Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Најбоље ќе биде, пример сите мислиме Џон Сноу преживеа и покрај што има 3 стрели во него...

И тука следи познатиот цитат... :pos: (морав да го фотошопнам ова.) :pos:

1934741.jpg
 
Јасно, пиратеријата тука си го прави своето. Би можело да има премиера на епизадата во кино, но тука би губела телевизијата.
И без пиратерија не може, влезница е влезница, милиони се продаваат. Можеби ќе дојде време кога ќе се прават серии за прикажување во кино, јас верувам дека ваква серија може да наполни 10 термини за 2 месеци. Замисли која атмосфера би била Red Wedding во полна кино сала :)
 
Да де, за истото зборам. Од моментот кога е заробен, неговото измачување па се до моментот кога во серијата го прифаќа името Reek. Ме читаш 2 години вајда знаеш дека не ставам ниту маскирани спојлери. :)
Теон ништо не прифатил.
Овој го тераше да каже дека се вика така и Теон кажа, за да не јаде ќутек.

(знам дека нема ама ете пример)
Знаеш дека нема да умре од стрелите?
 
Теон ништо не прифатил.
Овој го тераше да каже дека се вика така и Теон кажа, за да не јаде ќутек.


Знаеш дека нема да умре од стрелите?


Знам де, реков онака пример да се случи некад така во иднината. :D
 


А? o_O Само реков како пример, демек сите мислиме дека е некој лик е жив и спасен и наеднаш следна епизода - умре дур го лечат. Заебан е Мартинчо, можда и напишав веќе такво сценарио во книгите...
 
Е ако и Џон Сноу го умрат ќе ја изгубам и последната идеја за развој на серијата :pos:
 
Ае бе не го тупете,неможе да даде човек претпоставка а некој што со глава гарантитрам дека ја има читано книгата да не почне да грака спојлер,спојлер..
 
Најјако ми е што пред неколку минути прочитав дека Мишел Ферли се враќа во Сезона 4, сеуште е шпекулација ама штом се врти муабетот обично за Гејм оф Тронс значи дека не е многу далеку од вистината. Ќе има село весело во новата сезона, само кој ќе чека цела година!
 
Единствено се надевам дека ги има веќе напишано книгите, и дека A Dance with Dragons беше одложена баш поради серијава, и издадена во момент кога би се остварила максимална продажба. Па тоа да биде причина за одложување и на последниве две книги. Ама мала е веројатноста за тоа.

Зошто мислиш дека е мала веројатноста за тоа? Јас баш мислам дека тоа е случајот.
 
Зошто мислиш дека е мала веројатноста за тоа? Јас баш мислам дека тоа е случајот.

Не ми се верува да е толкав интригант стариот (irl :D).
Со оглед на тоа што редовно објавува на интернет кога ја пишува книгата, кога гледа NFL (цело време всушност само тоа прави), кога оди по конвенции, интервјуа. Некако многу малку се посветува на книгата. А и администраторите на westeros.org се луѓе што се блиски до него, што му помагаат при пишувањето, и често кога ќе се појави некој thread за тоа кога всушност ќе излезе во продажба книгата, тие тврдат дека е далеку од завршена. Од една страна може и е сомнително таквото однесување, but I think we are not that lucky.

Може дискусијава е за во темата за книгите, ама мислам дека не на одмет и тука, со оглед на тоа што и те како ќе влијае ова на серијата во понатамошните сезони. Не може да се случи серијата да го заврши дејствието пред книгите, не би го дозволила тоа издавачката куќа, ниту George.
Или пак може да се случи да имаат сосема различни краеви...
 
Знаеш дека нема да умре од стрелите?
Оф, мори мајко...
Моја грешка.

Ја го поставив прашањето во поинаков контекст, а не ми текна дека може и поинаку да се сфати (и тоа баш може да има споилерска конотација, како што и сфатил членот испод, т.е. Ио соно... )

Значи, прашањето беше во контекст:
- Ти знаеш, дека нема да умре од стрелите? односно
- Од кај Ти знаеш дека нема да умре од стрелите? (кога гледаме дека со три го накитија, а и знам дека членот не ги читал книгите)

А многумина веројатно сфатиле:
- Дали знаеш дека нема да умре од стрелите? - што имплицира: прво- дека нема да умре сега од стрелите, а второ дека можда ќе умре од друго нешто...


моја грешка
 
Не ми се верува да е толкав интригант стариот (irl :D).
Со оглед на тоа што редовно објавува на интернет кога ја пишува книгата, кога гледа NFL (цело време всушност само тоа прави), кога оди по конвенции, интервјуа. Некако многу малку се посветува на книгата. А и администраторите на westeros.org се луѓе што се блиски до него, што му помагаат при пишувањето, и често кога ќе се појави некој thread за тоа кога всушност ќе излезе во продажба книгата, тие тврдат дека е далеку од завршена. Од една страна може и е сомнително таквото однесување, but I think we are not that lucky.

Може дискусијава е за во темата за книгите, ама мислам дека не на одмет и тука, со оглед на тоа што и те како ќе влијае ова на серијата во понатамошните сезони. Не може да се случи серијата да го заврши дејствието пред книгите, не би го дозволила тоа издавачката куќа, ниту George.
Или пак може да се случи да имаат сосема различни краеви...

Продуцентите го знаат крајот на серијата бидејќи Џорџ им го кажал уште во прва сезона. Читав интервју со него каде рече дека не може да ги спречи да ја завршат серијата пред да заврши со седмата книга, иако тоа не би му било баш по ќеиф. Не верувам дека ќе дојде до тоа, но и ако дојде, продуцентите сега за сега работата си ја вршат совршено и мислам дека нема простор за паника.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom