Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Полоша беше епизодава од претходната, крајот додуша ја спаси. Не мислеше белки Санса така убаво дека ќе си помине со психопати како Болтонови, знаеше у што се впушта, свесно го послуша Бејлиш и сега ќе мора да трпи, само до кога, ваљда има нешто на ум или ќе чека да дојде Станис. Последниот поглед на Теон пред крајот, како да му светна нешто, како да се врати Теон Грејџој, ќе видима баш понатаму.

Бејлиш, на крај ќе успее сите да ги скара со сите, се има заколнато на верност на сите седум кралства :D. Малце чудно ми падна како Серси не знаеше однапред дека тој ја дал Санса на Болтонови а не отишла сама таму, како и да е ми се свиѓа неговиот план, гнасно човече.

Мое мислење е дека со Ланистери со Серси на власт наскоро ќе биде готово, жената нема појма шо прави, дали озбилно мисли дека Тајрелови после ова што го видовме денес уште ќе бидат во сојуз со нив, ниту имаат некоја голема армија, ниту имаа пари, а сега го имаат Станис од север, и можна комбинација на Тајрел-Мартел, плус сега и со Болтон ќе си ги нарушат односите. Што се однесува до овие фанатиците, мислам дека овој стариов (Џонатан Прајс) не е баш наивен и како што Серси го користи него, така и он ја користи неа, нема ни Ланистеровите гревови да ги остави неказнето, така бар ја мислам.

Дорн, како и претходно повторно е најслаба алка во сезонава, слаба приказна. За критиките кажав еднаш уште после втората епизода, се слагам со @ElNinho, премалце епизоди, премногу ликови, нека ги приказните кои од книгите ги нема, јас уште се нервирам што за незвршените приказни почнати уште пред неколку сезони, особено мислам на Riverlands, Iron Islands и Братството.
 
Вистина премногу простор изгубија со глупите приказни за авантурите на Џејми и queen wannabe Серси, наместо да дадат повеќе простор на приказната со Бран и гавранот сепак тоа е движечката поента во серијата и ќе го има финалниот исход на приказната.. Како што спомна Бетмен погоре многу приказни останаа недоречени, не знаеме каде отиде копилето на Роберт, потоа Рикон и Оша..
Некако како цело време да се води во слепа точка приказната.. Не знам точно колку сезони планират да снимаат ама ќе имаат баш многу работа да раскрстат недорешени случаи така згора напреку, just sayin' :cautious:
 
Забораив да споменам, многу брзо некако Томен ги заборави убавите моменти поминати со Марџери, не се ни обиде да си ја спаси жена му, пизда мала лигава, не може лесно од мачините канџи да се отргне.
 
Бабава на Марџери баш е пример за жена што знае што прави и накај тера со плановите, наспроти лудава кучка Серси, која сите ги мрази и сака да го отепа секој кој накриво ќе ја погледне. Арно и кажа бабава, не се сакале они ич со Тајвин и не си верувале, али бар и двајцата не беа некои будали кои одат контра на она што е здрав разум. Ова верувам дека ќе и се акне од глава на Серси, уште од првата епизода сезонава мислев и уште мислам дека до крај на сезона ќе ја нема. Моја лична желба.

Не ми се допаѓа делот со Санса на каде го затераа, пак изгледа ќе се моли на божја милост и немилост, а ко демек сезонава посозреана ќе беше. Бар сега пак е црвена, тоа црното ич не и стоеше.

Ова со Арија бар мрдна од мртва точка, може ќе стане поинтересно понатака. Тоа девојчето што и ја објаснуваше приказната, ваљда не лажеше, којзнае која ќе излезе и од која куќа.

Тоа во Дорн беше ужас, поарно тие 10 минути само да снимале тоа палатата и градините, бар убави пејсажи има. Борбата беше смешки, најлошо изведена во историјата на серијава. А и тоа девојките, бар да нашле некои троа повисоки и покрупни, пример Бриен кога ќе ја видиш јасно ти е дека секому може да му ја скрши кичмата. :D
 
Најдобрата спредба за Sand Snakes и нивната дебилност:

WUyUIDK.jpg
 
А Бејлиш и викаше да го заведе и контролира Ремзи :pos:Слабо некако и оди таа работа засега, но ќе видиме, сцената што беше претходно у кадата со Миранда дава надеж дека има некоја сила во неа, како што кажав, беше и повеќе од свесна кога влезе у спалната соба што ќе се случува.

Читам еден куп реакции по нетов за таа сцена и за силувањето, не знам од што се луѓето револтирани, сепак Санса му е жена на Ремзи, секс секако ќе паднеше, знаеме дека Ремзи е психопат, ако не беше ваква сцената ќе беше баш нетипично и лошо изведено. И да не заборавиме каков беше и на Денерис првиот пат со Дрого, после како па се засакаа ептен :love: , можда и кај Ремзи и Санса ќе се роди таква љубов. :smirce:
 
А божем па Марџери е совршена и го ебе Томен затоа што го сака. Го рока затоа што сака да го придобие. Исти манипулатори се со Серсеи, затоа се мразат. Најубо си прави Томен ич кур него боли.
 
А божем па Марџери е совршена и го ебе Томен затоа што го сака. Го рока затоа што сака да го придобие. Исти манипулатори се со Серсеи, затоа се мразат. Најубо си прави Томен ич кур него боли.

Не дека го сака, ама бар го ебе, Серси што прави со него?
 
А Бејлиш и викаше да го заведе и контролира Ремзи :pos:Слабо некако и оди таа работа засега, но ќе видиме, сцената што беше претходно у кадата со Миранда дава надеж дека има некоја сила во неа, како што кажав, беше и повеќе од свесна кога влезе у спалната соба што ќе се случува.

Читам еден куп реакции по нетов за таа сцена и за силувањето, не знам од што се луѓето револтирани, сепак Санса му е жена на Ремзи, секс секако ќе паднеше, знаеме дека Ремзи е психопат, ако не беше ваква сцената ќе беше баш нетипично и лошо изведено. И да не заборавиме каков беше и на Денерис првиот пат со Дрого, после како па се засакаа ептен :love: , можда и кај Ремзи и Санса ќе се роди таква љубов. :smirce:

Јасно и беше ваљда што и како, али не дека и Тион ќе биде сведок. Тоа ваљда никој не го очекуваше, а башка крајот беше уште позаебан, зашто неговото лице го покажаа, он уплакан целиот, а џабе кога ништо не може да направи.

И мене ми светна ова инаку со Денерис и Дрого. Разликата беше што едниов само беше дивјак, другиов е стварно посебна врста на психо и не верувам дека нормална особа би го гушнала од сопствена волја, а камоли пак да се роди љубов. :D
 
Минатото лето ги изгледав сите сезони и од тогаш до сега пола ликови ги имам испозаборавено. Да излезеше цела сезона одеднаш полесно ќе ми беше, а вака во некои моменти се фаќам во мисла која приказна со кои ликови е.
Се согласувам со коментарите дека сезонава е најслаба. Не е досадна во никој случај, само што порано беше поинтересна. :D Јас би Џон Сноу да го покажуваат у секоја епизода. :P
Многу ми беше јак моментов:
tumblr_nojk5pjSH71s5m21go3_500.gif
tumblr_nojk5pjSH71s5m21go2_500.gif
 
Јасно и беше ваљда што и како, али не дека и Тион ќе биде сведок. Тоа ваљда никој не го очекуваше, а башка крајот беше уште позаебан, зашто неговото лице го покажаа, он уплакан целиот, а џабе кога ништо не може да направи.

И мене ми светна ова инаку со Денерис и Дрого. Разликата беше што едниов само беше дивјак, другиов е стварно посебна врста на психо и не верувам дека нормална особа би го гушнала од сопствена волја, а камоли пак да се роди љубов. :D

Ироничен ми беше коментарот за љубовта, тешко Ремзи да се заљуби у некој, а богами и Санса со сите трауми што ги има преживеано
 
Проблемот на Томен не е толку што ги слуша Серси или Марџери туку што е неодлучен. Ти ебам кралот што неможе да се справи со стотина религиозни фанатици опремени со стапови. Очигледно е дека играта на тронови за него е претешка.
 
Се гледа дека нешто не е како претходните сезони ама не сакам да сум реален, пошо ептен ја засакав серијава.
А и се непредвидливе, ништо чудно последниве 4 епизоди да се направат лом, пошо многу приказни се отворени а ниту една не е ниту пред крај или пак им се назира крајот.

Многу работи, многу комбинации, све може да биде.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom