Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Фото сесии со некои од ликовите на „Игра на троновите“. Фотките се воглавном од Џофри, Марџори, Денерис, Џон и уште некои ликови од серијалот.
Не претставуваат спојлери, бидејќи се или промотивни фотографии за четвртата сезона, или фотографии од претходните сезони.
 
Фото сесии со некои од ликовите на „Игра на троновите“. Фотките се воглавном од Џофри, Марџори, Денерис, Џон и уште некои ликови од серијалот.
Не претставуваат спојлери, бидејќи се или промотивни фотографии за четвртата сезона, или фотографии од претходните сезони.

А где су слике?
 
Фото сесии со некои од ликовите на „Игра на троновите“. Фотките се воглавном од Џофри, Марџори, Денерис, Џон и уште некои ликови од серијалот.
Не претставуваат спојлери, бидејќи се или промотивни фотографии за четвртата сезона, или фотографии од претходните сезони.
А ако ја раскажам прва епизода споилер ли е?
:vozbud:
 
Ова значи 2 нови сезони, или онаа што сега ќе искочи + 1 повеќе?
Оваа и уште две 5та и 6та. Oваа сеа што ке почне ја нарачаа после емитувањето на првата еп. од 3та сезнона и изглеа исто ке биде и за овие
 
Oчекувам на 8 сезони, за најубаво да се елаборира приказната.
А можно е и да скршнат од патот и побрзо да се заврши.
 
Ма нека тераат и 20 сезони. Ко може една Супернатурал да гледам 9 сезони и пак да ми е интересна, тогаш можам да гледам 20 сезони од ГоТ со ваков квалитет, сценографија и приказна.:)
 
Кога ќе го стигнат GRRM со серијава ќе прават пауза од 1-2 години или ќе одат на варијанта последната книга да биде долгометражен филм. Со ова GRRM ќе си купи време а серијалот ќе добие достојна завршница. Веќе со ефектите потребни од сезона во сезона станува се поскапо за снимање а и кастингот расте.

Мислам дека нема да дозволи читателите кои го направија популарен и бестселер автор да го дознаат крајот во ТВ серија. Барем јас така се надевам!
 
Крајот на серијата е веќе познат и договорен прашање е само во која сезона ќе се случи.

Неможе толкав проект да се препушти на случајот дали еден човек во негови години ќе го служи здравјето
 
Крајот им го кажал само како last resort, за да не се случи како Robert Jordan да почине а серијалот да треба да го допишува друг автор. Целта кон која се стреми е да ги заврши книгите пред серијата да го стигне, дали ќе биде така останува да видиме.
 
Седум сезони ќе бидат. HBO е, обично тука некаде ги завршуваат сериите. D&D од самиот почеток кажуваа дека 80 часа севкупно им е целта.
Во интервјуто за EW од пред 10-тина дена исто така спомнаа 7 сезони. Е сега последната може да биде подолга и поделена на два дела. Како неколку други серии на HBO што направија (The Sopranos), на тој начин ќе избегнат нови договори за актерите, бидејќи за седум сезони имаат повеќето потпишано. Во секој случај ќе си ја остварат целта од околу 80 часа материјал. Или барем приближно до тоа.

Филм да се снима не ми се верува. Тоа само GRRM може да се теши. Ниту пак да има пауза додека да излезе последната книга. Премногу актери се, и сигурно не добиваат доволно плата за да си го дозволат тоа. Особено поради огромното зголемување на популарноста на некои од нив во меѓувреме. Многу подобри понуди ги очекуваат во иднина, salary wise.
Во моментов веќе очигледно е дека серијата попрва ја завршува приказната. И GRRM треба да се помири со тоа. Нека ги остави D&D на раат да си ја завршат серијава, а тој нека ги пишува книгите во темпото кое што му одговара. Поарно да не избрзува. И што би било уште подобро, да напише уште три. Според мене две не се доволно да и се даде достоен крај на севкупната приказна. Не сакам loose ends.
И јас би сакал прво преку книгите да го искусам крајот на приказната, ама треба да бидеме реалистични.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom