Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Да, а Ферус е Jorah Mormont.
images

И Џора ке добие корпа изгледа, како Есма што го батали Тупурковски.

Го убивме форумот со спам :)
 
1. Зашо некој би ја мразел Денерис? :cautious:

2. Како така Тирион го игнорира тоа што некој од (?) неговата фамилија (?) проба да го убие? Си заборави туку така?

3. Може не сте размислувале во таа насока, али, јас мислам дека вистинската моќ на кралот и за што тоа е способен самиот крал не е доловена воопшто. Толку битки се водат и цела серија е околу тој проклет престол, и што кур после? Што ако некој седи на Ајрон Трон?
Шо праи Џофри, си чеша муда и прима ремет од Тирион...
 
1. Пошто е симбол на омраза за сите friend-zone напатени души, и онака, се и оди од рака и веќе и е клише приказната. Можеби и се претерува во критиките, бидејќи редно е на некој лик да му оди и така се од рака холивудски. (ако не ја кврцнат во 1 минута од 1 епизода од 4 сезона, се разбира. -.-)
2. Не го игнорира, туку го слуша советот на Варис да се стрпи, revenge is a dish best served cold. :icon_lol: Ме тера да мислам дека Варис навистина сака Тирион да седни на престолот и навистина ги мисли оние работи кои и ги рече на таа порно глумицата (заборавам како и го викаат ликот).
3. Заврши битката за тронот, поточно акцентирањето на битноста на истиот, иако се вика така серијата. Серијата како што се развива фаќа друг правец, но тронот е секако дел од него. Џофри чеша муда, сите пред него биле јаки играчи и клучни во креирањето на политиките на Вестерос.
 
Шае се вика таа.

Уште нешто:

Ме чуди што тип на човек како Тирион се задоволува само со хенд оф д кинг титула, со оглед на тоа што он е заслужен за смртта на Старкови, мислите ли дека понатака ќе се сврти против Џофри за да седи на престолот?
Се деси ли нешто што би наговестило на ова?
 
Да не мислиш на Тајвин? Бидејќи Тирион не е hand of the king, coin master e или така нешто.
 
Тајвин, да, да.

Па судејќи според неговиот карактер и понашање, му одговара моменталната ситуација. Од една страна ја има моќта, фактички ги влече сите конци и е фактички вистинскиот крал во сенка, а од друга страна нема одговорност, бидејќи кралот е тој што одговара за неуспесите и кралот е тој што треба да биде симнат при евентуален бунт или востание. Баш бидејќи е препаметен и итар свесно се става во сенка на „кралот“ притоа имајќи минимална одговорност а максимална моќ.

Неговата итрина се огледа и од фактот што кога Роберт го правел востанието, чекал до самиот крај на истото и кога согледал дека Роберт ќе го симне Таргериен од престолот, одлучил да се приклучи кон победничката страна, иако уште од пред тоа бил повикуван и од двете страни.
Кукавички, да. Паметно, исто да.
 
Шае се вика таа.

Уште нешто:

Ме чуди што тип на човек како Тирион се задоволува само со хенд оф д кинг титула, со оглед на тоа што он е заслужен за смртта на Старкови, мислите ли дека понатака ќе се сврти против Џофри за да седи на престолот?
Се деси ли нешто што би наговестило на ова?

Тајвин мислиш
 
Тајвин, да, да.

A man who must say "I'm the king", is not true king.

Ти објаснува се реченицата за тоа колку Џофри е крал. Тајвин е моментално првиот човек на Вестерос.
 
Глејте да ги споделите спојлерите, па да ве спојлнам од темава. Да не речете не сум ве предупредила. :нинџ:
 
2. Не го игнорира, туку го слуша советот на Варис да се стрпи, revenge is a dish best served cold. :icon_lol: Ме тера да мислам дека Варис навистина сака Тирион да седни на престолот и навистина ги мисли оние работи кои и ги рече на таа порно глумицата (заборавам како и го викаат ликот).

Мисли си. Варис се договараше со тој што ја чувал Дајнерис во Пентос во првата сезона за да се направи граѓанска војна во Вестерос, за да дојдат Дотраки и да го освојат трофејот. Така ги слушна Арја и му пренесе на Нед, дека се планира граѓанска војна, но не знаеше кој збореше. Тоа некако го заборавиме...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom