Game of Thrones

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Теорија дека виното е отровно, а не питата.

ОК, што ако сепак отровот е од виното? Питата може да биде премногу очигледна но налетав на лице кое спомна дека клучот е во малите детали - имено герданот на Санса. Санса добива од Донтос гердан кој вели дека не му треба. За време на свадбата Олена прави муабет со Санса и и го средува/поправа/мести герданот. Виното од кое пие Џофри се наоѓа кај Олеана. Што ако еден од камењата на герданот на Санса е всушност кристализиран отров кој брзо се раствора во течност, а Олеана, која го зела отровниот кристал, а не била приметена од никого го уфрлува кристалот во чашата вино, нормално никој не ја приметил. Храната и виното на фештата не се отруени, односно отровот е ставен во круцијален момент, кога трујачот бил сигурен дека Џофри сигурно ќе се напие од чашата вино која Тирион му ја дава на Џофри. Еден спомна како секој крал имал свој пробувач на храна и пилалаци за да се детектира дали има отров. Сигурно и пред и за време на свадбата биле ангажирани доста пробувачи на храната и пијалаците и не бил детектиран никаков отров. Затоа е поверојатно отровот да бил подметнат во „последен“ момент.

Е сега, ако Олеана го турила отровот во чашата, дали е таа која го оркестрирала делот кога Донтос го дава герданот на Санса, и не само тоа, туку и дали Олеана му наредила на Донтос да ја изведе Санса на сигурно? Можно е Олеана да има мотив да се спаси Санса, сепак Олеана и Марџори гледаат со симпатии кон неа и сигурно тој акт бил од симпатии, да не гледаат уште еден Старк како го крка од Ланистер, или пак им треба барем еден Старк кој би го стабилизирал северот во обид за нормализирање на Вестерос, евентуално Санса и Тајрелови да го вратат Вестерос во подобра состојба. Или можно е да има уште некој друг инволвиран, кој однапред се договорил со Олеана. Ако постои втора страна во сево ова, моето нагаѓање оди кон Питер Бејлиш. Бејлиш уште во првата сезона не криеше колку ја сака Кејтлин. Знаеме и дека има чувства и за Санса. . Дознавајќи за смртта на Кејт, Бејлиш сигурно барал начин за одмазда кон Ланистерови. Но за да стигне до одмаздата, морал да се осигура да најде сојузник, некој кој е многу близок до Ланистерови. А кој би бил идеален кандидат ако не Тајрелови, поточно Олеана и Марџори кои веќе знаат на што се е способен Џофри? Е сега Марџори можеби не ковала заговор со баба и, можно е само Олеана со Питер да се договарала, преку тајни дописници. Колку помалку знааат, толку подобро. Но, ако веќе се договарале преку тајни дописници и агенти/шпиони, тогаш барем дел од дописот би требало да му биде достапен и на Варис, кој има пристап кон скоро сите тајни информации во Вестрос и надвор од него. Доколку Варис знаел за дописите, а не реагирал, тогаш и Варис е дел од заговорот, односно дозволил Бејлиш да ја има својата одмазда.

Во тој случај, знаејќи дека Бејлиш има благослов од Варис, сценариото би одело вака - Донтос е ангажиран од Бејлиш со следните инструкции-да и го подари герданот на Санса, Бејлиш ја известува Олеана за герданот (сигурно ги има инструкциите кој кристал треба да го земе), после тоа се се случува на свадбата - Донтос треба да биде дел од фештата, нека трпи понижувања, битно нека биде на свадбата, кога Олеана ќе го тури отровот, односно кога Џофри ќе го испие, Бејлиш би бил сигурен дека Ланистерови нема да останат со скрстени раце, туку ќе делуваат во афект, сигурно би впериле прст кон некој/некои, а за тоа сигурни осомничени би биле Санса и Тирион, а за да не и се случи нешто лошо на Санса, Донтос мора да ја искористи новонастаната мешаница и да избега со Санса негде на сигурно.

Ова е само теорија, но дефинитивно дава a whole new light to the pie thing.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.591
Поени од реакции
85.290
Ноуп, мислам дека никој друг не ја проба питата. Ја прегледав сцената пак, Тајвин не ни ја чепна, Олена имаше поцнато парче со вилушката ама не го изеде. Од виното не верувам да е, пошто сите пијат од истото вино. Сакав да видам дали случајно Санса му даде друга чаша на Тирион (кога Џофри ја фрли доле) ама изгледа не. Така да, питата е.
Чашата се шеташе наваму натаму и беше во многу раце - Тирион, Марџери, Санса, беше на маса кај Олена... Во било кој момент во чашата може да "влезе" отров, кој нема да го затруе виното од кое пијат сите, туку само тоа што е во чашата.
Питата, да, може и питата да е, ако само парчето на Џофри е затруено, да речеме она со кое го ранеше Маргери.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.591
Поени од реакции
85.290
Или па Тирион друга чаша зема по грешка од масата и му ја даде на Џофри, а била наменета за некој друг o_O
Џофри цело време пиеше од својот кралски пехар со драги камења - поклон од Мејс, предходно дента, за време на доручекот.[DOUBLEPOST=1397482236][/DOUBLEPOST]
Претпоставував дека ова ќе се деси.

Алал ви вера на вие што ги имате читано книгите и издржавте да не го спојлнете, а вие што ги читавте книгите и сте пробале да спојлнете на некој на свадбата Ланистери да ви гостуваат
Ланистери на свадба, видовме, не се нешто опасно. Али Фреј или Болтони, е тоа е веќе свадба.[DOUBLEPOST=1397482337][/DOUBLEPOST]
Таа питата што ја исече не беше за јадење туку за покажување.Нели дадоа кај што пресекол со меч дека има мртви гулаби
Мртви гулаби или не, тоа е свадбена пита, дел од обичаите. За јадење е.[DOUBLEPOST=1397482612][/DOUBLEPOST]Нефер е book-споилер информации да се употребуваат во темава како божемни лични размислувања за тоа кој кого и како убил.
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.765
Поени од реакции
52.741
Цело време чекам некој да пише, ама ништо...
Калиси ја немаше во епизодава :(
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Цело време чекам некој да пише, ама ништо...
Калиси ја немаше во епизодава :(
Прескапа е она за да ја има во секоја епизода, ќе ја има во наредната, па пауза, па пак.....

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.591
Поени од реакции
85.290
Прескапа е она за да ја има во секоја епизода, ќе ја има во наредната, па пауза, па пак.....

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
Ако тоа е решавачкиот фактор за нечие појавување во епизода од AGOT, тогаш и пожелувам да стане најскапа глумица на свет.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Ако тоа е решавачкиот фактор за нечие појавување во епизода од AGOT, тогаш и пожелувам да стане најскапа глумица на свет.
Абе не ѐ Емилија Кларк - актерката скапа, туку нејзината улога, змејови, 10илјади војници, рушење градови..... Сигурно само една сцена со нејзе кошта неколку милиони долари. Вака балансираат за да не пропаднат и гот и хбо

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Ако веруваш во магијата со трите пијавици, тогаш веројатно би го разгледувал учеството на Мелисандра на едно повисоко ниво. Значи, во случај магијата да успева, тоа би била интервенција на едно повисоко кармичко (би рекле) ниво. Роб Старк не можеш да кажеш дека Мел го уби, али ипак неговата и смртта на Џофри се десија, а беа и предвидени во нејзината магија, со која требаше да му докаже на Станис дека вложувањето благородничка крв во магијски експерименти носи резултат.

Но, Балон Грејџој е жив, така да магијата (сега за сега) не е баш до крај уверлива.
Па да држи вода твоето. Сеуште незнам со каков арсенал располога Мелисандре па ме натера да размислувам така. Фала за heads up. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom