа сојзници) а Рус имаше пакт со Бејлиш.
Гарант оние што ја осмислувале битката мора да играле Total War

, на крајот на битката и двете армии остана само со стрелците. Кој играл знаел, кога ќе се испотепаат пешадијата и коњаницата, на крај се напаѓа со се што останало, најчесто стрелците кои се во позадина, па имаме смешна ситуација кога се тепаат стрелци vs стрелци до истребување