Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
, rano e da pisuvame neka ja izgledaat ednas
 
Holly shitballs! Јака епизода :D

Добро, ова со нападов на Ремзи пројде побрзо и поедноставно од што мислевме дека ќе биде. Станис у минус со поени отиде епизодава, толку и од неговата чувствителност што на кратко ни ја прикажаа на почетокот на сезонава. Превише верува у натприродните сили, а не гледа дека ова што ја запали ќерка му може да му ги демотивира војниците. А на мајка и сеа и текна ебате, на секунди пред да ја спалат, коа викна „мамо“. Не ја можам жена му на Станис, сама по себе ко лик е срање, се надевам ќе ја кикне некој набрзо.

Дорн овојпат беше океј. А под океј се подразбира дека не беше ужасно како се досега. Интересно е да видиме што ќе се дешава понатака у King's Landing. Моментално таму главен е оној Кеван (иако ликот не го ни дадоа откако и кажаа на Серси дека он заседава сега). А сега принцот од Дорн ќе иде да биде дел од малиот совет. Сосема нови ликови, нова политика, никој со никој нема допирна точка од првичниот мал совет што беше во првата сезона. Фали Бејлишовото влијание тука, па и на Варис. Едноставно не е интересна престолнината кога нема сплетки, затоа и не ја даваат толку (captain obvious).

И конечно јако е дејството со Денерис. Ептен беше возбудливо, мора да се признае. Најјак дел ми беше кога се покажаа овие Харпите, и у позадина идеше таа музиката. Можеби најкул сцена досега. Очекував некој побитен лик да наебе. Тој што требаше да се жени со Денерис, Зо Лорак, ќе ми прости. Мислев он е главен на Харпиве. Добар човек си беше сепак, јебига.

И секако, да се самоцитирам:

Иначе fun thing, нз некој дали запримети. Арја на таа „листата“ што си ја кажува секогаш пред спиење го има Сер Мерин, гадон оној од Kingsguard. И сега Серси го прати него како придружба на Мејс Тајрел, да идат до банката во Бравос. Нема шанси случајно да се погоди баш него да го прати, I sense a plot unraveling :)
Педо-Медо.

За последната епизода се очекува во центар на внимание да биде (конечно) нападот на Винтерфел, што значи дека ќе имаме топ епизода, па со тоа целата сезона ќе ја заклучиме како успешна (не верувам дека е возможно да разочараат, не смеат да заебат, мора да биде јако!). Сепак не верувам дека цела епизода ќе биде околу битката (како што беше лани со битката кај Ѕидот во претпоследната епизода нели), треба да има некои настани и со Џон (она Оли детено... ќе заебе нешто еј, све води накај тоа), можда нешто со Санса и Бриен (ваљда не ги плаќаат глумциве за Бриен и Подрик за џабе ебате), заробувањето на Серси и Марџери (јесда не гледам како така наеднаш би се извадиле од ова). Сепак некако бајаги дејствија има што висат на cliffhanger, се надевам ќе успеат се да сместат (асално, се разбира) во целата епизода, пошто обично последните епизоди секад прават еден recap на сите настани низ текот на сезоната.
 
Ич не знаевме дека ќе слета змејот :вонзем:, сепак конечно го видовме "танцот на змејовите". Јака епизодата, посебно моментот кога изрипаа овие со маските. Сер Џора во улога на Супер Марио ја спасува кралицата. Сер Мерин Трант е дојден со причина (too old), но Арја го следеше секаде и има единствено на ум да го убие. Дел од битните ликови се оставени за последната епизода нормално, мора некој и на крај да умре. И да, Станис е ненормален.
 
Знаев дека ќе дојде змејот на крај али леееејјјјј си викам немој ќе згине и на крај кога одлета со Данарис ептен ми олесна :D
 
Добро а целта им е Калисито да го убијат така?
Сеа овие другиве можат да ги закољаат како зајачиња, 4 души се со 2 без 3 од војскава..

Инаку од змејот очекував повеќе, знаев дека ќе дојде, додуша мислев сите 3 некако телепатски да ги викне и да се ослободат, инаку зборот ми беше очекував барем змејот да ги спопржи да не речам пола и поише додека лета едно кругче да напраеше, вака 20 луѓе не запали од земја....

За ќерка му на Станис и тоа се претпоставуваше, тоа му е единствено чаре, преслаб е со војска и храна да го нападне Винтерфел, мора ова со магија, ама дали тоа 100% може да успее? или вештеркана може да се феилне, и да биде џабе жртвувањето па да се ака од земја цел живот Станис, ако не го покољаат нареднава епизода...??

За Арја мислев коа бараше овој помладо пиќенце, мислев она ке му се ставеше... Али излеа така поише пати предходно ја загледа, знае излеа која е, ќе видиме :)

И незнам Џон дали им кажа на овие у касл блек за шетачиве дека се пуштени у поход?
 
Добра епизода посебно со змајчето очекуем уш бољи финиш
 
^ well put
Се кажа шо мислев. До точка. :bravobe:
 
Сезонава ми стануваше се посимпатичен, ама ја претера Станис. А кога ќе размислиш подобро, па не е Станис баш некој добродушен и мирољубив лик, ниту е добар материјал за крал.

Ова шо се деси во епизодава само потсетува дека на Станис не му се несвојствени или непознати и слични постапки. Си гу уби родениот брат, сакаше да го убие и својот внук (Гендри), палеше луѓе затоа што не веруваат во неговиот бог, се што правеше мораше да доведе до ваков исход, човекот е залуден фанатик желен за моќ, опиен и залажан од некакви приказни дека е избран.

И еве ќе го освои тронот на крај, си го жртвуваше единствениот наследник, што ќе добие од се, 15-20 години на престолот, ниту потомство, ниту династија ниту некаква стабилност во Вестерос нема да остави.

Двете случки од денес ќе преобратат еден куп фанови на Станис до фан базата на Денерис, колку само моќна беше последната сцена. Џабе се мачи Дени, не ги оправа овие од Slaver's bay, нека им ебе матер на сите градови, нека ги запали до темел и нека се враќа дома, како ми се направи меракот Дрогон кога ги потпали маскираните педери, не помагала дипломатија со неразбрани, само оган.
 
И еве ќе го освои тронот на крај, си го жртвуваше единствениот наследник, што ќе добие од се, 15-20 години на престолот, ниту потомство, ниту династија ниту некаква стабилност во Вестерос нема да остави.
Може да остави. Ќе ја кикне моменталната жена, ќе најде нова за потомство и свршена работа. Како Наполеон :D
 
Овие харпиите удрија на робовладетелите само?
Пошо ми се виде дека убиваа само “добро“ облечени, и удрија на војската и Денерис.

Како и да е, битен момент во серијава е што Денерис се смири со Дрогон, го јавна така да сега е помоќна и си го врати статусот. Оние двата змејови ќе ги среди исто кога го има веќе црниот. Е сега незнам како ќе ги управува сите три, кога се знае од минатото, змеј по човек.

За Станис не ме чуди пошто очекував такво сценарио. Едноставно го ставија во неизбежна ситуација, ако изгубеше и тука немаше да има никаков кредибилитет повеќе, а гласините се голем фактор кај луѓето кога бираат водачи.
 
Може да остави. Ќе ја кикне моменталната жена, ќе најде нова за потомство и свршена работа. Како Наполеон :D

Со црвената вештерка може да направат едно дете, ќе излезе страшна креатура. :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom