Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Е мои луѓе, гледачите викаат фантастична епизода и завршница на сезона, а сите читачи се согласуваат дека ова беше слабо реализирана епизода.
Не ве тера тоа да ги прочитате книгите ???? :гик:

Инаку лично сметам дека во оваа епизода напикаа премногу настани сакајќи да завршат премногу приказни на крајот на сезоната. Истото можеа да го направат во три различни епозоди, разделено во оваа и следната сезона, и сите три епизоди ќе беа одлични, можеби и подобри од оваа што денес (вчера) ја гледавме.
Вака поради пренатрупувањето, многу работи останаа неразјаснети и неразбрани како што треба.

И уште нешто, баш ме интересира како тоа Белите станале костуру под снегот, кога на далечниот север нема распаѓање на меките ткива кои се всушност смрзнати, и каде се оние препознатливи сини очо на Белите кои ги нападнаа Бран и дружината ??:tapp::tapp:
 
Кога ви кажував пред некое време дека на Arsenalmania форумот ме утепаа со голем спојлер, тоа беше за средбата на Тирион и Тајвин. Сепак беше добра сцена.

Гледам некои видеа и читам објаснувања, овој старецот кој што се сретна со Брен, гавранот, он бил некој нормален човек, од династијата на Таргеријан, се занимавал со магија, но колку години има, уште ли е човек или сега е целосно споен со дрвото па и самиот е дел дрво?

Веќе кажав и претходно дека сумњав дека не се само Дени и Ејмон единствените живи Теаргеријанци, дека има најмалку уште еден :D.

Оти Дрогон, нели Дракарис се викаше црниот?

Сеа ги имаше ставено најголемите 2 спојлери за наредната епизода,смртта на Тајвин и Шеј и другиот што го немаше у епизодата :D

Дракарис е наредбата за напад.
Дрогон,Висерион,Раегал се змејовите.

Dracarys во превод од античко-валиријански би значело нешто налик Burn/Spitfire/Fire (Fire како кога викаат за да се испалат топови или метци). Наредба за оган или горење.

Каи, имав неколку другари кои го мислеа истото инаку, да знаеш дека не си единствен за ова со Дракарис :D.
 
А да кажеше просто на македонски дека Дракарис е старовалириски збор за оган ??
 
А да кажеше просто на македонски дека Дракарис е старовалириски збор за оган ??

Затоа што може да се преведе и како "гори"/"изгори". Молим те не си барај 'рчка кај што ја нема :D
 
Затоа што може да се преведе и како "гори"/"изгори". Молим те не си барај 'рчка кај што ја нема :D

Гледаш, морам да си барам рчка, бидејќи за тој што не знае англиски „Burn/Spitfire/Fire“ не му значи ништо (и тоа не еден збор, туку три со различно значење), а и Денерис убаво си го објасни ова во една од претходните епизоди (минатата сезона, ако не се лажам.
 
Странски јазик значи и извор на поинакви концепти, идеи и мисли кои не постојат во други јазици. Како што нема концепт и сличен збор за "мезе" во други јазици како што има кај нас, тие што го преведуваат зборот го преведуваат во најмалку три варијатни за да се разбере концептот позади зборот.

Валирискиот не е шаблон земен од англискиот и лупнати само странски зборови за да звучи егзотично, па така лесно да се преведува. Го олесниле заради гледачите, нема ваљда како во Оксфордски речник се детално да објаснуваат. Нормално ќе го преведат како "гори"/"пали". Дали Денерис објаснила или не е ирелевантно, се водам според изворните податоци лично.

Не мораш да бараш 'рчка, но ја бараш посекако, затоа што сакаш :D.
 
Како стојат коефициентите, кој ќе биде новиот Hand of the King?
Само не знам кој будала би се нафатил на таква ризична професија.
Me me me
giphy.gif
 
Значи Варис имаше во план да остане во Кингс Лендинг но кога се огласија камбаните тој се реши да замине со Тирион. Знаев дека не е негов план да умре Тајвин бидејќи ова е веројатно крај за династијата Ланистер и можеби анархија во главниот град.

Како се одвиваат работите не остана речиси ништо интересно на овој континент и сезона 5 очекувам повеќе да се одвива во Есос
 
Одлична шанса за Бејлиш и Санса да го преземат тронот и да станат power couple. E оваа теорија гарант ретко се сретнува.
 
Мене Станис баш ми е мадафакер, посебно сега со Ѕидот, покажа дека не му е само битен тронот по секоја цена, знае да ја направи вистинската работа, кога дивјаците (или полошо) би го поминале ѕидот Тронот би бил безвреден и неговата моќ помножена со нула. Додека цело Вестерос глумеше лудило и си ги водеше војните меѓусебно и не ги рецкаше писмата за опасноста од Северот, Станис ја направи вистинската и правичната работа. Едвај чекам сцени на ѕидот еј, не мислев дека ќе го речам ова некогаш.
 
аххх овие книги што ли прават на секоја страна по минимум 3 мислења има каде што се спомнати... замислете колку ќе беше подобра серијата да ги немаше никој прочитано и никој да не ''погодуваше'' што би се случило...
 
A па замисли обратно и стави се на нивно место колку им сме ние напорни, новопечени фанови кои не го чепкаме canon материјалот и им се курчиме и им наредуваме. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom