Таргарианците не се по потекло домородни Вестероси можеби си имале друг начин на именување на копилињата , можеби истите имале поинаков социјален статус односно не ги сметале за безвредни и ниски, а можеби и Baratheon има значење слично на имињата што им се даваат на копилињата низ Вестерос само на Валеријански јазик. Можеби Baratheon на обичниот јазик значи елен. Мартин само знае .
Можеби на Орис, му бил ко мало дете, па затоа само за него има искључок и нема да се вика Сторм, него ќе го задржи презимето.
Можеме до илјада и еден да измислуваме теории за тоа што бил случајот со копилето Орис (кое не добило Сторм име). Но, најпаметно би ни било, да претпоставуваме теории кои имаат врска со ASOIAF реалноста и кои се возможни. Инаку би дошле до момент кога некој би претпоставил дека можеби вонземска интервенција е одговорна за тој преседан.
Таргарианците не се по потекло домородни Вестероси можеби си имале друг начин на именување на копилињата ,
Малку веројатно, но по веројатно од другите твои претпоставки.
можеби истите имале поинаков социјален статус односно не ги сметале за безвредни и ниски,
Не ги сметале за безвредни и ниски и најчесто имале малку повластен социјален статус, не само во однос на другите копилиња, туку и во однос на обичните луѓе, а во зависност од тоа дали и двете страни (двајцата родители) се благороднички. (ова го знаеме од текстот Принцеза и Кралица) Но, тоа нема врска со именувањето.
На пример, копилињата во
Princess and Queen немаат стандардни топонимски презимиња (од таму и дознаваме за нивниот статус во општеството)
а можеби и Baratheon има значење слично на имињата што им се даваат на копилињата низ Вестерос само на Валеријански јазик. Можеби Baratheon на обичниот јазик значи елен. Мартин само знае .
Не. Не. Забега.
И?
Што заклучи од видеото?
Зошто Орис е Баратеон, а не Сторм?
Ова се факти:
- Топографската номеклатура на копилињата има практична примена - да ги оддели од законските наследници (веќе зборевме за тоа).
- Копилињата без барем еден родител благородник немаат второ име (исто како и сите други припадници на простиот народ). Според тоа не добиваат ни Storm, ни Waters, ни Snow...
Прашањето е како Орис, копиле и полубрат на Егон, си го има Баратеон презимето.
- Моја теорија е дека децата на благородниците кои произлегуваат од правото на прва брачна ноќ, не се незаконски, затоа што правото на прва брачна ноќ било дел од тогашните закони во Вестерос. Подоцна е укинато. Така, денес неколку куќи во Вестерос имаат (или се фалат дека имаат) Таргариенска крв. Но, вистината е, дека таа крв е, колку од свадби во далечното минато, помеѓу претците на куќата и Таргариенските владетели (или нивни семејства), толку и од правото на прва брачна ноќ.
- Друг возможен одговор, според мене, би била, теоријата дека доста по доцна е уведено тоа именување на копилињата со благородничко потекло. Ова е возможно, затоа што ниту во еден од текстовите (за настани од пред 200 и 300 нгодини) не налетав на топографско второ име (или така ми се чини).