Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Ма далеку од тоа дека мислиме да Санса е попаметна од Бејлиш сега, само што девојчето конечно влезе малце у шема, она веројатно мисли, а ние навивачки се надеваме дека може да го заебе Бејлиш, он пак веројатно мисли дека ќе може да ја користи за неговите цели, во мометалното искуство во сплеткарење, Бејлиш е секако победник, но ако дозволи неговата занесеност по Санса да го надвалдее разумот, тогаш јако се заебал.

Што може затрескување у жена да сруши, не можат ни армиите на сите седум кралства, дотраки, ансалид, дивјаци и вајт вокери комбинирано.
 
Заборавивме да го спомниме епик моментот кога Тајвин го прекинува дрдорењето на Пајсел. Колку го мрази човече :pos: На сета тензија тогаш се пресмејв.
 
Шо е работава шо при секоја анализа на епизода мора да се спомнат книгите, нормално ако ви се прочитани ?

На корициата Мартин има пишано ако не ги спомнувате доволно често ќе го убие Тирион ? Ако не отекувате дека ги имате прочитано ќе ви се случи некоја трагедија ?
 
Можеби во вистина цело време не победуваат "добрите" али исто така и не е реално шампионите на истите цело време да губат.Веќе глупо станува искрено.Едно е да правиш неочекувани пресврти сосема друго е цело време да ги убиваш ликовите кои имаат каков било правичен мотив.

За тебе не е реално да победи планина од 7 метри кој во една рака држи и се бори со longsword за кој нормален витез користи две раце, кој и покрај својата големина и тежина е агилен и има огромна моќ. Според мене тоа чудовиште има огромни шанси да победи без разлика што против себе има еден одличен техничар и еден од најозогласените борци. Ако се сеќаваш од пред епизода две Bronn си направи математика во мозокот и го одби предлогот на Tyrion да биде негов преставник, баш како што рече Bronn една грешка, едно погрешно движење и отиде главата. Тоа и се случи со Oberyn, неговата техника и подвижност му дадоа предност но заслепен од одмазда го кошташе живот. :)

За мене оваа епизода ја украде Sansa, да крајот беше шлаг на тортата но сепак Sansa чиј досаден лик неможам да го поднесам во книгите направи да го засакам и сега ми е одличен лик во серијата. Погледите кои си ги праќаат Littlefinger и Sansa се крај на муабетот. Погледот на Littlefinger кажува "That's my girl, queen in making". (y)

А не ви изгледаше како Daenerys да чита скрипта од идиот? Кај глеаш мори?! Срцка е. :love: :D
 
У црно беа двајцата на крај од епизодава со Литлфингер, чудно ми е што ЕлНињо не примети. :icon_lol:

Од кај заклучи дека не сум приметил бе? :icon_lol: Жалат за тетка и, затoa се во црно. :(

6RgbunX.jpg
 
Последно уредено:
Најзакон епизода до сеа. Дени ја немаше многу. Тирион си цепи со глумата последни неколку епизоди. Конечно можам да кажам дека иам омилен лик ( Санса ) - 10 од 10 за трансформацијата. Арија и Кучето :ROFLMAO: колку само priceless моменти има кога овие двајца се во кадар, обавезно и за нив 10 од 10 :D. Крајот, закон. И да, така звучи кога на некој ќе му „се скрши“ глава :)

btw Мисандеи 10*:drk:
 
Абе најдобриот лик досега - Оберин, го отепаа :(

Инаку и според мене, апсолутно се послужи со отров:)

Има ли уште некој што го дели моето мислење дека Мисандеи е боља риба од Калиси :P
 
Абе најдобриот лик досега - Оберин, го отепаа :(

Инаку и според мене, апсолутно се послужи со отров:)

Има ли уште некој што го дели моето мислење дека Мисандеи е боља риба од Калиси :P

Мисандеи е најака во цела серија, остај овие шо го дрват на Марџ или Серсеи.

И да, тоа со отровот, дај молимте, ИЛИ некој те спојлнал, или си читал Вики или книга. Дека од едно крпче укопчавте сите, друг да лажете.

АЛИ пошто можно е да грешам и можно е да навистина постојат фаци што сфатија дека усвари има отров, дај молим вас најдете го авионов каде е. Пошто време е мислам за дечки со преголема и предобра интуиција да ја превземат потрагата.
 
Мисандеи е најака во цела серија, остај овие шо го дрват на Марџ или Серсеи.

И да, тоа со отровот, дај молимте, ИЛИ некој те спојлнал, или си читал Вики или книга. Дека од едно крпче укопчавте сите, друг да лажете.

АЛИ пошто можно е да грешам и можно е да навистина постојат фаци што сфатија дека усвари има отров, дај молим вас најдете го авионов каде е. Пошто време е мислам за дечки со преголема и предобра интуиција да ја превземат потрагата.

Добри се и тие двете. :) Мене у ствари најлоша ми е Санса.

Абе каков спојлер, какво крпче.

Уште пред тоа, мирисаше дека Оберин е сигурен у победа против таков тип, поради нешто друго.

Нон стоп спомињање отрови и ете ти претпоставка.

Не викам дека е точна, ама ете мислам дека е така:)
 
Прегледав малце од сцените сега и дали мене ми се загледа така или не, по говорот на Рус Болтон дека е новиот господар на Северот и врачувањето на презимето на Ремзи, тргнуваат сите кон некој замок, дали тоа беше Винтерфел (а можда бил и Дредфорт).

Винтерфел да. И Ремзи му рече на Рик/Теон дека одат во новиот дом.

tumblr_n6k8tcIRFv1s5m21go1_500.gif
 
Кога веќе пак ја спомнавме Денерис, нека ми замерат ако сакат нејните фанови ама се понаша како напалена тинејџерка (што у суштина е). Го набрка кутриот Џора, кој како што кажав толку многу и помогна, а не и текна дека Селми со години служеше во дворот на тој истиот „Usurper“. Нема логика и појма нема момето од владеење, и она ќе ми владеела со седум кралства. Абе бегај таму мори!
Него го сметаше за ептен близок, нешто што не го најде во својот брат, затоа беше friendzoned 4 life. Е сега пази, некој што го сметаш за ептен близок и на кој целата своја доверба му ја даваш и кој ти е советник во владеењето те изневерува за кралски пардон? Било кој друг да беше ќе му летнеше глават инстант, она само го протера, ова е најреално нешто што го налага таа ситуација. Одлука донесена од АФЕКТ.

Замерките ми се повеќе во сценариото, како тоа беше доловено на екран. Актерката си е супер но сериозно некој треба да поработи и да и даде инструкции како тоа треба да се долови на екран за да не изгледа бедно.
 
Ми падна многу жал за неа у пм, симпатична глумица.

Се согласувам со постот, го прегледав и јас делот повторно и се чини дека тоа беше тој "кобен момент", тој "еден погрешен чекор" кон фаталност за кој Брон збореше.

За актеркава Indira Varma, мене лично ми е прекрасна. Треба да ја видиш и во други проекти :D

Ах да, да не заборавам уште една лошо изведена приказна.
Малопрсте е еден од најголемите сплеткари во Вестерос, прочитајте ги само вашите мислења од пред една-две епозоди, а сега сиротиот изгледа дека си ја изгубил комплетно својата сплеткарска способност, и е на милост и немилост на едно смотано девојче, за кое сите до сега тврдевте дека е најглупав лик во серијата.

Работата е што ги има преценето своите вештини и својата среќа премногу, и си доби backfire. Но во тој кобен момент, Санса се појавува во сликата, каде му должи услуга на некој начин (бидејќи ја спаси од Лиса), а и да не е услугата, се гледа дека има симпатии кон него, па верувам и дека би направила нешто во негова корист и добро.

Смотано девојче? Можеби првите две сезони - да. Сега? Не би рекол. Буквално сите совети, типови и лекции, заедно со однесувањето на Бејлиш, Марџери и Серсеи сега го стави во употреба. Мал флешбек - Серсеи во Blackwater епизодата и вика дека жените имаат две најмоќни оружја - солзите, и тоа меѓу нозете. Првото го искористи вешто, кај советов на вазалите кога го испрашуваа Бејлиш, второво се чини малку од малку провоцира и го користи со него (а веројатно и кај други, ако и е од корист).

Моја надеж е дека поради неговата заслепеност со неа, Бејлиш ќе потфрли и дека во тој момент ќе земе шанса да го заебе и да се ослободи од него (но можеби претерувам :D). Сите имаат слабост, на Бејлиш едната слабост (Кетлин Старк), ја замени со ќерка и, а тоа може да го кошта животот. Тоа е ако мојава желба се исполни. Но се чини дека она во него го гледа последниот пријател и добронамерен човек (добронамерен кон неа барем), зошто ако направиш ретроспектива, она сезона по сезона беше мачена и тормозена, психички и физички злоставувана, без никој навистина да и помогне, а тие кои можеа или беа ептен скромни во помошта или исчезнаа од нејзиниот живот на разни начини (Септата и ја утепаа, Сандор Клегејн си кидна, Тајрелови умерено малку одмор и дадоа од напорон, Тирион ојде на судење, па да отиде во Ијри кај друг напор - полудничав, итн.).

Бејлиш само има останато, и он беше единствениот кој подаде рака да ја спаси (дали ради искрени намери и емоции, или само агенда, не е важно, она се чини дека ги гледа како искрени). Он и е единствениот пријател сега, нормално дека ќе му верува. Може само да го замрази ако дознае дека он е преостанатата жива причина зошто Ланистерови и Нејзиното семејство се во војна, и зошто татко и, мајка и, најстариот брат и се мртви, а остатокот без трага. Па може тогаш да удри на одмазда и да го заебе јако, ќе видиме.

Уште еден коментар, црниов фустан малце ме потсети на тој што го носеше Катнис Евердин од Hunger Games :D.

И не знам кој член спомна, као - зошто носеле заедно со Бејлиш црно - Се откри дека е Санса Старк, тетка и е умрена, а на Бејлиш жена му е истата, нормално ќе облечат нешто црно, нема во шарено да се обвијат.

И да, тоа со отровот, дај молимте, ИЛИ некој те спојлнал, или си читал Вики или книга. Дека од едно крпче укопчавте сите, друг да лажете.

Освен тоа што Ел Њињо и уште некои пишаа за отровот, еве уште еден хинт (за кој пишав наназад некоја страна ама никој друг не го зеде в предвид): Зошто 'Martell Squire Boy' копјето кај сечилото со шамифчето го чистеше со ракавици на него? Не ми изгледаше ко да има чума, ретардиран да па да ги исече рацете, исто така не е објаснение. Според тебе, што е? Моден додаток да не е? Дорниш мода? :D
 
За Калиси, океј, затоа и намерно не гледаше во него. Знаеше дека ако гледа (у тоа мајсторски одиграно лице со емоции) ќе потклекне и нема да „одговори на неправда со правда“. Али сепак, ептен bitchin момент.

Ја гледав пак епиоздата (освен последната сцена) и мора едно ----> :cuc: за сите актери у епизодава, почнувајќи од Оберин, жена му, Тирион, Санса, Калиси, Џорах, Теон, Ремзи, Рус...

Низ целата серија 90% од актерите растураат со глумата, ама ова денеска беше мастерпис глума.

*п.с. сите го заборавивме почетокот на епизодава и рејџот на Игрит, Тормунд и компанија. :D

инаку песнава, во оваа верзија ја слушнав првпат за време на Purple Wedding, но тогаш некако ми промакна.


Ама слушајќи ја после денешнава епизода...

20130110-ezhenjeto-na-kozhata-e-detektor-na-lagi-1.jpg


Кој морничав „препев“ човече, страшно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom