Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Вечер сите ќе глеате ко напалени, утре сите ауу бауу досадна.

Па реално досадна е више серијава. Оваа Калисиво 5 сезони окапа у тоа пустините за на крај да стане само уште еден луд Таргеријан, Џон Сноу 5 сезони незнае ништо, све што вредеше друго од ликови умре. На Тирион више му ги научивме вицовите, Арја исто 5 сезони станува убица, Санса 5 сезони ментално ја силуваат буквално ништо ново не се дешава. Коа ќе видиш сите тапкаат у место.
 
Досадна споредено со што, со останатите GoT сезони или со некоја друга серија?

Ако споредувате со предходните сезони, да, е поспора и со помалку шок сцени. Ама и нереално е да се очекува "Red Wedding" да биде секоја 3 епизода. Дај малку бидете реални.

Daenerys неможе со еден град Meereen да владее а не пак да премине во Westeros и да владее со 7 кралства, оставете да се развива приказната, ако треба уште 5 сезони нека седи таму нека се изгради ликот како што доликува. Се виде од брзање дејства што се случува, ете ви Maester Aemon во рок од една епизода го умреа човекот, WTF?! Баш за Arya нема толку простор за критика пошто нејзината приказна е најдетална т.е. најспора и со право. Мора да се покаже тој дел од House of Black and White односно какви обичаи и ритуали имаат, малце повеќе сетинг ова она и на крај како се станува дел од нив. Да нејзината приказна беше поспора но камо среќа сите тие приказни да ги влечкаат така споро со оригиналниот дијалог од книгите а не некои си cheesy измишљотини од D&D. :eek:

Има простор за критика и тоа многу, ете Sand Snakes ги ругавме, исто и застранувањето од книгите и сл. Ама GoT е пак во сосема друга класа на серии. Гледам многу серии ама пак никоја не допира до оваа од аспект на глума, дејствие, продукција. Никоја!

rant off <3
 
Дечки некој добар стрим за епизодата вечерва ви се наоѓа? По можност проверен и да не сецка.
 
Досадна споредено со што, со останатите GoT сезони или со некоја друга серија?

Гледам многу серии ама пак никоја не допира до оваа од аспект на глума, дејствие, продукција. Никоја!
У споредба со претходните сезони.

Моментално од сериите што идат, Walking Dead у 5та сезона е пример како да се развива и држи динамика на серија, глума и дејствија (y)

Не ги споредувам двете серии, ГОТ е поголем проект.
 
Реално да си зборниме, во споредба со претходните сезони, оваа сезона е "да вртиш околу стол" додека ја гледаш, што би рекол Клипќе.
 
Што не е јасно? Повеќе од пола сезона помина, да си пукниш од досада додека гледаш. Последниве 1-2 епизоди единствено што видовме малку динамика, и тоа беше.

Има гледаност, има кеш и ќе ја влечат сега 100 сезони со филер епизоди, со изговор као демек карактери развиваат.

Јебига, мора да исхејтам. Заслужија. :D
 
Бомби, клипови... не е битно кој, битно се разбираме. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Катастрофа епизодава. Околу маса вртев додека ја гледав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom