Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
ab0L9rB_700b.jpg
 
izleda vo serijava ima samo zaplet ,zaboravile na voved i rasplet
Ете во наредната ќе има расплет и ќе ја прекинат серијата. Ебаве, пуштете си Телевиса пресента за такви работи.

Серијава е синоним за совршенство, the end! Ептен педерски заврши Тристан :icon_lol:
 
Нормално не потсетија и кое копиле е Ремзи. Една минута ја оплака Миранда, со убави зборови со све, мислиш ептен е трогнат, и коа го праша оној дали да ја закопаат или запалат, овој вика „не бе добро месо е ова, дајте го на кучињата“ :ROFLMAO:
 
Најдов стрим синоќа и ја гледав, иако од сабајле требаше да станам, до толку сум ненормален.

Рекапитулација.
Отварањето беше совршенство, Џон легнат на снегот, а Ghost тажно завива затворен, осеќајќи дека нешто му се случило на господарот. Одма ме потсети на една слична сцена каде друг волк тажно завиваше во еден друг замок додека на господарот му се спремаше нешто злокобно.

Другото, стандард ОК, сцените на Џејми/Серси, Денерис, Тирион/Варис (многу ме интересира кој е водачот на маскираните во Мерен и зошто ги запалија бродовите) Болтон. Санса и Теон беа одлични, малце смешно ми дојде како Бриен и Санса прават церемонија на сред снег (а Санса премрзната) на неколку километри од непријателите, незнаејќи дали има уште патроли кои ги бараат, ама ајде, за филмски ефект мораше така да биде и ептен добро испадна.

Е сега, клучните сцени за кои најмногу ќе се дебатира деновиве.

Прво, не сум премногу изненаден од Мелисандре, т.е од правото нејзино лице, постоеше некаква мистерија за нејзиното потелко, знаење и моќ од каде доаѓа, на релативно млада жена (на изглед).
Прочитав еден коментар сабајле, кој ја има играно Witcher 3 ќе се сети исто, трансформацијата на Мелисандре потсетува на вештерките од мочуриштето во играта.

И најконтраверзниот дел-Дорн. Ако има нешто што ќе ја кутне серијава тоа ќе биде само таа пролкета глупава приказна, која воопшто не требаше да ја адаптираат. Ај шо лани беше најслабото нешто, исто продолжи, иако сцената во палатата беше добро изведена, а можеби и најдобар начин да се скрати слабата приказна со брз рез на пола карактери. Само не ми е јасно кои се мотивите, за одмазда на Оберин, оваа го убива брат му и внук му, го обезвластува принципатот, со убиството на Мирсела оди во отворена војна со круната. Фактот дека стражарите во палатата не мрднаа, треба да не увери дека не работи сама и дека има подршка од други битни луѓе, што веројатно дава логика како лани толку лесно влегова во палатата. Тука имаме еден вид пуч на милитаристичката фракција во Дорн, но пак нема логика, кој е сега законски владетел таму, една од ќерките на Оберин најверојатно.
Но најсмотана беше сцената на бродот, ако добро приметив, бродот уште беше во King's Landing, како змиите дојдоа до таму, кога последен пат ги видовме на брегот?! И зошто Тристан беше сам на бродот, зошто Џејми одма не го заробил/убил по смртта на Мирсела? Голема нелогичност тука. Се на се, одлична епизода, ама Дорн и сезонава ќе биде болка на серијава, белки по овие настани се помалце ќе ги гледаме. Претпостувавм дека ќе бидат први сојузници на Денерис ако некогаш дојде во Вестерос, заради феминистичите врски :), впрочем ваквиот развој на настаните во Дорн, ми мириса како притиосок од феминистичкото лоби за давање на некаква моќ на женските ликови, особено заради постојаните критики дека во серијата жените многу страдале (како да мажите се супер им е)
 
Еј многу битен момент кој не смее да биде испуштен е тоа што Лорд Болтон му се закани на Ремзи дека ако не ја најде Санса, ќе го замени Ремзи со синот на дебелана му жена кога ќе се роди. А искрено не верувам дека ќе успеат да ја вратат Санса, такада ќе има фрки меѓу таткото и синот. Реално Ремзи моментално е единствен наследник, ако ги кикне татко му и жената дур уште е трудна, он ќе си биде главен лорд. Верувам дека ако тоа му е единствена опција, и те како ќе ја искористи.
 
Добро отворање, на Северот и кај Џон ќе биде најјако мислам.
Убиството на Тристан беше глупаво според мене, му доаѓаат тие и тој бира која да го убие. Така е тоа, другата ќе седеше и ќе гледаше како го камшикуваат до смрт. :)
Сакав повеќе да прикажат со Тирион и Варис, ама ништо.
Дефинитивно најјака сцена. :pos:
 
vo pravo e bateman so tie droncite,nepotrebna prikazna , kako lesno samo gi kinat dobrive faci vo serijava a los eden vo sezona dali umira ,mislam deka bez dzon snow serijava ke e tapa ,misterijata za negovoto poteklo ,negovite sposobnosti ,ednostavno edinsven so harizma za tronot ,
 
Али јако не мавнаа ипак за прва епизода. Тоа у Дорн мини-масакарот што се деси, очекував обратно да испадне ситуацијата. Неочекувани убиства + цицки, ја исполнија квотата :D
Тоа и мене највеќе ме изненади со оглед дека Doran Martell е еден од најкалкулативните ликови во Westeros за вака да заврши. Претпоставувам сакаат да вратат женски лик како владател како во времето на Nymeria. Мислам дека смртта на Doran е добра насока за шоуто меѓутоа многу сум разочаран од Dorne како е претставен во сезона 5 и сега во првата епизода од С6. Прво Sand Snakes се cringe worthy секогаш кога се во кадар и кога ќе отворат уста и второ фалат неколку ликови кои за жал не добија реализација во шоуто и со тоа целиот тој акт е многу осиромашен.

Јаки моменти од епизодава кои можам да ги издвојам се Brienne што конечно го исполни ветувањето дадено на Catelyn Stark, тука ептен се наежив упм! Исто многу јако беше Dany кога гледаше нагоре и го бараше спасот во Drogon, и делот со Khal Whatshisname кога овој после сите титули и ја плесна у фаца суровата реалност дека тука е нула. Повторно вратена од почеток, каков круг е завршен во нејзиниот арк.

Добро отварање на новата сезона, крајот одличен.
 
Тристан е дете, наивно, очекувано беше дека ќе падне на таа фора, педерски изиграно, заради таква работа Џејми е цел живот Кингслеер :)
 
А да, арно спомнавте, поодвратни ликови од тие трите змии не можеле да измислат, или актерките се толку лоши, а уста отворат знаеш дека некоја тотално промашена фраза ќа испадне. А дека нешто ќе се случуваше во Дорн јасно беше, по труењето на Мирсела, или Доран требаше да ги погуби Елариа и ќерките (оти им кажа дека нема нова шанса да им даде) или да се случи ова што се случи.

За кучињата, кога дојде Бриен и почна општата борба, они едноставно избегаа, не знам што е чудно толку, се исплашија од коњите.
 
Заборавив и ова да додадам, Ser Alliser Thorne ми е убер јак лик иако е негативец. Добро изграден лик со издржани одлуки и потези и со ептен погоден кастинг. Во ниту еден момент од прва сезона до сега не потфрли како лик. Кудос.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom